Рамна Земја?

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Напиши на Google width of Earth. Ке ти искочи 12,742km. Твое стапало треба да е долго отприлика толку за патикава да ти биде таква.

Сите тие километри глупости се измислени само за вие да верувате дека земјата е тркалезна.
 
...има многу нелогичности...затоа и настануваат разлики...зошто некој би се "глупирал"????:facepalm:
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
......Затоа и темата ја свртивме на "зезање"....ама "тоа е".:duel:
 
А бе земјава е тркалезна и не е рамна како Асгард


Sent from my iPhone 6s Plus using Tapatalk
 
1024px-80lmx-p-l.jpg


се е релативно,:eek: зависи од кој аспект се гледа, микро, нормал, макро....
 
...има многу нелогичности...затоа и настануваат разлики...зошто некој би се "глупирал"????:facepalm:
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
......Затоа и темата ја свртивме на "зезање"....ама "тоа е".:duel:
Де некоја нелогичност, да чуеме! Не мора сите, една две?
 
Де некоја нелогичност, да чуеме! Не мора сите, една две?
Првиот мој пост....еве...
....Најпознатиот експеримент кој за цел има да докаже дека Земјата е рамна плоча, е направен на каналот Олд Бедфорд, во текот на крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Олд Бедфорд каналот

Се протега на должина од 20 милји, од кои 5 во рамна линија, и како таков бил идеален за експеримент кој вклучувал веслачи кои се оддалечувале кон крајната точка, поточно 6 милји од почетната точка на набљудување. Прв, едноставен експеримент го направил англискиот изумител Самуел Роботам. На чамецот прикачил знаме, така да биде точно 5 стапки над нивото на водата. Тој велгол во водата и држејќи телескоп 20 сантиметри над површината, го следел чамецот како се оддалечува.

Под претпоставка дека Земјата е сферична, на оддалеченост од 25 илјади милји, пресметал дека телескопот кој бил на висина од 20 сантиметри од површината на водата, веќе по една милја, како тангента на видното поле треба да го допира врвот на сферата, по таа точка, и знаменцето треба да „потоне“ под видното поле. Сепак, многумина го гледаат чамецот и по цели 6 милји, и на темел на тоа, заклучиле дека закривување нема, и дека земјата мора да биде рамна.

По овој експеримент се спроведел уште еден сличен обид, поставувајќи во каналот 6 знаменциња на стапови со еднаква висина, кои ги зацврстил на подлогата и оставил простор меѓу нив од една милја. Потоа телескопот го поставил во совршена линија, и ниту едно од нив не „потонало“ надоле, како што очекувале заговорниците на сферичната Земја, што недвосмислено морало да се случи, ако површината на Земјата била заоблена.

На трага на истражувањето на Самуел, Лејди Блоунт во 1904 година, спровела уште еден експеримент на Олд Бедфорд каналот. Најмила професионален фотограф кој во денешно време го има псоледниот збор на техниката, фото-телескоп камера, за да на оддалеченост од истите тие 6 милји, го сликне белото знаменце на површина од 15 чекорни стапки, со црни краеви од кои, долниот дел бил на ниво на водата.

Фотката го покажала знаменцето во целосна големина, потврдувајќи го со тоа заклучкот од експериментот на Самуел Роуботам, дека водата во каналот, низ целата таа должина не е заоблена, туку рамна, и поради тоа земјата не е заоблена – туку рамна плоча.

Земајќи ги во предвид денешните технологии, не вклучувајќи го Фотошопот, фотките предизвикаа бурна расправа на тема за тоа дека Земјата е рамна плоча! Рамноземјашите, тврдат дека нашата планета изгледа како чинија, изненадувачки слична како логотипот на ОН. Дали лидерот на момците кои го креирале тој логотип, американскиот архитект Доналд МекЛаугхлик, бил исто така заговорник на идејата дека Земјата е рамна плоча?
 
Ме интересира нешто,ако земјата е рамна тогаш како орбитира сателити и месечината?


Sent from my iPad using Tapatalk
 
@placeb Викаш така а? Арно, ај сега што покажале експериментите во однос на Cонцето и Mесечината? Во смисла земјата кружи околу нив или они околу неа?
 
Првиот мој пост....еве...
Ај прочитај за истиот експеримент подетално, истиот подоцна е изведен од страна на Alfred Russel Wallace, а подоцна и од Henry Yule Oldham. Wallace го има изведено по кладба со Rowbotham, каде му докажале дека има погрешни резултати, не ја имал земено во предвид рефракцијата на светлината поради атмосферските влиjанија (електромагнетните бранови имаат различна брзина кога минуваат низ слоеви со различна густина) со што може да ти направи „лажна слика“ за објектот што го набљудуваш.
Овие од flat earth имаат веројатно бегано и во основно од часовите по физика, а најголем проблем кај луѓето е што читате без да проверите одредени работи и верувате во она што сакате да го слушните, имам чувство дека обичниот народ обожава да слуша прикаски, теории на заговор, приказни за јунаци, натприродни работи и сл.
 
@Кеплер,Сочекај бе човек, да видиме што станува со Сонцето!
 
@Кеплер,Сочекај бе човек, да видиме што станува со Сонцето!
Кое Сонце? Нема сонце, ламба е тоа :D

Има и понапредни од овие flat earh, а тоа се тие што веруваат дека е конкавна, малку понапредно имаат влезено во проблематиката, имаат развиено цели теории :)

http://www.wildheretic.com/how-is-the-sun-powered/
 
@placeb Викаш така а? Арно, ај сега што покажале експериментите во однос на Cонцето и Mесечината? Во смисла земјата кружи околу нив или они околу неа?
Е,што покажале?Објасни ми.Затоа и пишав на темава.
Ти барем си конструктивен.
 
Значи целата глупост со рамноќата на земјата е со денот и ноќта. Зошто ако е рамна, напладне секаде ќе биде ден.Како во експариментот што го наведе.
Батали што сум геодет по струка, него имам близок роднина во Нов Зеланд и доказ дека кога таму е средноќ кај нас е пладне!
Може не си учел сериозно нацртна геометрија ама онака земи едно топче(сонце) и еден послужавник или картон А4(земјата) па врти ги еден околу друг.
Ти дозволувам да си претпоставиш дека сонцето се врти околу земјата или земјата околу сонцето, резултатот ќе биде ист.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom