Редовна војска повторно?

  • Креатор на темата Креатор на темата SmokeTooMuch
  • Време на започнување Време на започнување
Можеш да идеш во артилерија,тенкиста,да бидеш возач,пилот или пак за извидница.

И пак. За сето тоа е потребно физичка спремност. Во армија не можеш без физичката подготовка. Доколку ми дадат работа која не ги надминува моите физички способности, секако дека би ја прифатила. Тоа значи дека јас цело време ќе вршам некаква интелектуална или механичка работа, без да бидам физички оптоварувана. За таква функција во војска не сум слушнала. Можеме да се натегаме до утре и назад, ова не држи вода. Доколку не била потребна физичка спремност зошто има миљон тестови физички и медицински кои ти се потребни да влезеш во војска.
--- надополнето: 28 април 2012 во 15:10 ---
Обично послабите/потенките ги ставаат во извидница, курирство, шпионажа, разузнавање, брз напад/блицкриг ... :D

Тој што е 2 на 2(читај ко теле) ќе го стават да носи/влече товар и да дига тешко, тој што е клинец(низок) или пак долго стапче од 40/50/60кг ќе треба повеќе да трча, тоа е тоа, на секому спрема потребите, а и можностите ! :X3::ROFLMAO:

А каде ги праќаат оние кои се метроипол и 40 кг.
Да знам каде да си го барам местото под сонцето.
 
И пак. За сето тоа е потребно физичка спремност. Во армија не можеш без физичката подготовка. Доколку ми дадат работа која не ги надминува моите физички способности, секако дека би ја прифатила. Тоа значи дека јас цело време ќе вршам некаква интелектуална или механичка работа, без да бидам физички оптоварувана. За таква функција во војска не сум слушнала. Можеме да се натегаме до утре и назад, ова не држи вода. Доколку не била потребна физичка спремност зошто има миљон тестови физички и медицински кои ти се потребни да влезеш во војска.
Чекај зборуваш за војска и доброволно прифаќање на работа?Бараат од тебе да си предходно физички спремен?Нема таква работа, 5% не те шљиват, има да го направиш тоа што го бараат од тебе, ќе се снајдеш, во војска си.Точно е дека бараат одреден минимум, но освен некои приметливи физички и психички инвалиди, никој не е одбиен.
И на твоите 1.5м/40 кг ќе им го најдат местото. Да напоменам, почетната обука во родот за сте е иста.
Повторно, самите граѓани. Идејата не вклучува укинување на даноците и апсолутно бесплатни услуги. Ама ете подолу ја исклучивме оваа идеја како малку порадикална и се наведоа други услови. А треба да се земат во предвид и средставта што одат за финансирање на платената војска.
Вака излегува од данокот може да се издвојува за неколку-месечна обука на поголем број војничиња со несигурен исход и однесување во воени услови и платена војска со теренска обука и спремност. Мислам дека не е потребо да се коментира повеќе од ова.
 
Чекај зборуваш за војска и доброволно прифаќање на работа?Бараат од тебе да си предходно физички спремен?Нема таква работа, 5% не те шљиват, има да го направиш тоа што го бараат од тебе, ќе се снајдеш, во војска си.Точно е дека бараат одреден минимум, но освен некои приметливи физички и психички инвалиди, никој не е одбиен.
И на твоите 1.5м/40 кг ќе им го најдат местото. Да напоменам, почетната обука во родот за сте е иста.

Се согласувам. Ќе ми го најдат ако мораат. Ама јас таму ќе направам повеќе штета отколку корист. Никој не може да оди над својот капацитет. Затоа жените не оделе во војска. И затоа пишав дека жените за да одат во војска треба да се докажат дека се способни за тоа, а мажите за да не одат треба да се докажат дека се неспособни. Тоа што биолошки сте повисоки, посилни, имате поголема мускулна маса ви ја доделило таа обврска. Биологија е. Зошто воопшто се инаетиме околу тоа не ми е јасно. Ако некој не е задоволен со своите биолошки предиспозиции, може слободно да ги смени. Па 21 век сме, промена на пол не е ништо ново.
 
Одлично, а жените се за во кујна и следствено можеш да одиш да ни направиш по еден сендвич?Сериозно?
Жените не служеле војска бидејќи во едно патријархално општество мажите не им дозволувале.
Јованка Орлеанка, те молам не ме терај да набројувам уште,Mkey?
 
И пак. За сето тоа е потребно физичка спремност. Во армија не можеш без физичката подготовка. Доколку ми дадат работа која не ги надминува моите физички способности, секако дека би ја прифатила. Тоа значи дека јас цело време ќе вршам некаква интелектуална или механичка работа, без да бидам физички оптоварувана. За таква функција во војска не сум слушнала. Можеме да се натегаме до утре и назад, ова не држи вода. Доколку не била потребна физичка спремност зошто има миљон тестови физички и медицински кои ти се потребни да влезеш во војска.

Значи ти набројав што можеш да правиш али ти си сакаш да ја тераш твојата приказна.

Тоа што си мала е само плус за тенкиста и пилот каде што и се бараат што е можно помали луѓе.
 
А каде ги праќаат оние кои се метроипол и 40 кг.
Да знам каде да си го барам местото под сонцето.

Ти ќе идеш во диверзантска единица, бидејќи си малечка/ситна и потешко приметлива, ќе ставаш мини, ќе правиш диверзии на мостови, пруги, централи и сл.:D
Или пак нешто во курирство или телекомуникации ;)
Телињата за товар, а клинчињата за трчање ......... :icon_mrgr:
 
2006. беше укинат воениот рок. Која е разликата меѓу “младината“ од далечната 2006. и оваа сега?
А какви мажишта се тие кои служеле во ЈНА доволно зборува тоа што молчат и се тресат пред рандом газда и трпат за 150-200 евра месечно...самураишта бе...:icon_lol:
 
Ќе се сложам со овој твој пост, бидејќи факт е дека одењето во војска т.е. отслужувањето на воениот рок е 70% тотално изгубено време, без разлика дали станува збор за бившата ЈНА или АРМ ............ знам бидејќи мој другар малку постар од мене беше неколку месеци во војска некаде 2003 или 2004 така нешто, отиде во војска шланк, а се врати како теле, по самиот негов изглед може да се примети што правеле толку месеци во касарна, а тоа е јадење, кркање, лапање, пиење и спиење ......... а активности и вежби, му се гледа по ме’от колку биле активни таму толку месеци, а што се однесува до дисциплината нема врска, се си зависи од човекот, дисциплина се стекнува и по дома и на улица и во школо и на работа, не се стекнува исклучиво само во некоја руинирана касарна чистејќи клозети, подови, плочки и пиење пиво по војничките мензи/кантини !
Инаку воениот рок беше укинат во 2005 год. од страна на владата на тогашниот премиер Бучковски !
 
Значи ти набројав што можеш да правиш али ти си сакаш да ја тераш твојата приказна.

Тоа што си мала е само плус за тенкиста и пилот каде што и се бараат што е можно помали луѓе.
Можда не сум се објаснила доволно. Мене ќе ме стават дирекно во тенк/авион или ќе треба физички да се докажам и покажам пред тоа?
--- надополнето: 28 април 2012 во 17:23 ---
Одлично, а жените се за во кујна и следствено можеш да одиш да ни направиш по еден сендвич?Сериозно?
Жените не служеле војска бидејќи во едно патријархално општество мажите не им дозволувале.
Јованка Орлеанка, те молам не ме терај да набројувам уште,Mkey?

И нема да ми набројуваш уште, затоа што немало. Имало во 10 000 жени една. Жените биле медицински сестри и ги лечеле ранетите. Затоа јас и реков дека соодветно на воениот рок жените може да посетуваат некаква обука за таква или слична работа што е соодветна на нивната биолошка предиспозиција. Не реков сендвичи да прават. Ама се оди со глава во ѕид.
Ќе има и жени кои ќе сакаат да испаднат во први борбени редови, ама тие ќе се докажат дека се способни и ќе им биде овозможено тоа (затоа што не сме патријархани како во минатото нели).
 
Можда не сум се објаснила доволно. Мене ќе ме стават дирекно во тенк/авион или ќе треба физички да се докажам и покажам пред тоа?
Се зависи од твојата физичка и психичка подготвеност. На мое време тој што беше задолжен за регрутирање одлучуваше дали ќе си врскар,пешадија или гарда. Нормално дека може сам да си побараш што сакаш да си во армијата па нивно е дали ќе ти одобрат
 
И нема да ми набројуваш уште, затоа што немало. Имало во 10 000 жени една. Жените биле медицински сестри и ги лечеле ранетите. Затоа јас и реков дека соодветно на воениот рок жените може да посетуваат некаква обука за таква или слична работа што е соодветна на нивната биолошка предиспозиција. Не реков сендвичи да прават. Ама се оди со глава во ѕид.
Ќе има и жени кои ќе сакаат да испаднат во први борбени редови, ама тие ќе се докажат дека се способни и ќе им биде овозможено тоа (затоа што не сме патријархани како во минатото нели).
Дека ги немало во борба или на активна командна позиција не е точно.Дека генерално биле медицински сестри, е точно, ама тоа е било така поради подреденоста на жената. Кажа да не набројувам, ама за да не ми падне тезава во вода ќе морам.За да ни биде полесно ќе направиме вака. Само дел од жени забележани и потврдени од историјата.
И пак конкретно за тебе, ако се пријавиш или дојде време нема да те одбијат, лесно е да се најде место за секој во војска, ама пак не е секој што ги исполнува условите е за таму, затоа сум против редовната војска.
 
Јасно. Сфаќам и се согласувам дека имало и има доста жени кои придонеле и можат да придонесат во војска. Но не се мнозинство. И тоа е против женската природа. Сега зборувам чисто од биолошки аспект, не вклучувам други фактори. Жените, прво коституционално а потоа хормонски не се програмирани така. Социјалниот аспект доаѓа потоа и тој ги детерминира работите.
Мене конкретно ќе ме одбијат затоа што и сега во доброволнава колку што знам услов е да имаш над 50 кг (ме одбија кога отидов крв да давам а не па за ова) .

Само што темава целосно забега. Зошто се фативме за тоа дали жени да одат во војска? Тоа не прави баш некаква разлика. Јас, после коментарот на Статус кво не видов аргумнти за или против редовна војска туку само расправии за жените и нивното неодење во војска. Изгледа моето мислење дека треба да се служи воен рок се оправда со фактот дека сум женско и се занемари основната цел на темава. Ајде for the sake of the argument да речеме дека ќе биде задолжително и за жени. Што тогаш? Сепак ќе одат и мажите. Дали ќе се реши со тоа проблемот? И дали единствена причина поради која имаше мислења против редовен воен рок е тоа што жените не се вклучени во пакетот?
 
Редовната војска беше укината заради НАТО стандарди а не заради запоставување на жените од војска

Никој не ви одзеде право да служите војска , ни пред 10 години ни сега но сепак има некои стандарди кои треба да се исполнат и за девојки и за момци
 
Не реков јас дека е одземено тоа право. Треба да свртиш неколку страни наназад за да видиш како иде муабетот. И доста е веќе за жените и нивните права и обврски, и феминизам и шовинизам и дрн дрн јариња. Темава е за редовна војска, моето мислење е за, без разлика кои полови, родови и видови ги вклучува.
 
А кратко и јасно да ни кажиш зошто оправдуваш/не оправдуваш редовна војска ?

Еве јас коа служев имаше околу 30 девојки а бевме околу 700 машки

Иначе колку за инфо без разлика дали беше машко или женско прво имаше регрутација каде што проценуваа дали си или не си способен/а за војска
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom