Па да али чим мажите се задолжени за заштита снабдување ондак ви се укинуваат правата. Ви текнува?
Зашо ондак нема задолжителна војска за жените? И онака веќе мажите мораат сами да готват пошо на модерната домакинка куварот и е пун со броеви на сендвичари/пицерии. Башка баравте рамноправност а сеуште не глеам жени на градилиште.
Па јас гледам и многу мажи што не се на градилиште. Рамноправноста не иде со обрска да работиш на градилиште или во рудник.
И каква врска има биолошката предиспозиција со социјалната рамноправност.
Не правиме муабет тука за радилакен феминизам или за мисандрија. Во основата на рамноправоста е разграничување на односите јавно - приватно. Кај мене или кај тебе дома кој ќе готви, кој ќе ја коси тревата или кој ќе лежи зависи од нас и од нашите пртнери. Ствар на договор.
Социјалните и општествените обврски се друга работа. За жените нема задолжителна војска затоа што не се физички способни колку мажите. Доколку толку им паѓа на мажите тешко што имаат жените немаат задолжителна обврска, ете јас погоре наведов предлог што осигурува рамноправност. Жените ќе имаат обврска да ја покажат и тренираат својата природно дадена предиспозиција. Нега и грижа. И за уште поголема рамноправност, ќе биде дозволено да се заменат овие улоги, како што и е. Доколку жена се докаже способна и желна да служи воен рок, ќе и биде дозволено, доколку маж се докаже неспособен за истото ќе му биде дадена друга, по женска функција.
--- надополнето: 28 април 2012 во 14:04 ---
Какви слатки лицемери знаеме да бидеме. Да примерот на Quo е од друга тема, ама е аналоген на оној што ти го даде, дури и потврден (за некои минати времиња).
Проблемот со симболичниот воен рок е дека тие мамини синчиња после 1-3 месеци ќе се вратат дома, пак ќе се мамини синчиња+ќе се чукаат во гради дека биле војска (курс до душа во тој случај).
И како може да немаме станард за систем кој ја одржува и унапредува благосостојбата во време на мир, а имаме цтандард за систем кој би ја одржувал војската за време на мир. Малку нелогично ми е....
Она за стандардот се однесуваше на моменталната поставеност на работите и тоа како би можело да се организира воениот рок во нашата држава. Ти даде пример за поставеноста на работите во Америка, каде во суштина се е приватно а оние кои служат воен рок се привилигирани. Јас реков дека го немаме тој стандард затоа што кај нас сеуште се е државно. Приватното здравство кошта многу, можат да си го дозволат само 10% од популацијата. Сите приватни услуги чинат многу. Што би се случило кога одеднаш на сите би ни ја одземале привилегијата на користење на државните услуги? Затоа наместо да се менува од корен системот, што во секој случај не е возможно во ниедна држава тоа да се случи нагло, туку се одвива постепено, јас ја прифатив и изнесов идеата која што предвидува малку да се изменат работите. А таа идеја, доколку некој не ја прочитал, беше да се укинат некои државни привилегии за оние кои не сакаат да служат воен рок. Значи сепак нема да биде задолжително во права смисла на зборот, како што било порано кога од дома те земале за да служиш воен рок, туку само ќе мораш да бираш. Доколку сакаш да имаш обезбедено државно здравство, социјални услуги, работа во државна адмистрација и државна пензија (или поедини од овие услуги) тогаш ќе отслужиш воен рок. Државата бара - државата дава. Многу едноставно и практично. Сепак имаш право на избор. Ако сметаш дека подобро би функционирал без овие привилегии, тогаш никој нема да те чепне. Ем војската обезбедена ем државата растеретена.
Јас пишав дека го сфатив примерот на Status quo, и сметам дека реплицирав соодветно. Само што примерот беше крајно шовинистички и доколку го разглобуваме, многу неоснован. Суштината е она што мажите имаат некоја државна обврска а жените не. Затоа и пишав, правилно е и жените да имаат слична обврска која соодветствува на нивните можности. Но доколку отидеме подалеку, и жените имаат таква обврска со бременоста. Месеци во кои се онеспособени да учествуваат рамноправно во општеството, со слични услови како што ги споменав погоре.