Раскинување или не? Ако замине на одредено време (5-6 месеци)

  • Креатор на темата Креатор на темата Nikola-
  • Време на започнување Време на започнување
Па што тогаш не се жртвувала до крај и не го жртвувала и одењето во странство во име на љубовта а?
Или тоа не се рачуна?

Тоа одење во странство беше по лично мое убедување, животна шанса која нема да му наштети на никој од нас двајцата, а ке се добие многу, да речеме стручно-службено..

--- надополнето ---

А тие што не подпаѓаат на искушенија се само на ганџа? Нели?

Веќе одиме офтопик,

инаку во тоа и е разликата!!!:smir:
 
Не е важно дали ке дознае женската, се работи за принципи совесност, прво јас несакам да го направам тоа, како би ја погледанл во очи личноста која најмногу ја сакам и ја почитувам после такво нешто? кажав дека сум во врска веќе 4 години, совршена врска баш онаква каква што сум посакувал одсекогаш, со нејзе го поминавам најубавиот дел од животот, не сакам да ја прокоцкам, сум жртвувал многу за неа, исто и таа за мене, и цела доверба градена со години ке да се сруши како кула од карти за едно ебање или пушење...НЕ:nenene:
Не се доведувам до ситуација, искушение какво што опиша, животна шанса е мојата партнерка, само таа може да ме здрви! :)

Шо ти се вика интегритет. Браво брат рака ти пуштам.

Јас незнам шо чекаш уште, клавај му прстен на рака.
 
Тоа одење во странство беше по лично мое убедување, животна шанса која нема да му наштети на никој од нас двајцата, а ке се добие многу, да речеме стручно-службено..

--- надополнето ---

Веќе одиме офтопик,

инаку во тоа и е разликата!!!:smir:

Па ти прв почна со офтопикот јас само ти одговорив.
Иначе зошто не гледаме од друга страна, кога некој е далеку од тебе свашта можат да се случат, и тоа за доволно краток период. Па јас зборам лично не би го земал тој ризик ако таа ми значи се, и овде може да се стекне стручно-службено искуство, бачка и ќе бидеш со тој/таа што ја сакаш нели?
 
Нели? :) хипотетичи оние кои лесно потпаѓат под искушенија најчесто завршуваат во затвор или на веНа!! или го бркаат змејот, зарем тоа не е исто?
не бе секој си има слабости еве на мене ми се жените (како на сите машки ок на гејовите не) и коцката може да се каже што одма на вена ме однесе мрдни се од место )))):smir: отидов
 
Ти знаеш два, јас знам десет кои што не успеале или официјално имаат врска , но исто како да ја немаат. Во однос на твоите примерите кои ги наведе не можеш да гарантираш дали некој од нив изневерил или не во текот на периодот кога биле разделени, како што не можеш да тврдиш и сега исто дали се вараат или не. Ако една врска се заврши со брак или со хепи енд не значи дека истата е функционална и среќна до крајот од животот. Ако беше така тогаш секој втор брак ќе цветаше од љубов и разбирање.

Тој што ќе те изневери ако не си до него ќе те изневери и ако си со него при прва прилика, дали ќе изневериш не е само дали си во врска туку и твојот став спрема животот е битен. Тој што не е способен да биде моногамен (во убава врска) нека не влегува во моногамија туку нека им каже на партнерите, јас сум полигамен, сакам со повеќе.

Впрочем немаш гаранција дека врската ќе успее ни ако се двајцата физички заедно баш ради тоа дека најголем број парови не се компатибилни еден со друг туку се заедно за да не бидат сами и затоа што никогаш не виделе подобро. Ако никогаш не си ја доживеала вистинската љубов како ќе знаеш како би реагирала?

Тој за кој сметаш дека може да ти биде животен сопатник или дека е твојата вистинска љубов нема да го изневериш или оставиш за 6 месеци.

Впрочем замисли партнерот да ти доживее несреќа и 6 месеци да е во болница неподвижен а многу се сакате. Нема да имаш секс, нема гушкања па нема ни да му збориш за твои проблеми затоа што има он негови додека се опоравува.

Ќе му раскинеш ли и ќе си најдеш друг за тоа време?
 
И ко ќе видиш мажи се цитираат едни со други, еден вика никад нема да изневерам (пиповски секоја чест најсериозно, на иста страна сме), другиве со прекрасни примери го провоцираат дали би ова или она? Издржал? Да издржал. Значи секој може.
Абе ова е плагијат време, се глуми љубов. Затоа врските не успеваат, уште помалку оние на далечина, луѓево сакаат да добијат се наеднаш, да не страдаат , сите потреби да им се задоволени, не дај боже да ги оставиш. Адиос.
Јас стојам на ставот дека ако е асална врска, ако луѓето се океј, ќе издржи врската.
Јас лично немам проблем со далечина и време. Премала жртва ми се за човек кој ја заслужува таа жртва.
 
Тој што ќе те изневери ако не си до него ќе те изневери и ако си со него при прва прилика, дали ќе изневериш не е само дали си во врска туку и твојот став спрема животот е битен. Тој што не е способен да биде моногамен (во убава врска) нека не влегува во моногамија туку нека им каже на партнерите, јас сум полигамен, сакам со повеќе.

Впрочем немаш гаранција дека врската ќе успее ни ако се двајцата физички заедно баш ради тоа дека најголем број парови не се компатибилни еден со друг туку се заедно за да не бидат сами и затоа што никогаш не виделе подобро. Ако никогаш не си ја доживеала вистинската љубов како ќе знаеш како би реагирала?

Тој за кој сметаш дека може да ти биде животен сопатник или дека е твојата вистинска љубов нема да го изневериш или оставиш за 6 месеци.

Впрочем замисли партнерот да ти доживее несреќа и 6 месеци да е во болница неподвижен а многу се сакате. Нема да имаш секс, нема гушкања па нема ни да му збориш за твои проблеми затоа што има он негови додека се опоравува.

Ќе му раскинеш ли и ќе си најдеш друг за тоа време?

Споредбава нема смисла, но ајде ќе ти одговорам.
Кога мојот партнер би останал неподвижен и врзан за кревет би го оставила. Во очите на другите луѓе тоа ќе биде веројатно најсуровото и најлошото што би можело некој да го снајде. Веројатно би наишла на осуда и плукање од останатите. Но приказната секогаш има и друга страна. Кога едно лице ќе остане неподвижно, целосно се демотивира и ја избегнува целосно социјализацијата. Во таквата состојба било какво присуство повреденото лице ќе го толкува како сожалување и нормално ќе се запраша дали навистина партнерот е со него од љубов или од тоа што совеста сака да му биде чиста па се жртува. Во почетокот кога ќе оставиш човек во таква состојба големи се шансите да бидеш плукан од истиот, но ако е во прашање големата љубов која ти ја збориш, би требало да го поттикне болниот да оздрави со тоа што ќе му се разбуди копнежот по саканата личност, а тоа во муабетот сум јас, односно таа што го оставила. Наоѓа доволно добар мотив да мрдне од кревет и да се бори за својата љубов.

Така е и со врските на далечина и со врските кои се презаситуваат. Ако некого знаеш дека те чека и сака, повеќето спијат на тоа увце и максимално ја користат слободата која ќе им ја пружи новата земја. Сите нови познанства, нови размислувања, пристап кон работите подоцна ќе ги донесат со себе. Ако го сакаш партнерот не гледам ништо лошо ако го пуштиш односно му дадеш пауза оние месеци кога нема да бидете заедно. Ствар на договор таа комуникација како ќе се одвива тие месеци. Така ќе добиеш копнеж, ќе добиеш почесто размислување за тебе и неизвесност, а тоа најчесто ја буди страста.

Полошо е да го чекаш и да одиш со истата личност за подоцна да се врати и да ти каже дека едноставно не ја бива работата. Да ти вистински си го сакал, ама не можеш во ниеден случај да гарантираш за другиот освен за себе.
 
Еве јас сум првата што застанува против тебе заради ваквиот став. Еве и зошто? Шест месеци во болница ти се многу?? Па како драги мои очекувате некој некогаш да ве сака или бар да ве чувствува како драги, кога не сте подготвени ни со прст да мрднете, не сте спремни на никаква жртва. Значи зборуваме за далечина, а животот е полн падови и искачувања, па се случува се и сешто. Да ме остави мене човек ако доживеам хипотетички несреќа која ќе ме врзе шест месеци, очи нема да сакам да му видам, не заради сожалувањето. Зашто ако сакате , сакате, а не сожалувате.
 
Како бе драга во целиот пост успеа тоа да го сфатиш дека не сака никој да мрдне со мал прст ? :)

Па жрвата се состои во тоа што го сакаш а принуден си да го оставиш за негово добро или подобро е партнерот кој го сакаш да мисли дека си ти со него од сожалување? А ќе помисли затоа и најчесто имаме две групи, едните ги врзуваат своите партнери со сожалување знаејќки дека партнерот им има "чиста" совест како твојата и заради рекла казала нема да го остави плус и во име на големата љубов,а другите го кажуваат истото како погоре ти односно " очи не сакам да му видам затоа што не сакам со мене да го врзам" . И тоа е добро, тоа е здраво размислување, подоцна саканата личност која ја исфрлил од својот живот ќе му претставува одлична мотивација да оздрави. Но ова е друга тема, многу покомплексна и затоа реков нема смисла погоренаведената споредба.

Муабетот е ти партнерот и далечината. Пак ќе нагласам од лично искуство дека не треба да се бориш затоа дали ќе функционира врската или не, затоа што функционираат таквите врски. Наназад реков важно е и како функционираат истите. А очигледно е дека генерално не функционираат добро кога ќе погледнеш од поблиску и затоа е мојот став таков каков што е, ако не ти свиѓа и не сакате да ги согледате реалните факти и верувате во платонска љубов е ваше.
 
Далечина е далечина, не можеш да сметаш на тоа дека ако ти куцне два пати на тастатура и ако ти пише уште три пати смс дека многу те сака и дека ќе го надомасти тоа што не е тука.

Најчесто кога го испраќаме партнерот потсвесно очекуваме дека тој ќе се врати исто како што заминал. Не може. Затоа што пак ќе кажам 6 месеци се малку како бројка, многу како денови, секако поминуваат, но при тоа менуваат и многу нешта. Ако партнерот заминува во странство, тоа значи дека ќе се прилагоди на менталитетот каде што отишол, па макар бил и во соседна Бугарија. Ќе смени мислења кои што на почетокот од врската не привлекле кај него, ќе научи да функционира според секојдневието таму, ќе поприми многу нешта кои за нас ќе бидат несвојствени кога ќе го видиме после толку време и ќе дојде до конфилкт порано или подоцна. Ќе бара ти да го разбереш, ти ќе бараш тој/таа да те сфати... Додека влезе во нормала, ќе биде повторно потребно време и негде тука ќе пукне работата. Ако е отиден на работа, како што ги снаоѓа многу овде во Македонија, нема да може да ти виси секој момент кога ќе ти биде потребен и кога ќе ти биде тешко, или да доаѓа на скајп или да ти пишува пораки. Прво пари, второ може да го снајде и да нема интернет, трето скапо се тарифираат минутите преку мобилен, а ти желна на некој да се отвориш и исплачеш, а на кого ? Па токму на него....

Многу врски има кои што функционираат така. Прашањето не е дали функционираат или не, туку како функционираат. Одговорот ќе се најде токму овде во ова секојдневие, од блиски личности па и од сопствено искуство и ќе се сфати дека таквата врска има многу пропусти кои што испливуваат подоцна.

Гледањето си го прави своето, потребите па уште повеќе, така да ако навистина некој го сака толку својот партнер ќе умее да го сочека, а начинот е да му даде слобода. Но ние луѓето генерално сме себични, тоа што го љубиме сакаме да биде наше, па макар и да се поткопаме со прашања и заклучоци наши со кои подоцна ќе располагаме како оружје. Муабетот ќе биде "А кога беше ти тогаш таму и таму, којзнае што си правел/а и со кој/а си правел"...

Нормално е кога маж ќе отиде на страна далеку од својата понежна половина, да проба целосно да се уклопи на тамошното секојдневие. Бујрум.
Моето мислење беше дека 6 месеци е релативно краток период кој што брзо ќе помине, за да си ја заврши работата тој таму, па потоа да се врати назад, а претходно да имаме дугачка и зрело набиена врска љубовно зачинета. Не мора да се очекува дека ќе биде исто, напротив ќе се оддалечиш за тоа време губејќи го очниот контакт и покрај сите вештачки начини на доближување. Но не со преголем интензитет. Сепак не би раскинала, и би ја жртвувала врската пуштајќи го некаде таму, обврзан со мене. Што тој ќе направи таму и како ќе се понесе со тоа е негова работа, дали јас ќе дознаам и дали тоа коренски ќе ги смени работите ќе се дознае и вредноста на минатото вложување е дихотомно прашање. Јас жртвувам, тој искушува. Се работи за енергијата која што поврзува наречена љубов.
Ајде да идеме на опцијата дека ќе раскинеме. Значи го праќам у туѓина на семестрално целосно давање на слобода. И што? Тие заедно поминати години паѓаат во вода, секако дека нема јас веднаш да се опоравам и да најдам нова љубов. Тоа отпаѓа. Дефинитивно би ми било потешко, отколку да го оддржувам контактот со него, за време кое што на почетокот ќе кочи но потоа ќе зализга и опс ќе помине.
Горе напоменав ако се работи за поголем период на отсуство, залудно е да се остане во врска. Значи времето е голема детерминанта, има многубројни примери кои го докажуваат истото. Не е исто 5-6 месеци и цела година, макар и повеќе.
Тоа е моето мислење, поздрав.
 
Мене како шо ми изгледа сексилишс е единствената шо нема да падни на ефтина машка патетика. Мислам да бидиме реални кое и да било машко (за женско немом да зборам) да замини во странство на подолг период нема логика да раскини со девојката. Па нема поубаво од тоа да имаш некој да те чека и да ти верва, а ти имаш простор да оперираш без можност за разочарување. И оние вечери кога ќе се вратиш со празни раце ќе ти бидат многу лесни, на некој шо е сингл не му се така лесни.

Така да најискрен совет до женската популација, колку и да мислите и да верувате дека дечкото ве сака до бескрај, пак огромна е можноста тој да ве изневерува. Реално такви се мажите и желни се за искуства такви и да не му вервате на проѕирни патетики, не дека не ве сакаат искрено, тие пак ќе ве сакаат, можеби ако не наидат на подобро, ама ако имаат прилика ќе ве изневерат.

Е сега некој одбива да живее во реалноста, ама прашање на избор е, и бајките се убаво место за живеење се додека некоја принцеза не касне некое отровно јаболко.
 
Како бе драга во целиот пост успеа тоа да го сфатиш дека не сака никој да мрдне со мал прст ? :)

Па жрвата се состои во тоа што го сакаш а принуден си да го оставиш за негово добро или подобро е партнерот кој го сакаш да мисли дека си ти со него од сожалување? А ќе помисли затоа и најчесто имаме две групи, едните ги врзуваат своите партнери со сожалување знаејќки дека партнерот им има "чиста" совест како твојата и заради рекла казала нема да го остави плус и во име на големата љубов,а другите го кажуваат истото како погоре ти односно " очи не сакам да му видам затоа што не сакам со мене да го врзам" . И тоа е добро, тоа е здраво размислување, подоцна саканата личност која ја исфрлил од својот живот ќе му претставува одлична мотивација да оздрави. Но ова е друга тема, многу покомплексна и затоа реков нема смисла погоренаведената споредба.

Муабетот е ти партнерот и далечината. Пак ќе нагласам од лично искуство дека не треба да се бориш затоа дали ќе функционира врската или не, затоа што функционираат таквите врски. Наназад реков важно е и како функционираат истите. А очигледно е дека генерално не функционираат добро кога ќе погледнеш од поблиску и затоа е мојот став таков каков што е, ако не ти свиѓа и не сакате да ги согледате реалните факти и верувате во платонска љубов е ваше.

Ај да заборавиме на ова со нереќиве и болницава, оф топик е , а мислам и дека има некоја таква тема.
Твоето искуство вели дека таквите врски нс далечина не функционираат добро, на луѓево околу мене вели дека функционираат. Во случајов искуството може да оди по ѓаволите зашто не е мое. Се е во ставот. И нема врска со Дизни, Пепелашка и платонска љубов. Човек сам си бира во што ќе верува. Нашиве родители се добар пример за раздвоеност. Моите очи не си виделе девет месеци заради служење воен рок, зарем иако се сакале требало да раскинат шест годишна врска заради сомнеж? Викам јас денес ретко има љубов, се е плагијат. Тука е проблемот.
 
Споредбава нема смисла, но ајде ќе ти одговорам.
Кога мојот партнер би останал неподвижен и врзан за кревет би го оставила. Во очите на другите луѓе тоа ќе биде веројатно најсуровото и најлошото што би можело некој да го снајде. Веројатно би наишла на осуда и плукање од останатите. Но приказната секогаш има и друга страна. Кога едно лице ќе остане неподвижно, целосно се демотивира и ја избегнува целосно социјализацијата. Во таквата состојба било какво присуство повреденото лице ќе го толкува како сожалување и нормално ќе се запраша дали навистина партнерот е со него од љубов или од тоа што совеста сака да му биде чиста па се жртува. Во почетокот кога ќе оставиш човек во таква состојба големи се шансите да бидеш плукан од истиот, но ако е во прашање големата љубов која ти ја збориш, би требало да го поттикне болниот да оздрави со тоа што ќе му се разбуди копнежот по саканата личност, а тоа во муабетот сум јас, односно таа што го оставила. Наоѓа доволно добар мотив да мрдне од кревет и да се бори за својата љубов.

Така е и со врските на далечина и со врските кои се презаситуваат. Ако некого знаеш дека те чека и сака, повеќето спијат на тоа увце и максимално ја користат слободата која ќе им ја пружи новата земја. Сите нови познанства, нови размислувања, пристап кон работите подоцна ќе ги донесат со себе. Ако го сакаш партнерот не гледам ништо лошо ако го пуштиш односно му дадеш пауза оние месеци кога нема да бидете заедно. Ствар на договор таа комуникација како ќе се одвива тие месеци. Така ќе добиеш копнеж, ќе добиеш почесто размислување за тебе и неизвесност, а тоа најчесто ја буди страста.

Полошо е да го чекаш и да одиш со истата личност за подоцна да се врати и да ти каже дека едноставно не ја бива работата. Да ти вистински си го сакал, ама не можеш во ниеден случај да гарантираш за другиот освен за себе.

Споредбата МНОГУ има смисла пошто парнерот ќе биде во болница 6 месеци и ќе оздрави. Зарем за 6 месеци ќе го оставиш и ќе си бркаш друг? Ако стварно така мислиш можам само да кажам дека тоа со љубов нема ни 1%..

Било какво присуство на саканата личност нема да биде сожалување туку мотивација да оздрави побргу и полесно, впрочем не џабе рекле дека љубовта има чудотворно дејство на целиот организам не само психички туку и на физички план. Ако го оставиш ти гарантирам дека заздравувањето ќе му се забави со самиот факт што наместо да се бори само со болеста ќе има и љубовни маки, психички ќе падне а тоа е убиствена комбинација што може комплетно да ја искомплицира работата.

Каков копнеж ќе има по личноста што го оставила во кревет за 6 месеци и отишла да брка друг и да има секс за тоа време? Јас не познавам маж што таква би бркал повторно но ете може има и такви. Мене некоја така да ми направи нема никогаш повеќе да и прозборам а не да копнеам по неа. Кој е толку луд да сака такво себично створење?

Не спијат сите на увце и не секој ја користи слободата. Кога вистински сакаш не се осеќаш во стеги и не те влече да бидеш со друг.

За крајниот болд.

Сега сватив дека целиот муабет за раскинот бил ради стравот дека ќе те остави или изневери па џабе било чекањето, барем така те разбрав и мило ми е ако е така! Се надевам не грешам.

Тука само би потенцирал дека не се сите мажи идиоти, не секој би преварил ако има прилика и има мажи што стварно знаат да сакаат и жената ја чуваат како зеница во окото. Таков нема да те остави или изневери и ќе направиш фатална грешка ако ти таков оставиш од страв затоа што после и да сакаш (ако е прав маж) тој ќе ти даде корпа без пардон :smir:.
 
Ај да заборавиме на ова со нереќиве и болницава, оф топик е , а мислам и дека има некоја таква тема.
Твоето искуство вели дека таквите врски нс далечина не функционираат добро, на луѓево околу мене вели дека функционираат. Во случајов искуството може да оди по ѓаволите зашто не е мое. Се е во ставот. И нема врска со Дизни, Пепелашка и платонска љубов. Човек сам си бира во што ќе верува. Нашиве родители се добар пример за раздвоеност. Моите очи не си виделе девет месеци заради служење воен рок, зарем иако се сакале требало да раскинат шест годишна врска заради сомнеж? Викам јас денес ретко има љубов, се е плагијат. Тука е проблемот.

Сите го земаме по можност најубавиот пример од дома, секоја чест на твоите родители, но да бидеме реални ти нивните проблеми во нивната младост не ги знаеш, бидејќи за жал не си ни била во план тогаш:)
Твоите примери можеби функционираат на начин на кој што ти се претставени како такви и се е убаво додека си мачкаме очи... Реалноста е друга и оној кој нејќе да го согледа истото, не мора затоа што и онака е доволно сурова па зашто да си плакнеме очи со суровост ? :)

Имам право да генерализирам затоа што во 90 % од случаевите се покажале како нефункционални и мене ми е жал за тоа, камо среќа да беа функционални како што замислуваат повеќето односно ја имаат општата слика за љубовта.

--- надополнето ---

Споредбата МНОГУ има смисла пошто парнерот ќе биде во болница 6 месеци и ќе оздрави. Зарем за 6 месеци ќе го оставиш и ќе си бркаш друг? Ако стварно така мислиш можам само да кажам дека тоа со љубов нема ни 1%..

Било какво присуство на саканата личност нема да биде сожалување туку мотивација да оздрави побргу и полесно, впрочем не џабе рекле дека љубовта има чудотворно дејство на целиот организам не само психички туку и на физички план. Ако го оставиш ти гарантиам дека заздравувањето ќе му се забави со самиот факт што наместо да се бори само со болеста ќе има и љубовни маки и психички ќе падне а тоа е убиствена комбинација што може комплетно да ја искомплицира работата.

Каков копнеж ќе има по личноста што го оставила во кревет за 6 месеци и отишла да брка друг и да има секс за тоа време? Јас не познавам маж што таква би бркал повторно но ете може има и такви. Мене некоја така да ми направи нема никогаш повеќе да и прозборам а не да копнеам по неа. Кој е толку луд да сака такво себично створење?

Не спијат сите на увце и не секој ја користи слободата. Кога вистински сакаш не се осеќаш во стеги и не те влече да бидеш со друг.

За крајниот болд.

Сега сватив дека целиот муабет за раскинот бил ради стравот дека ќе те остави или изневери па џабе било чекањето, барем така те разбрав и мило ми е ако е така! Се надевам не грешам.

Тука само би потенцирал дека не се сите мажи идиоти, не секој би преварил ако има прилика и има мажи што стварно знаат да сакаат и жената ја чуваат како зеница во окото. Таков нема да те остави или изневери и ќе направиш фатална грешка ако ти таков оставиш од страв затоа што после и да сакаш (ако е прав маж) тој ќе ти даде корпа без пардон :smir:.

Мажите може да спијат со 100 а една да сакаат, тоа варањето нема врска со љубовта особено не од машка страна, има врска со совеста а таа исчезнува кога знаеш дека нема да те фатат, тоа е тоа.
 
Сите го земаме по можност најубавиот пример од дома, секоја чест на твоите родители, но да бидеме реални ти нивните проблеми во нивната младост не ги знаеш, бидејќи за жал не си ни била во план тогаш:)
Твоите примери можеби функционираат на начин на кој што ти се претставени како такви и се е убаво додека си мачкаме очи... Реалноста е друга и оној кој нејќе да го согледа истото, не мора затоа што и онака е доволно сурова па зашто да си плакнеме очи со суровост ? :)

Имам право да генерализирам затоа што во 90 % од случаевите се покажале како нефункционални и мене ми е жал за тоа, камо среќа да беа функционални како што замислуваат повеќето односно ја имаат општата слика за љубовта.

Сескилишис токму тоа ти го зборам. Јас не викам дека приказната е убава, напротив мачна е . Девет месеци да не видиш некого а да читаш писма и да го пребродиш тоа, не е бајка на Дизни. Мене една друга работа не ми е јасна, како може заради сопствениот сомнеж, да оставите љубов. Па тоа е всушност фиктивна одбрана. Се браниш однапред од нешто што не знаеш дали ќе се случи.
А замисли пак ваков случај. Што ако сопругот ти замине на шест месеци од дома во странство, ќе се разведеш?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom