Јас не мислам дека е многу време, денес се олеснети и начините на комуникација и вештачки ќе се намали далечината.
Далечина е далечина, не можеш да сметаш на тоа дека ако ти куцне два пати на тастатура и ако ти пише уште три пати смс дека многу те сака и дека ќе го надомасти тоа што не е тука.
Најчесто кога го испраќаме партнерот потсвесно очекуваме дека тој ќе се врати исто како што заминал. Не може. Затоа што пак ќе кажам 6 месеци се малку како бројка, многу како денови, секако поминуваат, но при тоа менуваат и многу нешта. Ако партнерот заминува во странство, тоа значи дека ќе се прилагоди на менталитетот каде што отишол, па макар бил и во соседна Бугарија. Ќе смени мислења кои што на почетокот од врската не привлекле кај него, ќе научи да функционира според секојдневието таму, ќе поприми многу нешта кои за нас ќе бидат несвојствени кога ќе го видиме после толку време и ќе дојде до конфилкт порано или подоцна. Ќе бара ти да го разбереш, ти ќе бараш тој/таа да те сфати... Додека влезе во нормала, ќе биде повторно потребно време и негде тука ќе пукне работата. Ако е отиден на работа, како што ги снаоѓа многу овде во Македонија, нема да може да ти виси секој момент кога ќе ти биде потребен и кога ќе ти биде тешко, или да доаѓа на скајп или да ти пишува пораки. Прво пари, второ може да го снајде и да нема интернет, трето скапо се тарифираат минутите преку мобилен, а ти желна на некој да се отвориш и исплачеш, а на кого ? Па токму на него....
Многу врски има кои што функционираат така. Прашањето не е дали функционираат или не, туку
како функционираат. Одговорот ќе се најде токму овде во ова секојдневие, од блиски личности па и од сопствено искуство и ќе се сфати дека таквата врска има многу пропусти кои што испливуваат подоцна.
Гледањето си го прави своето, потребите па уште повеќе, така да ако навистина некој го сака толку својот партнер ќе умее да го сочека, а начинот е да му даде слобода. Но ние луѓето генерално сме себични, тоа што го љубиме сакаме да биде наше, па макар и да се поткопаме со прашања и заклучоци наши со кои подоцна ќе располагаме како оружје. Муабетот ќе биде "А кога беше ти тогаш таму и таму, којзнае што си правел/а и со кој/а си правел"...