Blackout
An emotional retard
- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 1.690
- Поени од реакции
- 451
А кратко и јасно да ни кажиш зошто оправдуваш/не оправдуваш редовна војска ?
Еве јас коа служев имаше околу 30 девојки а бевме околу 700 машки
Иначе колку за инфо без разлика дали беше машко или женско прво имаше регрутација каде што проценуваа дали си или не си способен/а за војска
Кажав понапред ама ај ќе се повторам. Затоа што сметам дека заштита на безбедноста на државата е една од обврските на народот во таа држава. Не е тоа привилегија или работно место. Според мене така треба да биде. Ако имаш држава должен си да се грижиш за неа, затоа што тоа сепак е твоја држава. Друга причина е тоа што сметам дека државата, или поточно владата, недомакински се однесува. Нашите услови не дозволуваат да имаме платена војска. Доколку тие пари се пренаменат би било попрофитабилно, а и би имале повеќе воен кадар. Плус, од друга страна би било добро за денешнава младина да се врати малку на старите вредности. Малку дисциплина и одговорност да се научат не е на одмет, независно од полот. И на крај, не сме ние во НАТО или ЕУ. Ние сме сами на себе а условите, колку и да се обидуваме да ги гледаме реално, неполитички и неусилено, не ни се баш завидни. Повеќе спремен воен кадар, бар мааааалкуцка би значел за нашава државичка.