А сепак ги читаш и твоето драгоцено време го трошиш на нив. Потоа размислуваш што сум напишал и враќаш на нив. Значи дека сепак ми обрнуваш внимание. Ти и понатаму имај го животот како учител и книгите како водачи, но пред се не ги гази другите. Твоите ставови се твоја работа и никој не ти се меша во нив се додека не ги загрозуваш останатите. Твоето право да се труеш е само твое право и никој не ти го одзема, иако самоубиството е најголем грев. Сепак незнам колкав верник си, а пушењето е дефинитивно самоубиство. И друга работа, НИКОЈ не ти дава право да ги труеш другите. Тоа е само негрижа за загрозените, во случајов непушачите. и уште еднаш ќе речам, ТВОЈАТА НИКОТИНСКА ЗАВИСНОСТ ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ НЕ Е ПОБИТНА ОД МОЕТО ЗДРАВЈЕ! Зарем непушачите не се потиснати и дискриминирани од страна на пушачите, како што беше случај до сега.
Секое добро и добра ноќ.