Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Добро, аман веќе, од 2012 навака се хејта Талески и кога треба и не треба. Никаде не рекол дека е ѕвезда, ниту пак новиот Кире Лазаров, ниту пак дека целта му е да биде најдобар или пак подобар од ова што е сега. Си ќути, си тренира, колку може/знае толку. Си заработува плата, си оди дома и тоа е тоа. Како кај вас дома да живее па ви смета што игра. Нити дечкото има врски, нити е мафијаш, ниту плаќа да игра прва постава. Тие се играчите, врти-сучи пак е во репрезентација.Ако има подобар од него, сигурно ќе го замени. А тоа што нема подобар од Талески, доволно кажува за работата на стручниот штаб, школите, федерацијата и државата за развој на ракометот.

Класика Македонче, земи плукај по све што не чини.

Мора ли да биде најдобар? Не мора.
Исто и Манасков, жртвено јагне.

Манасков ај се има курчено по телевизии и интервјуа, ама Талески ништо нема речено.

Што не ги плукате Георгиевски, Ојлески, Костески, Кузмановски и останатите играчи кои не можат гол да погодат.

Новинарите ви ги креваат очекувањата и после плукате.
 
Ништо не успеав да изгледам во четвртокот. Пристојно сме загубиле, иако претпоставувам дека најголем број од грешките се грешки на Филип Талески. Дечкото едноставно не е за ракомет.

Вечер ќе гледам, дефинитивно. Се надевам на победа.
Лошо претпоставуваш. Најголемиот број грешки беа од Велковски, дали еден саглам потег во напад имаше. Или украдени топки при глупи додавања, или подаваше премногу ниско, или му испаѓаше топката, па му ја земаа Словенциве, или живи му ги фаќаше голманот од што нема сила за шут.

Талески имаше солиден натпревар и направи еднаков број грешки колку и Миркуловски, Пешевски, Кузмановски...
 
Некаде прочитав дека на денешните тестирања имало неколкумина позитивни од кај нас :mad: немаше пишано имиња. Сепак е неофицијално се' уште, да почекаме

Се надевам не си во право. Таман сакав да пишам дека сум оптимист денес и го читам ова :eek:

Инаку, ако се сите здрави и прави, иако Црна Гора не е воопшто наивен противник, сепак некако сум оптимист за вечер. Не верувам дека некаква гол разлика ќе набилдаме, гарант ќе биде релативно тесен и тврд натпревар, но и со сите проблеми кои ги има нашиот состав, ми личи дека имаме доволно игра за да ги добиеме Црногорците. Црна Гора често знае да игра доста тврда, груба контакт одбрана, потпомогната со бавен напад и така ги имаат резултатите кои ги постигнале, но ќе видиме како ќе настапат против нас, со Рогановиќ добија помодерна димензија.

Ковидот ги раштима пред првенството инаку претходно некои гледаа на Црногорците како поголема закана за Словенија од МАкедонија. Ќе видиме...

Митревски се враќа, тоа сигурно ќе даде позитивен импулс - две квалитетни опции на голот е богатство за една екипа.

П.С. Некако во цела таа желба и донекаде разочарување на мечот со Словенија, не ни заприметивме дека всушност Македонија, како никогаш досега, практично настапи на ЕП без веројатно тројцата свои најдобри ракометари во моментот (Лазаров, Манасков, Митревски). Тоа што покажавме заби и во една таква ситуација во секој случај е позитивно.
 
Лошо претпоставуваш. Најголемиот број грешки беа од Велковски, дали еден саглам потег во напад имаше. Или украдени топки при глупи додавања, или подаваше премногу ниско, или му испаѓаше топката, па му ја земаа Словенциве, или живи му ги фаќаше голманот од што нема сила за шут.

Талески имаше солиден натпревар и направи еднаков број грешки колку и Миркуловски, Пешевски, Кузмановски...
Талески еден солиден натпревар просечно има на европско првенство. :D
 
Нема позитивни јас колку што знам, нема ни нигде пишано, а и прашав еден од нив пред 2 часа немаше ништо. Иначе најверојатно со Серафимов место Велковски ќе играме.
 
makedonija-crnagora-sostavi.png
 
Денеска за жал ќе играме без Стојанче Стоилов, кој на последното тестирање доби позитивен тест на Ковид-19, се надеваме Столе како еден од лидерите ќе биде во можност да се врати во составот за скоро време ‍♂️

Одиме на победа со срце за Македонија!
Автоматски споено мислење:

Од РФМ е објавено ова... :(
 
Лоша вест.. но тоа е што е. Ќе добие шанса Симоноски кој ги изигра сите пријателски и кој треба да биде негова замена во иднина.
 
Golem filozov u praksa golema nula,ko trener mislam za golman bese vrven nema zbor

Sent from my SM-A325F using Tapatalk
 
Стефче "Кирче Лазаров" Стефановски :D
Слаб е овој пат му ја нема таблата да црта акции и да објаснува движење во одбрана.

Едит:Еве го.:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom