Референдум во врска со членството на Обединетото Кралство во ЕУ (Bretxit)

  • Креатор на темата Креатор на темата Ne_sum_ja
  • Време на започнување Време на започнување
100 % си во право, само уште да кажеш поради која причина се трудеа да го убедат мнозинството:
1. За распад на УК
2. За распад на ЕУ
3. Англичаните се глупави немаат поима што прават

Причините се различни за секој. За Борис Џонсон тоа беше политичка амбиција да стане премиер, што сега ќе му се оствари.
 
Нема да е лошо кај нас да напраиме еден референдум за повисоки плати и поголем годишен одмор.

Големи шегаџии сте вие "Шарените", сакате да кажете дека за влез во Османската или ЕУ империјата задолжително се влегувало без референдум, рајата нема право а само месните главатари-вазали, недај боже рајата да сака да излезе од тој "сојуз", тогаш што правиме, само со писмо до султанот и молба до локалниот бег?
 
100 % си во право, само уште да кажеш поради која причина се трудеа да го убедат мнозинството:
1. За распад на УК
2. За распад на ЕУ
3. Англичаните се глупави немаат поима што прават
Може само да си нагаѓаме, но едно е сигурно...Некој или некои што имаат многу пари ги плаќа петте најголеми таблоиди во УК да фабрикува и спинува лаги, ја тера и плаќа кампањата на Борис, Гоув и Фаранж на кои ова им беше обид само за купување на ефтини политички поени за одредени интереси. (И двајцата изгледаат како уплашени деца после ова)
Дали тоа се некои бизнис интереси или пак политички интереси платени од елити од Шкотска, С.Ирска, кралското семејство сега е само во фаза на шпекулација.
Ако се открие кои и зошто плаќал спинувани информации во таблоидите има големи шанси да се знае кој стои зад оваа идеја и дали ова е однапред смислен план или пак нешто што почнало како борба на ега, завршило со лоша проценка.
 
Големи шегаџии сте вие "Шарените", сакате да кажете дека за влез во Османската или ЕУ империјата задолжително се влегувало без референдум, рајата нема право а само месните главатари-вазали, недај боже рајата да сака да излезе од тој "сојуз", тогаш што правиме, само со писмо до султанот и молба до локалниот бег?
дифтар, иди заврши средно прво, после решавај геополитики
 
дифтар, иди заврши средно прво, после решавај геополитики

Не знам дали вие имате диплома од групата отворени универзитети на Сорос, каде што подаруваат титули доктор, магистар, најдобрите можеби и ќе добијат работа во во некој подрум на некое НПО како Трол. Мојата диплома сум ја заработил чесно, знам дека граматиката не ми е нај правилна но за десетлетија зад граница, човек помалку или повеќе го подзаборава правописот.
Тој трол метод ми е многу добро познат, на конкретно прашање реакција со навреда, нека одговорими на прашањето: Дали е нормално без референдум политичарите да решат да влеземе во Османската Империја?
Јас ќе одговорам на твоето: Нема да е лошо кај нас да напраиме еден референдум за повисоки плати и поголем годишен одмор?
По таа тема за повисоки плати може и да може, но зависи од многу фактори, ако немаш пари нема од каде да се зголемат платите, за одморот исто, но ако има пари во државата синдикатите, дури и народот на референдум може да ја намали работната недела на 36 часа, како што беше до пред 2 месеца во Франција, или да го зголемат одморот на 40 дена како што има случаи во ЕУ или да ја зголеми минималната плата.
Многу добро си избрал апсурден пример и правиш споредба со едно нормално право за избор дали да си во сојуз со некого или не.
Нека јас да дадам и друг апсурден пример: Да речеме ти си во брак со некој геј партнер, дали може секоја од страните еднострано по своја воља да го раскине тој сојуз или треба Камерон да донесе такво решение?
 
Последно уредено:
Не знам дали вие имате диплома од групата отворени универзитети на Сорос, каде што подаруваат титули доктор, магистар, најдобрите можеби и ќе добијат работа во во некој подрум на некое НПО како Трол. Мојата диплома сум ја заработил чесно, знам дека граматиката не ми е нај правилна но за десетлетија зад граница, човек помалку или повеќе го подзаборава правописот.
Тој трол метод ми е многу добро познат, на конкретно прашање реакција со навреда, нека одговорими на прашањето: Дали е нормално без референдум политичарите да решат да влеземе во Османската Империја?
Јас ќе одговорам на твоето: Нема да е лошо кај нас да напраиме еден референдум за повисоки плати и поголем годишен одмор?
По таа тема за повисоки плати може и да може, но зависи од многу фактори, ако немаш пари нема од каде да се зголемат платите, за одморот исто. Многу добро си избрал апсурден пример и правиш споредба со едно нормално право за избор дали да си во сојуз со некого или не.
Нека јас да дадам и друг апсурден пример: Да речеме ти си во брак со некој геј партнер, дали може секоја од страните по своја воља да го раскине тој сојуз или треба Камерон да донесе такво решение?
Баче легендо, ти во твојот матрикс не е исклучено и да предаваш логика, вовед во право и политички системи.

Не ти се мешам, само намали со аповите.
 
Европскиот парламент повика Велика Британиja уште днеска или утре да задеjства член 50 за започнуване на преговорите за напуштане.
http://bnr.bg/post/100708917/mnozin...eistvane-na-procedurata-za-brekzit-oshte-dnes[DOUBLEPOST=1467111377][/DOUBLEPOST]Озбарн: UK мора да повиши даноците и да скрати разходите после референдумот.
http://bnr.bg/post/100708813/ozbarn...acite-i-da-sakrati-razhodite-sled-referenduma
 
Последно уредено:
Не сме пичка народ туку тоа е само доказ дека со јака кампања, со ширење на популистички невистини со подршка од најголемите медиуми можеш да убедиш мнозинство од народот да гласа за што било па макар и да е очигледно дека му е на штета.
Ептен го потценваш народот и им придаваш премногу значење на медиумите. Било како било пропагандата работеше во две насоки, и таа за и таа против. Оти ти на пример не потпаѓаш под таа пропаганда? Посебен си нешто?
И да пичка од народ сме и тоа сме го докажале безброј пати досега, тој референдум не е никаков исклучок туку потврда. Се знаеше кои се можните последици од истиот ако помини и ако не помини, но тоа е веќе друга тема.
 
Може само да си нагаѓаме, но едно е сигурно...Некој или некои што имаат многу пари ги плаќа петте најголеми таблоиди во УК да фабрикува и спинува лаги, ја тера и плаќа кампањата на Борис, Гоув и Фаранж на кои ова им беше обид само за купување на ефтини политички поени за одредени интереси. (И двајцата изгледаат како уплашени деца после ова)
Дали тоа се некои бизнис интереси или пак политички интереси платени од елити од Шкотска, С.Ирска, кралското семејство сега е само во фаза на шпекулација.
Ако се открие кои и зошто плаќал спинувани информации во таблоидите има големи шанси да се знае кој стои зад оваа идеја и дали ова е однапред смислен план или пак нешто што почнало како борба на ега, завршило со лоша проценка.

Самиот си сфатил дека големи пари и моќ е вмешана во овој потег а од друга страна викаш па можеби е за џабе :confused:

Тие некои штом имаат многу пари се и многу моќни,сигурно не е се глупи глуп не прави пари. Знаат што прават и однапред прават потези за да дојдат до целта. Да правеле лоши проценки досега ќе ги изгубеле и парите и моќта.

Причините се различни за секој. За Борис Џонсон тоа беше политичка амбиција да стане премиер, што сега ќе му се оствари.

Значи одбираш под 3. Англичаните се глупи и оваа го дозволија само Борис да стане премиер, оти е многу моќен и паметен па се тој ова го стокми :confused: .
Но добро е, до вчера викаше УК ќе се распадне и ќе ја моли ЕУ :D
 
Затоа и го спомнав нашиот референдум, како пример како некогаш народот гласа (или во нашиов случај не гласа) на своја штета без да биде свесен за последиците.
Имавме и пред тоа еден референдум. Што ке кажиш за него. Тогаш правилно одлучивме или?
 
Самиот си сфатил дека големи пари и моќ е вмешана во овој потег а од друга страна викаш па можеби е за џабе :confused:

Тие некои штом имаат многу пари се и многу моќни,сигурно не е се глупи глуп не прави пари. Знаат што прават и однапред прават потези за да дојдат до целта. Да правеле лоши проценки досега ќе ги изгубеле и парите и моќта.



Значи одбираш под 3. Англичаните се глупи и оваа го дозволија само Борис да стане премиер, оти е многу моќен и паметен па се тој ова го стокми :confused: .
Но добро е, до вчера викаше УК ќе се распадне и ќе ја моли ЕУ :D

Кај сум викал дека УК ќе се распадне? Какво распадне мислиш, на пример Шкотска да е независна?
 
Имавме и пред тоа еден референдум. Што ке кажиш за него. Тогаш правилно одлучивме или?

Ако цели 98% гласале за, нема дилема дека е правилна одлука, не може толку луѓе да било во заблуда.
 
Искрено за Британија не ми ама ич гајле за да се помирам или не со тоа што одредени елити со амин на некадарното раководство успеа да изманипулира онолкав број на луѓе со помош на медиуми кои имаат репутација на лесно поткупливи и несериозни.
Овде само констатираме и по малку дискутираме дека обичниот Британец, односно онаа ниска и средна класа која што го изгласа овој референдум со помош на фабрикувани и спинувани информации одбра многу лоша опција.

Од друга страна пак кај нас пошто сум лично засегнат со живеачката тука и морам да ги трпам последиците на владеењето на сегашната елита во последниве неколку години нема да ја почитувам волјата на нарадот макар и 99% би гласале за сегашниов естаблишмент и сите што ќе гласаат за нив би ги сметал за глупави, поткупливи, опортунисти, луѓе без интегритет, амеби.
Мое потполно демократско право да се согласам да давам отпор против партизирана држава и во секој момент да се обидам да го сменам тоа.
Е па замисли само како би поминале Британците ако твојот став преовлада. Би влегле во таква беља што битката за британија би била виц. Но најверојатно тоа нема да се случи оти ако биле како нас нема да се тоа што се денес. Би биле ние. Ајде да видиме шо ке испадни. Ке го следат нашиот пример или се сериозна држава. Инаку твое право е да си се бориш на секој можен начин да ја оспориш желбата на мнозинството но исто така државата преку своите институции има должност таа желба на мнозинството да ја спроведе во дело и да ги казни сите оние кои се обидуваат да ја оспорат желбата на мнозинството, па сега ти види. Ти како и сите останати беше прашан кои се твоите желби, исто како што и британците беа прашани кои се нивните. Се што ке се случи понатаму само го одразува демократсккот капацитет на државата и на народот. За брзо ке видиме на кое рамниште сме ние а на кое се британците и можеби ке извлечиш некоја поука од тоа. Можеби и јас. Ке видиме за брзо. Ние ете како завршивме, ако завршат така и тие тогаш несомнено ти си во право.
 
Она кога пробуваш да влезеш во некое друштво цел живот а они те одјебаваат и одеднаш битна алка од друштвото мења друштво и ти си се тешиш дека не бил у тебе проблемот. Фројд може уште една книга да напише да е жив и да не посматра.

И не, немојте вие поддржувачите на ДПМНЕ да зборите дека сте еуроскептици пошто 10 (десет) пати на избори давате поддршка за партија која кажува дека единствена опција на Македонија е ЕУ и НАТО.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom