Ракометни трансфери

  • Креатор на темата Креатор на темата TheTrooper
  • Време на започнување Време на започнување
Страшен талент е дечково,проблем му се само повредите,знам дека ги имаше доста досега во кариерата.

Според мене најголем талент во 2000та генерација.:)
 
На 17 години растури на Фајнл 4 Сеха во Скопје пред две години, мислам дека и го прогласија за МВП, не верувам никој да имал такво деби на ракометна сцена, многу порано стигна до прв тим на Цеље него било кој од генерацијата што им донесе европско злато на Словенците во младинска конкуренција, иако е 2 години помлад. Али од тогаш две тешки повреди на колената и голема стагнација, затоа можеби е и избрзана малку одлуката за трансфер у Барса уште сега, али ако го служи здравје може да доминира во играва во наредните години.
 
Откако Бенфика го постави Чема Родригез за тренер еве потврдија и 4 нови засилувања:Јотич,Кукич,Сухолежник и Кеита.
Сосема солидна екипа изградија,лани ги земаа Џорџич,Тофт Хансен и Њокас,ако донесат уште некој играч ќе можат да бидат озбилен противник во ЛШ.

Очигледно Португалците не застануваат со вложувањата во ракомет,веќе имаат 3 озблини екипи за ЛШ(Порто,Спортинг,Бенфика).
Не случајно репрезентација им оди во нагорна линија,после успесите во младински категории веќе почнаа и во сениори да бидат озбилна репрезентација.
Скоро сите играчи им играат во домашно првенство одлично се познаваат,уиграни...Не би ме чуделе за некоја година и во борба за медалите да влезат на големите натпреварувања.

Добро е сепак за ракометот што почнуваат нови држави да вложуваат сериозно во ракомет. (y)
 
Р'ниќ беше стварно класичен бек бомбардер, волетина која кине мрежи. Дури и еден период имав желба да потпише за Вардар. Али доколку еден Рајн Некар се откаже од тебе а притоа не си во состојба да најдеж приближно квалитетен клуб и се враќаш да играш у факинг Пролетер од Србија ондак е јасно на кое ниво е Р'ниќ моментално.
 
Ќе биде интересен плејофот следна сезона. :)

Беше во катастрофална форма по повредата. Немам баш високо мислење за трансферот иако ја сфаќам логиката. Бивша ѕвезда која бара рехаблитација на имиџот, веројатно поевтино отколку што е вообичаено доаѓа... Ќе видиме, во одбрана барем би требало да може да помогне, дури и да изгубил голем дел од атлетоста.

Не ми е јасна на Металург стратегијата во моментов. Ниту македонците со шанса за напредок ги задржува, нути носи страни играчи кои можат да направат разлика.

Наводно ги средиле финансиските проблеми, така што ќе видиме, може да изненадат, не се тие клуб за потценување, имаат основа и инфраструктура и со мало подобрување на финансиите може да почнат да прават проблеми. Но, и покрај се тоа, факт е и дека немаат баш монопол на сите млади талентирани играчи како во минатото. Најголем дел од оние кои ги развиваат веќе им заминаа. Од тие понови генерации, некако повеќе од талентите се во други екипи отколку кај нив, а со тоа постепено им слабее и базата со која го преживеаа овој тежок финансиски период кој ги држи веќе 6 години.
 
Prestana Metalurg da razviva mladi igraci zatoa i nema nikakvi igraci vo kombinacija za repkata.
 
Како што стојат сега работите следната сезона ќе има три клуба со приближен квалитет, што значи дека после долго време ќе е интересна лигава домашна. Вардар, Пелистер и Металург, сите се поврзуваат со сличен тип на играчи, млади домашни играчи и искусни ветерани или пропаднати таленти од Балканов. Сигурно ќе се далеку од јачината на Вардар од изминативе сезони, но секогаш со ваков склоп на играчи кај нас паѓале најјаките утакмици, тесни со жар, борба, тепање, провоцирање, антиракомет, ама тоа секогаш привлекува повеќе публика и е поинтересно за широките народни маси :D
 
Гоце Георгиевски блиску до враќање во Металург. Со ќутенката набрзина се враќаат на сцена. Рниќ изјави дека целта им била да ги турнат Вардар и Пелистер и дека ќе имало и други засилувања.
 
Гоце Георгиевски блиску до враќање во Металург. Со ќутенката набрзина се враќаат на сцена. Рниќ изјави дека целта им била да ги турнат Вардар и Пелистер и дека ќе имало и други засилувања.

Rnic ke turkal :D Eventualno ke turka vtorive timovi :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom