Референдум во врска со членството на Обединетото Кралство во ЕУ (Bretxit)

  • Креатор на темата Креатор на темата Ne_sum_ja
  • Време на започнување Време на започнување
Супер држава со население увезено од Блиски Исток, или може за Турците ќе нема веќе визи?
450-500 милиони.
Извини, во САД колко увезени има? Тоа не ги сопира да са супер држава. :)[DOUBLEPOST=1467096746][/DOUBLEPOST]
Нов СССР, не благодарам ! Поголема интеграција и откажување од суверинет ќе доведат до уште поголем неуспех за европските нации. Не можам да разберам зошто така упорно некои се обидуваат да ги уништат националните држави, а такви како тебе само аплаудират отстрани.

-создадане на европска армиja
Кој ќе војува во евентуален конфликт - метросекуалните мажи од западот кои се заинтересирани за мода и козметика? Ако некој мисли дека денешните дегенерирали западноевропски мажи се подготвени да легнат во калните ровови и да ги ризикуваат своите животи во воен конфликт е или луд или многу глуп.

-Заеднички даноци во ЕУ
Не, не и пак не ! Па ова е некоја извртена форма на комунистичка диктатура. Овие прашања треба да се решаваат само од националните парламенти бидејќи се однесуваат директно кон конкурентноста на економијата. Ако има вкупно оданочување тогаш би требало да има и еднакви плати во одделните земји - иста големина на минималната плата.

-Евро за сите држави во ЕУ
Само откако се гласа на референдум од секоја земја ! И без тоа ако денес има референдум за враќање на националната валута во Франција и Италија знаеш каков ќе биде резултатот.
Дааа, нов "СССР", коj дозволува отцепуване, за разлика от стариот СССР. Памтиме уште Будимпешта и Братислава.
Каде виде уништуване на националните држави?
Аха, значи даноците на обштинско ниво и на национално ниво сега са ти извратена форма на комунистичка диктатура?[DOUBLEPOST=1467097009][/DOUBLEPOST]
Тоа е делумно точно, но алтернативата е да ја загубиш државата поради насилно депортирање и населување на маси народ во твојата држава, да го загубиш суверенитетот.
Секој нормален би избрал да живее помалку богато но да си ја запази државата.

Колку до Русија, таму власта можеби е за народот, сегашната да е добра и така сто години да е на власт. Ако Путин слично на Камерон каже да правиме општа држава со Кина еден народ една голема држава, е јасно дека целиот руски народ ќе се влее во кинескиот и ќе исчезне. Тука е таа голема разлика меѓу БРИКС, ШОС, ЕАС и фашистичка ЕУ. Основните начела таму се взаемно згодни односи, без уцени, права на педерите, федерации и конфедерации, не е задолжително да се гласа и разни санкции од притисоци од рајхот.
За народот велиш? Ако беше за народот немаше да гладува не мал дел и да имат епидемиja от ХИВ. Моja другарка,кога стаса преди месец во Софиja не можам да ja запрам да jaде jагоди. Една година jaгода не видела. Месо не можам да ja запрам да jaде. Увезуват им сиво месо от Беларус. Тоа ти зборувам во Москва.
Абе взаемно згодни велиш? Дали си веруваш? Диктатурата от страна на Русиja врз старите членки на СССР. Толкова взаемно згодно е.
 
Последно уредено:
Во неговата држава и натаму ќе се населуваат имигранти во идентичен број како и до сега без разлика што се надвор од ЕУ. И натаму доселувањето на мигрантите што според тебе значи губење на држава ќе постои како закана. Самите политичари кои беа на leave страната го потврдија тоа само се правдаа дека мислеле на поголема контрола. Па таа контрола и до сега ја имаа. Парите што се двале за во ЕУ искочи дека се помалку од тие во кампања односно 350 миљона неделно и плус го сменија мислењето дека тие пари нема да се преусмерат во NHS. Рекоа во кампања дек не им треба еден пазар за сега да викаат дека им треба пристап до тој пазар со редефинирани услови.

Направија страшна поделба во државата или кралството како сакаш кажи го, и тој нормалниот што ти го викаш, многу веројатно ќе остане и без таа држава или кралство во кое се колнел цел живот. Ама во ерата на Ким Кардашијан, зарем некој очекуваше поинаку да биде?

Имигранти се доселуваа затоа што таква беше идеологија, Не само на ЕУ а и пред тоа на британската елита, но после Лисабонскиот договор, правото на слободна работа беше задолжително, може само да се претпостави какво ќе беше законодавството на рајхот после 5-10 години.
Така да, ако се измете таа елита, многу лесно ќе се донесат закони за забрана на работа и заселување на емигранти, ако удриш на патриотизам, ќе се научат одново да работат, британките пак ќе раѓаат свој деца.

Колку до пазарите со Рајхот, Британија увезува и извезува во ЕУ, така да ќе има промена но неможе да ја уценуваат, пошто може да почне да увезува од БРИКС, стресови на пазарот, берзите ќе има, тоа е нормално но до пола година ќе се урамнотежи целиот нов систем.
 
Јас на нити едно место со нити еден коментар не покажав никаква благонаклоност за резултатите од референдумот. Нити им се ситам на Британците нити ги жалам останатите. Разликата помеѓу мене и скоро сите тука е што јас референдумот го сфаќам како завршена работа. Точка, крај. Народот беше прашан и тој си го кажа своето. Неговата одлука е таква каква што е му се допаѓало тоа некому или не. Ни на крај на памет ми падна да си правам тука филмови како резултатот од истиот да се заобиколи или преиначи пошто мене не ми се допаѓал истиот. Очекувам политичарите во В. Британија како демократија до вековна традиција да ја почитуваат одлуката на нивниот народ и да ги спроведат нивните желби во дело најдобро и најбрзо што можат. Ако наместо тоа пробаат на било кој начин да ја заобиколат нивната желба искажана на референдумот тогаш толку од демократијата таму и традицијата што ја граделе со векови. Ако таму помине таква работа како поништување на вољата на граѓаните искажана на референдум тогаш ние со двајстина години демократија и супер сме.
Ти кажа со голема доза на иронија дека ние треба да ги подучиме Британците што е добро, а што лошо за нив.
Ниту спомна нешто за тоа колку е демократски референдумот, ниту за тоа дека народот е во право и кога греши како лицето Б.Ц.
Овде имаме обратна ситуација, сите големи таблоиди фабрикуваа лажни информации по нечија нарачка за да ја оцрнат ЕУ.
 
Ајдее сега референдумот да ти бил недемократски. Го прелагаја народот. Значи чим не испадни онака како што ти и на некој тука очекувавте сигурно има нешто матно,некоја дубара е направена. Тоа можеби врви тука но ако помини и таму тогаш стварно е нешто труло во Данска. Туку јас да ти кажам што е проблемот кај вас. Неможете да се помирите дека има луѓе со друго мислење и дека тие се мнозинство. Тоа ви е непоимливо, вие мора да сте во право и затоа чим не испаднало по ваше нешто мора да нечини. Затоа напишав со доза на иронија тоа што напишав. Никој од вас тука неможе да се помири со резултатот од референдумот и сите смислувавте начин или дававте идеи како тој да се преиначи. Не оди тоа баш така. Неможи и несмее да се преиначи колку тоа да му се допаѓало на британците, тебе, мене или било кој. Тоа е завршена приказна, британските лидери сега треба само да ја спроведат таа желба на народот искажана на референдум. Нема како кај нас лажен бил, наместен, згрешиле ова она. За тоа требало да му ја мислат претходно а не по свадба тапани. Затоа и пак ке напишам ако тамошните лидери на било кој начин пробаат да ја преиначат желбата на граѓаните нека се збогуваат со имиџот на демократија граден со векови и дека ние со двајсет години демократија и супер сме.
 
Кој не не може да се помири со референдумот. Ние сеир тука дојдовме да удираме а не да го спориме резултатот :D
 
Зошто би се гласало на референдум кога политичките партии кои што сме ги избрале да ја водат државата едно од основните цели им е членство во ЕУ и НАТО.

Во Британија дојде до референдум само поради тоа што Камерон се заложи за истиот како изборно ветување оти му требаа гласовите од евроскептиците за да победи на изборите. Ама тој блеф му се удри опасно од глава и сега ќе се случува што ќе се случува.
Значи ако еден дојде до тоа народот нема потреба да се праша пошто тоа било пишано во изборната програма? Значи според тебе таква битна одлука би ја оставил во рацете на некој политичар. А што ако ситуацијата се променила од моментот кога е дадено ветувањето. Гледаме дека таа се менува од ден на ден, тек за четири години којзнае каква би била. Дури ни тогаш не треба да има референдум?[DOUBLEPOST=1467103904][/DOUBLEPOST]
Кој не не може да се помири со референдумот. Ние сеир тука дојдовме да удираме а не да го спориме резултатот :D
Да да важи. Јаки сеирџии, се пукнавме од смеење. Ти посебно од смеење срцев удар ке те манеше кога ги кажаја резултатите. Немој толку сеир да тргаш, лошо ти влијај на здравјето.
 
Последно уредено:
Значи ако еден дојде до тоа народот нема потреба да се праша пошто тоа било пишано во изборната програма? Значи според тебе таква битна одлука би ја оставил во рацете на некој политичар. А што ако ситуацијата се променила од моментот кога е дадено ветувањето. Гледаме дека таа се менува од ден на ден, тек за четири години којзнае каква би била. Дури ни тогаш не треба да има референдум?[DOUBLEPOST=1467103904][/DOUBLEPOST]
Да да важи. Јаки сеирџии, се пукнавме од смеење. Ти посебно од смеење срцев удар ке те манеше кога ги кажаја резултатите. Немој толку сеир да тргаш, лошо ти влијај на здравјето.

Референдум е перење на политичарите од одговорноста. Ако е за тоа да не бираме политичари туку да си одлучуваме секој ден на референдуми дали да се влезе во ЕУ, колку да ни бидат платите, дали земјата е рамна, дали питагорината теорема е точна итн.

А грешиш за моето мислење. Напротив јас мислам дека излегувањето на Британија како најголем кочничар и земја со специјални бенефиции е позитивно за другите земји членки и за понатамошниот напредок на Европската Унија.
 
Значи чим не испадни онака како што ти и на некој тука очекувавте сигурно има нешто матно,некоја дубара е направена.

Да, интересна констатација, уште пред да се објават резултатите, а и денови пред гласањето тука се пишуваше како референдумут ќе бил наместен, гласовите ќе биле украдени за да останат во ЕУ, сето тоа базирано на анкетите кои даваа предност на останувањето

Исто како што референдумот во Шкотска беше наместен, оти не испадна некој како што сакал.

Исто како референдумот за територијалната поделба што беше наместен, оти на граѓаните никој добро не им објасни за што требаше да излезат и за што да гласаат.

И така.
 
Референдум е перење на политичарите од одговорноста. Ако е за тоа да не бираме политичари туку да си одлучуваме секој ден на референдуми дали да се влезе во ЕУ, колку да ни бидат платите, дали земјата е рамна, дали питагорината теорема е точна итн.

А грешиш за моето мислење. Напротив јас мислам дека излегувањето на Британија како најголем кочничар и земја со специјални бенефиции е позитивно за другите земји членки и за понатамошниот напредок на Европската Унија.
Сега немаше во Швајцарија некој таков сличен референдум па ете непомина.[DOUBLEPOST=1467106118][/DOUBLEPOST]
Да, интересна констатација, уште пред да се објават резултатите, а и денови пред гласањето тука се пишуваше како референдумут ќе бил наместен, гласовите ќе биле украдени за да останат во ЕУ, сето тоа базирано на анкетите кои даваа предност на останувањето

Исто како што референдумот во Шкотска беше наместен, оти не испадна некој како што сакал.

Исто како референдумот за територијалната поделба што беше наместен, оти на граѓаните никој добро не им објасни за што требаше да излезат и за што да гласаат.

И така.
За шкотскиот никаде немам коментирано иако на големо излегоја некои работи во врска со легалноста. За територијалната поделба да имаше страшни притисоци но неможам да речам дека беше наместен. Си одлучивме како што си одлучивме и тоа е тоа. Едно е да не ни се допаѓа исходот, друго е да е лажиран. Тоа што сме пичка од народ само дојде до израз на тој референдум.
 
Последно уредено:
Сега немаше во Швајцарија некој таков сличен референдум па ете непомина.[DOUBLEPOST=1467106118][/DOUBLEPOST]
За шкотскиот никаде немам коментирано иако на големо излегоја некои работи во врска со легалноста. За територијалната поделба да имаше страшни притисоци но неможам да речам дека беше наместен. Си одлучивме како што си одлучивме и тоа е тоа. Едно е да не ни се допаѓа исходот, друго е да е лажиран. Тоа што сме пичка од народ само дојде до израз на тој референдум.

Не сме пичка народ туку тоа е само доказ дека со јака кампања, со ширење на популистички невистини со подршка од најголемите медиуми можеш да убедиш мнозинство од народот да гласа за што било па макар и да е очигледно дека му е на штета.
 
Затоа и го спомнав нашиот референдум, како пример како некогаш народот гласа (или во нашиов случај не гласа) на своја штета без да биде свесен за последиците.
 
Ајдее сега референдумот да ти бил недемократски. Го прелагаја народот. Значи чим не испадни онака како што ти и на некој тука очекувавте сигурно има нешто матно,некоја дубара е направена. Тоа можеби врви тука но ако помини и таму тогаш стварно е нешто труло во Данска. Туку јас да ти кажам што е проблемот кај вас. Неможете да се помирите дека има луѓе со друго мислење и дека тие се мнозинство. Тоа ви е непоимливо, вие мора да сте во право и затоа чим не испаднало по ваше нешто мора да нечини. Затоа напишав со доза на иронија тоа што напишав. Никој од вас тука неможе да се помири со резултатот од референдумот и сите смислувавте начин или дававте идеи како тој да се преиначи. Не оди тоа баш така. Неможи и несмее да се преиначи колку тоа да му се допаѓало на британците, тебе, мене или било кој. Тоа е завршена приказна, британските лидери сега треба само да ја спроведат таа желба на народот искажана на референдум. Нема како кај нас лажен бил, наместен, згрешиле ова она. За тоа требало да му ја мислат претходно а не по свадба тапани. Затоа и пак ке напишам ако тамошните лидери на било кој начин пробаат да ја преиначат желбата на граѓаните нека се збогуваат со имиџот на демократија граден со векови и дека ние со двајсет години демократија и супер сме.

Искрено за Британија не ми ама ич гајле за да се помирам или не со тоа што одредени елити со амин на некадарното раководство успеа да изманипулира онолкав број на луѓе со помош на медиуми кои имаат репутација на лесно поткупливи и несериозни.
Овде само констатираме и по малку дискутираме дека обичниот Британец, односно онаа ниска и средна класа која што го изгласа овој референдум со помош на фабрикувани и спинувани информации одбра многу лоша опција.

Од друга страна пак кај нас пошто сум лично засегнат со живеачката тука и морам да ги трпам последиците на владеењето на сегашната елита во последниве неколку години нема да ја почитувам волјата на нарадот макар и 99% би гласале за сегашниов естаблишмент и сите што ќе гласаат за нив би ги сметал за глупави, поткупливи, опортунисти, луѓе без интегритет, амеби.
Мое потполно демократско право да се согласам да давам отпор против партизирана држава и во секој момент да се обидам да го сменам тоа.
 
Денеска Баба Елизабета е на посета на Северна Ирска.
Така да за тоа случајно излегување од ЕУ рајхот, може и да не е толку случајно.
По принцип јас сум на мислење дека никаде не треба да има ропство и империи. Ирскиот и шкотскиот народ треба да имаат своја држава, но во секој случај е подобро да се под Британско ропство отколку ЕУ ропство. Ако продолжи со оваа темпо, за дваесетина години во ЕУ халифатот нема да има народи а една безлична смеса, што всушност е една од целите на доктрината Калерги.
 
Не сме пичка народ туку тоа е само доказ дека со јака кампања, со ширење на популистички невистини со подршка од најголемите медиуми можеш да убедиш мнозинство од народот да гласа за што било па макар и да е очигледно дека му е на штета.

100 % си во право, само уште да кажеш поради која причина се трудеа да го убедат мнозинството:
1. За распад на УК
2. За распад на ЕУ
3. Англичаните се глупави немаат поима што прават
 
Референдум е перење на политичарите од одговорноста. Ако е за тоа да не бираме политичари туку да си одлучуваме секој ден на референдуми дали да се влезе во ЕУ, колку да ни бидат платите, дали земјата е рамна, дали питагорината теорема е точна итн.
Нема да е лошо кај нас да напраиме еден референдум за повисоки плати и поголем годишен одмор.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom