Разликата во години

  • Креатор на темата Креатор на темата sweet chick
  • Време на започнување Време на започнување
Веројатно ќе бидам способен да фатам некоја на мои години, а не да лечам фрустрации, заведуваќи наивни едвај полнолетни девојчиња:)
Според твојот профил: Фитнес и Бодибилдинг имаш не повеќе од 22 години, натвои години и јас размислував така, сега е малку поинаку.

Имам другарки и другари кои се исженија и испомажија со партнери помали од нив и по 10 години, па живеат многу подобро од оние кои се на иста возраст, барем јас никогаш не сум ги видел да се скараат и слично, е ова иди и на нив кажи им го да видиш што ќе ти одговорат.

Љубовта не познава граници мали.
 
Веројатно ќе бидам способен да фатам некоја на мои години, а не да лечам фрустрации, заведуваќи наивни едвај полнолетни девојчиња:)

Ах дете, дете...

Ако имаш 30+ години не треба многу способност да фатиш девојка на твоја возраст.
Треба способност да фатиш десеттина години помала...

:)

Не разбираш сега, но ќе ти се каже самото кога ќе дојде време. Што се однесува до фрустрациите, јас би рекол дека ти си во моментов исфрустиран затоа што некој со 30+ фаќа девојки за кои ти мислиш дека некако ти припаѓаат.

;)
 
Веројатно ќе бидам способен да фатам некоја на мои години, а не да лечам фрустрации, заведуваќи наивни едвај полнолетни девојчиња:)

Еј! Немој ти многу многу за едвај полнолетни девојчиња!
 
Мене ми беше омилен делот кај 4:36-4:38, хе, хе...:P

Хеј, а можда во темава не се збори за волку голема разлика?

Како и да е, годините се состојба на умот...или пак не? Хе, хе, хе!

:cool:
 
Разлика во години

Ситуација 1 - девојката има 17, дечкото има 27, во овој случај имаме и те како големо влијание на годините во врската. 17 години се премалку за да се спојат со искуството од 27 години. Според мене, без разлика колку девојката ќе се труди и мисли дека се вклопува во таа врска, без разлика колку е зрела, таа може да му биде само еден буквар за прво одделение на дечкото. На личност од 27 години му треба стабилност, а тешко дека девојка која има 17, која тек почнала да ја осознава реалноста, може да му понуди стабилност,
Во текот на животот се случуваат различни работи со кои различно ќе се справуваат и двајцата, и доколку тие неможат да си ги синхронизираат своите размислувања и потреби, тоа е КРАЈ

Ситуација 2 - девојката 27, дечкото 37 , тука веќе е нешто друго, сосема поинаква ситуација, кога веќе двајца луѓе, знаат што сакаат, доволно зрели за да имаат осет за сродна душа, свои заеднички интереси, со веќе оформени ставови дека ‘‘се што лета не се јаде‘‘, во тој случај можеме да кажеме дека годините нема да имаат влијание врз врската, во тој случај можеме да зборуваме за искрена и чиста љубов, меѓусебно разбирање, зрелост и желба за успех.

П.С..во секој случај кога има љубов, тогаш срцето не се прашува:pipi:
 
Ако личноста од 27 год бара стабилност и сигурност тогаш зашто ја избрал таа од 17 која не доволно е созреана и сеуште е дете на која интересни и се некој други работи него ли сериозноста.Овде во овој случај ќе губи само нерви да проба да ја научи на она што тој мисли дека е во ред и никогаш нема да му успее.Не е проблемот само кај неа туку и кај тој што ја избрал ;)
Втората ситуација ти е полн погодок и се согласувам со тебе веќе и двајцата имаат животно искуство и поминале низ некој работи и полесно ќе биде да опстојат.
 
Разлика во години
Ситуација 3: Дечкото нека има ајде 20 години, девојката 28, а тогаш ?
Не вели не е можно, зашто вчера до мене стоеше ваков пар. И се зачудив.Ептен.
 
Ситуација 3: Дечкото нека има ајде 20 години, девојката 28, а тогаш ?
Не вели не е можно, зашто вчера до мене стоеше ваков пар. И се зачудив.Ептен.

Јас никаде не споменав дека не е можно.
Можно е се, зборував за перспективата:)
 
Ситуација 3: Дечкото нека има ајде 20 години, девојката 28, а тогаш ?
Не вели не е можно, зашто вчера до мене стоеше ваков пар. И се зачудив.Ептен.

Не гледам што има чудно во тоа.Како што има врски постаро машко-помладо женско така и обратно.
 
Јас никаде не споменав дека не е можно.
Можно е се, зборував за перспективата:)
Па ме интересираше твојто мислење за ова.
Нели во твојот пример девојка од 27 години знае што сака, сака стабилност.
Оваа имаше 28-29 а дечкото е 2 години помал од мене =20 години.
 
Дали се слага некој со мене дека разликата во неколку средношколски години е огромна, а факултетски е многу мала?
 
Дали се слага некој со мене дека разликата во неколку средношколски години е огромна, а факултетски е многу мала?
Не... Освен прва и четврта година комбинација, тоа веќе не иде некако..
 
Па ме интересираше твојто мислење за ова.
Нели во твојот пример девојка од 27 години знае што сака, сака стабилност.
Оваа имаше 28-29 а дечкото е 2 години помал од мене =20 години.

Се е индивидуално,,,годините воопшто влијаат на секое поле од животот, па и во љубовта, момче од 20 години моментално мисли дека сака некоја најмногу на свет, за да на 25 години веќе е свесен дека тоа било само еден минлив период и некое си искуство кое го научило дека љубовта е многу повеќе од некој да те држи за рака и да ти симнува звезди,,,,
Како што созрева човекот, така созрева и љубовта.
Мојот став, девојка 28, дечко 20 = на пропала инвестиција, губење време и нерви, минлива врска ништо повеќе,
 
Еве вака:
-Кога имав 15 години се смував со девојка од 25 години:)
-Кога имав 21 година сакав да имам некоја врсничка од 18-20 ама тоа ми беше период поминат без девојка:(
-Кога имав 25 години имав девојка од 23 години
-Кога имав 27 години имав девојка од 21 година
-Сега кога имам 29 години имам девојка од 20 години и решив да ставам крај на потрагата и да ја земам за жена зашто се уплашив дека како годините ми одминуваат ќе налетувам на помали и помали девојки и ми е страв да не ја надминам границата 18+ :pos:
 
-Кога имав 15 години се смував со девојка од 25 години:)
znachi sega taa ima 40 godini :D
-Сега кога имам 29 години имам девојка од 20 години и решив да ставам крај на потрагата и да ја земам за жена
ej deki a kako ke ja zemesh e neli treba prvo da ja prashas dali ona ke te zeme :pipi:
hihihi
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom