Беше во катастрофална форма по повредата. Немам баш високо мислење за трансферот иако ја сфаќам логиката. Бивша ѕвезда која бара рехаблитација на имиџот, веројатно поевтино отколку што е вообичаено доаѓа... Ќе видиме, во одбрана барем би требало да може да помогне, дури и да изгубил голем дел од атлетоста.
Не ми е јасна на Металург стратегијата во моментов. Ниту македонците со шанса за напредок ги задржува, нути носи страни играчи кои можат да направат разлика.
Наводно ги средиле финансиските проблеми, така што ќе видиме, може да изненадат, не се тие клуб за потценување, имаат основа и инфраструктура и со мало подобрување на финансиите може да почнат да прават проблеми. Но, и покрај се тоа, факт е и дека немаат баш монопол на сите млади талентирани играчи како во минатото. Најголем дел од оние кои ги развиваат веќе им заминаа. Од тие понови генерации, некако повеќе од талентите се во други екипи отколку кај нив, а со тоа постепено им слабее и базата со која го преживеаа овој тежок финансиски период кој ги држи веќе 6 години.