Токму така, карактерот и дисциплината и кај машките и кај женските се градат со две основни работи, кои најмногу ќе ти требаат во животот, а тоа се образованието и работата ........... од куршуми и цевки не се живее, туку напротив повеќе се умира(недај боже) !
Македонија е територијално мала земја и доволни се според мене околу десетина илјади добро обучени и фул опремени(по НАТО стандарди) војници и ништо повеќе, во повеќето земји од НАТО не постои служење на воен рок(освен во Турција, Грција...). Еве на пр. Словенија има исто жители како и ние, а и по територија е слична(сосема малку помала) и има редовна платена армија од 5-6 илјади војници, Хрватска која е дупло поголема од нас и има дупло повеќе жители во моментов дали има и 20 илјади редовна армија, Српската армија пак од некогашните 150 000 војници, моментално е сведена на 30-40 илјади војници, исто и Бугарската армија од некогашните 100 000 војници моментално има една третина од нив и.т.н. и.т.н.
Трендовите се намалување на армиите, подобро е да имаш помалку војници, но да се редовни, платени, добро обучени и опремени, отколку да имаш огромна армија, а да незнаат ни камења да фрлаат, а не пак да пукаат со огнено оружје, ниту пак да имаат здрави чорапи да облечат !
Според НАТО стандардите земја со 2 милиона житела треба да има некаде околу 5-8 илјади квалитетна, редовна и платена војска и далеку побитни се опременоста и обученоста, отколку бројноста(квантитетот) !