Редовна војска повторно?

  • Креатор на темата Креатор на темата SmokeTooMuch
  • Време на започнување Време на започнување
Вака, во нашиов случај странските војници не се странци туку наши. Ако нашите платени војници немаат морал да се борат, како што во неколку наврати имплицираш како причина за воведување на регрутација, замисли колкав пак ќе биде моралот на регрутите.

Друго, добро знаете дека НАТО и ЕУ одат во пакет. Ако не сте во првото, тешко да премижат горе за да бидете во второто.
Не е тоа работата за нашите платени војници дали ке се борат пожртвувано или не. Туку нивниот број.
Ајде можеби ке лупнам бројка од весник, ама се ми се чини дека се 8000 души.
И сега ајде нека ми објасни некој што попрво со 8000 души.
Нека се навежбани и оружени до заби, едноставно се премалку и тоа е тоа.
И оти мислиш дека моралот на регрутот би бил помал.
Па ако него не го засега соопствениот живот и имот, животот на своите најблиски па и последно нека биде државата тогаш колкав би бил моралот на платеникот кој е платен да се бори.
Од платата??
 
ООООООООО душички :P
Шо се изналутивте ?
Војските оддамна користат животни, уште римјаните то го правеле.
Е јас сега имам информација од внатрешни извори дека во прилепската касарна има 3000 добро обучени примати, кој доброволно се регрутирани во република Конго.
Мислам дека кога почнавте да земате примери од филмови погледнете го филмот планетата на мајмуните, да видите каква војска се тие.
watch
Ни плата ни регрутација. само доволно кикирики и овошје.
Какво лутење, јас само те поканив да дојдеш во Прилеп или се плашиш? Многу си разговорлив тука на форумов, а разбрав нешто си бил помолчалив на последната собиранка.Нема доблест во срцето на кукавицата.
 
Не е тоа работата за нашите платени војници дали ке се борат пожртвувано или не. Туку нивниот број.
Ајде можеби ке лупнам бројка од весник, ама се ми се чини дека се 8000 души.
И сега ајде нека ми објасни некој што попрво со 8000 души.
Нека се навежбани и оружени до заби, едноставно се премалку и тоа е тоа.
И оти мислиш дека моралот на регрутот би бил помал.
Па ако него не го засега соопствениот живот и имот, животот на своите најблиски па и последно нека биде државата тогаш колкав би бил моралот на платеникот кој е платен да се бори.
Од платата??
Мислам дека е можно да се прогласи општа регрутација...и за 3 месеци може да имаш десетици ако не и стотици илјади војници...Ама мислам дека тоа е речиси невозможно сценарио за потреба од толкава воена сила. Инаку 8000 добро вооружени и тренирани војници се доволни за МК услови некој внатрешен конфликт или некоја мисија во странство.
 
Тебе те радуваше коа викаше дека државата ако сака може што сака да ни направи,well истото е и во овој случај.
Ние имаме синдром дека сме најпаметни,кога светот одамна ја има увидено работата.Фатиле со турција споредувате.Посилниот го јаде послабиот,професионално непрофесионално не е битно тоа.Како што Србија го лапна од Сад така и Грузија од Русија.Србија со редовна војска,Грузија со професионална,све е исто само тормозењето на младите е безпотребно.
Да ама мојата држава. Во Нато не сме ни членка.
Видиш има некоја разлика.
И за другото ако одиме по твојата логика само Русија и САД треба да имаат восјка, а ние да не се замараме премногу со тоа.
Силата на армијата се гради спрема непосредните соседи а не спрема светските сили. Од што мака ние да градиме армија која би и парирала на САД или Русија. Која е логиката освем ако не планираме да станиме трета светска сила. И која е логиката да градиме армија по стандарди на нато. Ке ни требаат за во Авганистан или Ирак? Ке ги браниме нашите интереси во Азија и Африка. Нато остај што не сме ни членка на алијансата инсистира на нивен стандард баш ради нашите војници таму, а не дека баш токму нас такви ни требаат. Мала армија која доаѓа на повик, а не армија која треба да го брани територијалниот интегритет и суверенитет на државата.
 
Какво лутење, јас само те поканив да дојдеш во Прилеп или се плашиш? Многу си разговорлив тука на форумов, а разбрав нешто си бил помолчалив на последната собиранка.Нема доблест во срцето на кукавицата.
Оф пиле сега ме наплаши, не одам јас таму каде што по улици слободно се движат не еволуирани примати.
Толку е просто и едноставно, испод чест ми е на улица да се разминам со нив дури и по автопат кога ќе видам некое возило од другата страна со такви таблички да се разминува со мене си велам до каде дотера светов и веков.
А да, богами и ме усрами.(y)
Сепак стојам на ставот дека армија составена од добро идресирани примати е далеку подобра од регуларна војска,се надевам дека ме подржуваш во тој став. Што може еден добро издресиран мајмун да направи за една рака кикирики најдобро увежбаните регрути не можат да го направат тоа ни за три оброка дневно не вклучувајки ја марендата :)
 
Мислам дека е можно да се прогласи општа регрутација...и за 3 месеци може да имаш десетици ако не и стотици илјади војници...Ама мислам дека тоа е речиси невозможно сценарио за потреба од толкава воена сила. Инаку 8000 добро вооружени и тренирани војници се доволни за МК услови некој внатрешен конфликт или некоја мисија во странство.
За првиот болд. Тоа е технички неостварливо како прво од логистичка гледна точка.
За вториот болд.Колку што знам јас за внатрешен конфликт полицијата е задолжена а не армијата, барем така беше ако немаат нешто изменето.
Инаку и да е така е крајно дискутабилно што можат да направат.
 
„Кутрата острига умре за џабе...“

Редовна војска, џабе потрошено време на регрутите и џабе потрошени пари и ресурси на државата.
Тој што сака да биде професионален војник нека си биде. Добро да се обучи и добро да се плати за тоа.
Нема потреба сите млади да поминат било каква обука. Недај боже при повторна војна во МК или ако има воени закани и сл. тие што сакаат да се борат за својата татковина многу брзо ќе совладаат се што им е потребно за да преживеат најдолго што можат.
За ракување со било каква посовремена и пософистицирана опрема, орудие или воено средство ти е потребна подолготрајна обука од три месеци, значи професионалци. За обука на пешадија (топовско месо) доволни се неколку денови да не речам часови.
 
Да беше така, на луѓе како тебе ќе им беше забранет пристап до интернет, па јебига, еве си и те трпиме. Неправда е неправда. А педери имало и ќе има во војска, не постои баш некој филтер да можеш да ги тргнеш на страна. А далеку од тоа дека се таму ради машките. Сите имаме патриотски чувства, само различно ги дефинираме. Некој ете сака преку служба како војник да покаже дека е патриот и сл. Инаку тоа што јас говорев на темата е од друг аспект, и нема потреба да имам искуство за да зборам.

И знам, многу ти е криво што еден педер знае да ракува со оружје подобро од тебе :). Боли од внатре.

Но ајде, нема везе, многу сте ми свилени некако ти и Дивајдерот, нема да ве цитирам веќе, колку и да тропате глупости.

Патем, свиленост и ниски нерви не се одлика на добро поминато квалитетно време и обука во војска. Очигледно си ги прегазивте зборовите и двајцата :)
ama samo vo vojskata ima poseben rod -- POZADINAC :))))),doduse sega gledam nesto nazivot mugo menuvaat , sega se vikalo logistika, ama nema veze sepak toa si e edno isto :)))
--- надополнето: 4 јануари 2013 во 09:39 ---
Не туку скокајте за џабе јас само зборувам дека подобро е да има истренирани војници значи што ќе учат воени техники, ќе бидат обучувани да истраат и во лоши услови, ќе знаат да ракуваат со секаков вид оружје тоа да им е професија.Не ги навредувам тие што биле војска, ама нели е попаметно да постои некаква обука што ќе трае пократко и нема да се троши толку време, а ќе им овозможи на мажите па и на жени на кои тоа им е желба да научат одредени техники за не дај боже?Ама сепак, професионален војник си е професионален војник, обучен да убива и да нема милост.
VIDEOTO TI E MNOGU POGRESNA SPOREDBA, VO SPARTA POSTOELE
--- vojnici
--- nesposobni za vojnici
voopsto nemalo profesionalna ili amaterska vojska
site sposobni mazi imale cel zivot obuka , osven nesposiobnite za toa
--- надополнето: 4 јануари 2013 во 09:53 ---
Кој ти рече, од каде таков заклучок?
А и да е така во врска со Нато, тебе тоа те радва? Те смирува?
На нато единствена грижа му е Македонија, така да немаме потреба ние да се замараме со тоа. Тебе те радува тоа дека воен пакт во кој не сме ни членка, и упорно не одбива да не прими ке му удри на нашите генерали шамари за да не се занесуваат, те радва и тоа дека министерот кој уствари е политичар а не стратег исто вели крцкајте си нема потреба од тоа, а после оди и положува цвеќе каде што си положува.
Сето тоа ве радува и ве смирува само и само да не одите неколку месеци на обука.
Да се работеше за друга држава слатко ке се изнасмеев, ама ова е веќе жално. До толку да се немало ни чувство на припадност нити желба да се биде свој на своето.
tie raboti nikogo ne raduvaat, ama tocni se
--- надополнето: 4 јануари 2013 во 10:00 ---
НАТО ќе им удри шамар, затоа што на часовите по модерна воедна доктрина малку се „изостанале“. Неможе со човечки-бран и народна одбрана воени доктрини да сакате да влезете во НАТО каде што се користат модерни воени доктрини како супериорна воена моќ, нерво-центрична доктрина, супериорна мобилност, ценењето на секој човечки живот, снабдување на сите војници со најдобрата обука и најмодерната опрема којашто НАТО може да си ја дозволи, спрема ставовите на нашите генерали за Советски и Југословенски воени доктрини, кадешто животот на поединецот е само статистика. Ете затоа ќе им плеснат една...
-- ke im plesnat ne od taa pricina sto ti ja kazuvas , tuku od pricina , dokolku nekoj i se obide da nacionalizira nekoja nivna kompanija ,koja vo meguvreme ni ja cica krvta, da nema na sto i kogo da se nadeva za podsrzka na svojata politika , a nasata profesionalna vojska na nato mu e potrebna samo za da si go rastereti svojot bucet, sto tie samite da plakaat za da drzat vojska vo okupiranite drzavi, koga del od toj trosok moze da ni go prefrlat nam ,pa nie od porezite sto gi plakame da plakame del od nivniot trosok, inaku bi ni udarile uste po nekoj samar ,pa i taa ,,profesionalna,, vojska bi se ukinala
 
При случај на немање засолниште, зима, Титов Врв, Голем Кораб, друга заевана планина или еве на Солунска глава:
без шатор, нема дрва за оган (или не смееш да запалиш оган), нема или се штеди на храна, нема вода освен снег да топиш, немаш соодветна облека или се подизмокрила, а треба да преноќиш,. загрееш, за утредетна да дејствуваш или едноставно да ја преживееш ноќта?

Како? Каде тоа се учи? Дома? На гости?

Еве бе, нека каже некој само ова:

во зимо, снег до муда, завеано, имаш (среќа навреме) подигнато шатор, како ќе легнеш да спиеш во вреќата? Ама детално. Оти секоја ситница е важна.

Не мора да одиме по цитираното, еве само последното прашање.

(При)Бидејќи с(ф)ите сте мудоњи, освен тук таму некоја со цициња, а с(ф)е знаете, мора и ова да го знаете.
 
Абре Дивајдер кј си море ти, арен? Ај да ти одгорам едно гајле помалу да имаш. За да се снајдиш коке далдисаш требит ко џа работи да имаш, а и знање. Најпрво нешчо е шо без ѕиври нишчо не прајш. Ама ти си педантен чоек и знам оту и ѕиври и калци имаш стално наврено.
Зато само за снегот требит да ти се кажит дека одгоорот на прашајнето твоје јет да снегот јет изолатор.
 
Дечки не се расфрлајте многу со НАТО стандардите,немаат врска тие со темава тука.​
НАТО стандардите се имплементираат за да овозможат оперативна компатабилност помеѓу армиите на земјите членки. Има еден куп договори за стандардизација,и најчесто се однесуваат на комуникациските системи и процедури,административните процедури, логистиката,третман на заробеници и сл.​
 
Светот на 21.12.2012 го смена мислењето,завладеа љубов,се промени свеста,Македонија ја признаа под уставното име покрај големите сили и соседите,ами и дојденците од Нубиру како центар и светилиште на планетата Земја........мир завладеа до крајот на Светот.
 
Регрутите сосе мајки во касарните
057AB9B30DE1244ABC5D6C6539572690.jpg

Повторно ќе има регрутација и сите млади момчиња ќе одат во војска. Предлогот пак задолжително да се отслужува воен рок силно вознемири многумина во Македонија. Прво, младинава што станува полнолетна се фрли во очај оти, како што велат, некојси таму сака да им го расипе раатот. Второ, и генераливе ги фатила паника: ќе треба да ги прошируваат касарните за да има спални соби и за мајките на регрутите. Да, да. Процената им е дека многу од нивните нови војничиња не можат да бидат ниту какви такви солдати без жените што ги донеле на свет. На искусните воени лица им е јасно дека денешните генерации не е добро да ги буди дежурен војник со силно дерење: станувај војско! Па тие ќе се стресат, исплашат и ќе се скријат под кревет. За да го нема тој контраефект мајките се нужни да ги молат неколкупати и некаде околу пладне со појадок или кафе да ги намамат да ја напуштат постелата.

Потоа, додека синчињата се проѕеваат, тие растрчани да им исчистат чизми, пушки, па дворот, а оние чии деца се дежурни не им бега и рибањето на чучавците од војничките клозети. Ако синот е на стража, мајката клекната во куќарката со калорифер да го грее. Плус и лозинката да си ја повторува за да му ја каже на „љуби га мајка“ кога ќе му дојде смена. Зошто да се мачи детето да ја памети или глупост да направи, па да мора да пука со нежните рачиња.

Не. Не бива ова, ќе изгледаме на циркус, викале некои од генералите. Да се откажеме од идејата. Други, пак, викале: напротив, двојна добивка ќе имаме, ем ќе биде почисто ем поевтино оти мајките и од дома јадење по желба ќе им носат.

- Можеш ли да замислиш голобрадиот да ползи во калта, а мајка му ползејќи до него го пресоблекува во чисто и плус на „Фејсбук“ одговара место него на петстоте пријатели? А? - му довикнал офицерот на другиот што инсистирал на задолжителен воен рок.

- Можам, можам. Барем малку ќе ги зацврстиме оти инаку таков некој разгален утре ќерка ти за жена ќе ја земе, зет ќе ти стане, па ти ќе си ја кршиш главата - му одговорил другиот.

На ова противникот на задолжителниот воен рок се сепнал. И ќерка му е таква, разгалена – „љуби је тата“.

Е, на ова треба да се сепне најголемиот дел од нас родителите во Македонија. Децата ни се разгалени - мекуши. Само слепи при очи или исто така разгалени родители ова нема да го признаат. Помалите деца ни рикаат и ако не им купиш играчка, иако собата им е полна со слични, а поголемите, пак, се лутат и се дерат ако не им дадеш пари за уште едни патики „адидас“, иако има веќе два пара „најк“, кои му се од пред два месеца. А и малите и големите ги одоброволуваме со нови скапи мобилни телефони, компјутери, трчаме да им ги поправаме тројките во петки... Такви се само побогатите? Не, не е така. И во поскромните семејства дете да си намести кревет дома или да отиде на пазар, да помогне при чистење е реткост. Тоа ќе го прават цел живот кога ќе бидат возрасни, велиме ние „добрите“ родители и ги оставаме на раат да си дремнат или бесцелно да зјапаат во телевизор.

А никако да се сетиме дека на човек за да постигне некоја цел, потребни му се, пред с`, самодисциплина и подготвеност за напорно работење. Нема успех без тие две особини. Исто како што нема дисциплина кај разгалена личност.

Ова им е кристално јасно во многу земји. На пример, во Јужна Kореја, држава со брзорастечка економија и со многу светски технолошки брендови. Целото општество почива на дисциплина. За оние малкуте, пак, што ова не им е јасно, вовеле камп за разгалени деца. Седум дена во текот на зимскиот распуст на ниски температури тие практикуваат речиси војнички живот, без компјутерски игри и храна и одмор кога ќе посакаат. Доволен период за едно разгалено дете да поднаучи што е ред, да стане посамостојно и, пред с`, подисциплинирано. За кампот пишуваше дури и британскиот „Дејли мејл“.

Ние ниту кампови организираме, а ниту дома ниту на училиште ги подготвуваме децата за животот што кога ќе бидат возрасни, нема да биде баш милослив како што сме ние родителите.

Затоа, кај баш сега им текнало на некои генерали во АРМ осумнаесетгодишниците да ги повикуваат во касарна. Разгалените ќе кукаат, другите (добро воспитаните, иако малцинство) ќе ги зафркаваат и ете ти екстра-проблем за офицерите. Нека почекаат малку со идејата. Првин да се трансформираме ние родителите и образованието со јасна дистинкција кога на детските желби се кажува „не“, а кога „да“. Kога се пофалува дете, а кога му се укажува на грешките или дури и да се казни. И да се биде добар пример за младите затоа што ако пред нив кукулелекаме и се излежуваме, тогаш тие ќе н` имитираат и ќе мислат дека така треба да биде.

Можеби треба да се направат два кампа. Еден за родители, еден за нивните разгалени деца.
Антонио СПАСЕВ

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CBCA1DF569E12D4295CA6D2AD2A3A860
 
Абре Дивајдер кј си море ти, арен? Ај да ти одгорам едно гајле помалу да имаш. За да се снајдиш коке далдисаш требит ко џа работи да имаш, а и знање. Најпрво нешчо е шо без ѕиври нишчо не прајш. Ама ти си педантен чоек и знам оту и ѕиври и калци имаш стално наврено.
Зато само за снегот требит да ти се кажит дека одгоорот на прашајнето твоје јет да снегот јет изолатор.

Хехехе, знаеф дека некој ќе почне да мамлази.

Ти беше од оние што знаеја се, така?
Гледам, сета светска мудрост си ја исцицал.

И као е изолатор, ќе го употрбиш како? Да ја изолираш голата жица од компјутерот, што несакајќи ти се соголила кога си чепкај или?

А бе дрви другому.
 
Регрутите сосе мајки во касарните
057AB9B30DE1244ABC5D6C6539572690.jpg

Повторно ќе има регрутација и сите млади момчиња ќе одат во војска. Предлогот пак задолжително да се отслужува воен рок силно вознемири многумина во Македонија. Прво, младинава што станува полнолетна се фрли во очај оти, како што велат, некојси таму сака да им го расипе раатот. Второ, и генераливе ги фатила паника: ќе треба да ги прошируваат касарните за да има спални соби и за мајките на регрутите. Да, да. Процената им е дека многу од нивните нови војничиња не можат да бидат ниту какви такви солдати без жените што ги донеле на свет. На искусните воени лица им е јасно дека денешните генерации не е добро да ги буди дежурен војник со силно дерење: станувај војско! Па тие ќе се стресат, исплашат и ќе се скријат под кревет. За да го нема тој контраефект мајките се нужни да ги молат неколкупати и некаде околу пладне со појадок или кафе да ги намамат да ја напуштат постелата.

Потоа, додека синчињата се проѕеваат, тие растрчани да им исчистат чизми, пушки, па дворот, а оние чии деца се дежурни не им бега и рибањето на чучавците од војничките клозети. Ако синот е на стража, мајката клекната во куќарката со калорифер да го грее. Плус и лозинката да си ја повторува за да му ја каже на „љуби га мајка“ кога ќе му дојде смена. Зошто да се мачи детето да ја памети или глупост да направи, па да мора да пука со нежните рачиња.

Не. Не бива ова, ќе изгледаме на циркус, викале некои од генералите. Да се откажеме од идејата. Други, пак, викале: напротив, двојна добивка ќе имаме, ем ќе биде почисто ем поевтино оти мајките и од дома јадење по желба ќе им носат.

- Можеш ли да замислиш голобрадиот да ползи во калта, а мајка му ползејќи до него го пресоблекува во чисто и плус на „Фејсбук“ одговара место него на петстоте пријатели? А? - му довикнал офицерот на другиот што инсистирал на задолжителен воен рок.

- Можам, можам. Барем малку ќе ги зацврстиме оти инаку таков некој разгален утре ќерка ти за жена ќе ја земе, зет ќе ти стане, па ти ќе си ја кршиш главата - му одговорил другиот.

На ова противникот на задолжителниот воен рок се сепнал. И ќерка му е таква, разгалена – „љуби је тата“.

Е, на ова треба да се сепне најголемиот дел од нас родителите во Македонија. Децата ни се разгалени - мекуши. Само слепи при очи или исто така разгалени родители ова нема да го признаат. Помалите деца ни рикаат и ако не им купиш играчка, иако собата им е полна со слични, а поголемите, пак, се лутат и се дерат ако не им дадеш пари за уште едни патики „адидас“, иако има веќе два пара „најк“, кои му се од пред два месеца. А и малите и големите ги одоброволуваме со нови скапи мобилни телефони, компјутери, трчаме да им ги поправаме тројките во петки... Такви се само побогатите? Не, не е така. И во поскромните семејства дете да си намести кревет дома или да отиде на пазар, да помогне при чистење е реткост. Тоа ќе го прават цел живот кога ќе бидат возрасни, велиме ние „добрите“ родители и ги оставаме на раат да си дремнат или бесцелно да зјапаат во телевизор.

А никако да се сетиме дека на човек за да постигне некоја цел, потребни му се, пред с`, самодисциплина и подготвеност за напорно работење. Нема успех без тие две особини. Исто како што нема дисциплина кај разгалена личност.

Ова им е кристално јасно во многу земји. На пример, во Јужна Kореја, држава со брзорастечка економија и со многу светски технолошки брендови. Целото општество почива на дисциплина. За оние малкуте, пак, што ова не им е јасно, вовеле камп за разгалени деца. Седум дена во текот на зимскиот распуст на ниски температури тие практикуваат речиси војнички живот, без компјутерски игри и храна и одмор кога ќе посакаат. Доволен период за едно разгалено дете да поднаучи што е ред, да стане посамостојно и, пред с`, подисциплинирано. За кампот пишуваше дури и британскиот „Дејли мејл“.

Ние ниту кампови организираме, а ниту дома ниту на училиште ги подготвуваме децата за животот што кога ќе бидат возрасни, нема да биде баш милослив како што сме ние родителите.

Затоа, кај баш сега им текнало на некои генерали во АРМ осумнаесетгодишниците да ги повикуваат во касарна. Разгалените ќе кукаат, другите (добро воспитаните, иако малцинство) ќе ги зафркаваат и ете ти екстра-проблем за офицерите. Нека почекаат малку со идејата. Првин да се трансформираме ние родителите и образованието со јасна дистинкција кога на детските желби се кажува „не“, а кога „да“. Kога се пофалува дете, а кога му се укажува на грешките или дури и да се казни. И да се биде добар пример за младите затоа што ако пред нив кукулелекаме и се излежуваме, тогаш тие ќе н` имитираат и ќе мислат дека така треба да биде.

Можеби треба да се направат два кампа. Еден за родители, еден за нивните разгалени деца.
Антонио СПАСЕВ

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CBCA1DF569E12D4295CA6D2AD2A3A860

Очекувањето дека професорите треба да им ги воспитуваат децата,па сега и државата да им ги дисциплинира доведе до ова дереџе.

Деца кои не смеат да си играат на трева дека имало инсекти,на кои ранците им биле тешки па им ги носат родителите до школо,деца кои на прв снег седат дома ( еј како дете на прв снег да си ме дочувал дома со синџири немало шанса),деца кои не знаат да напрват снешко.

.
.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom