Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
На крај можеби и најправедно реми. Ајде уште победа против Австрија во сабода и меѓу најдобрите 8 сме.
 
На крајот реален е нерешениот резултат.
Последен напад имаа хрватите за победа.
 
Нерешено со Хрватска на крај воопшто не е лошо, со оглед на тоа дека губевме и 7 разлика.
Шулески искина детето, голем напредок има кај него, само така нека продолжи, го избраа за играч на натпреварот.
Имаме големи шанси за прво место во групата, натпреварот против Австрија е клучен.
 
Гази генерацијава, не треба да се секираме за иднината. Браво за момците!
 
Браво за децава, уште еднаш покажуваат менталитет кога е најпотребно, така се игра, борбено цел натпревар, нема предавање, пример како треба да се брани дресот и да се претставува државата на едно големо натпреварување.
Раде ушите да му ги јаде на Галевски што не го стави да брани од прва минута, Шулевски се претвори во Зарабец во второ полувреме, три пати со иста финта ги направи мајмуни цела одбрана.

Клучот за враќањето беше кељавиот во публика што дојде со мегафон, ја крена цела сала на нозе, како на домашен терен да игравме, после ова заслужи гајба пиво да го частат од федерација.:oeoeoe:
 
Последно уредено:
Браво за децава, уште еднаш покажуваат менталитет кога е најпотребно.
Раде ушите да му ги јаде на Галевски што не го стави да брани од прва минута, Шулевски се претвори во Зарабец во второ полувреме, три пати со иста финта ги направи мајмуни цела одбрана.

Сепак клучот за враќањето беше кељавиот во публика што дојде со мегафон, ја крена цела сала на нозе, како на домашен терен да игравме, после ова заслужи гајба пиво да го частат од федерација.:oeoeoe:
Сепак пресвртот почна кога влегоа Шулевски и Митев. Придонесот на Шулевски е огромен секако помогна и Галевски со 2 зицери на десното крило. Карасманакис недозволиво 3-4 зицери од 6 метри промаши, ама затоа во одбрана со Самоил се бедем.
 
Второто го исклучив од нервоза.. сега гледам извадиле реми од -7, браво бе !
 
Зрело изиграа, ги гледав последните 10 мин.
Убаво пиша некој на претходната страна, има карактер оваа екипа. Мислам и дека лесно ќе се вклопат со веќе онаа постава што ја имаме кај сениорите.

Да не се залетуваме многу ама она што мислам е дека во иднина нема да се појавиме само на собири него ќе може и да се очекува нешто после главна фаза, некои разигрувања во топ 10. За медал (во сениори) уште мислам дека сме далеку, барем некои 5-6 години, под услов да извадиме уште 2 јаки генерации.
 
Последно уредено:
Дечкиве кој пресврт го направија секоја чест, штета што не победија, но сепак големо браво! Шулески ги искина второ полувреме. :cuc:Интересно ми е што оваа генерација на Хрватска лани беше 3та на светското (U19) на домашен терен, а од друга страна ние ја прегазивме таму Австрија со 7 разлика. Така нека биде и во сабота, верувам во победа.
 
Убаво се вратија од -7 и направија серија од 9-1 и тоа не е мала работа против тим кој беше во топ 5 на последното СП. Можеа многу подобро тоа прво полувреме да го изиграат и да градат предност. Во два наврати имаа можност за +3, па потоа паднаа. Второто го изиграа супер и поведоа. Мислам дека Митев ги угуши некако на крај иначе ќе беше ова победа. Некои топки избрзано ги шутна и му ги фатија, па после беше нерешителен и некако го кочеше нападот. Ама ок на крај бод е супер. Мислам дека потсвесно кај нас им игра тоа "играме со Хрватска" и затоа потешко одеше. Австрија мислам дека повеќе ќе ни лежи и нема да го имаат она потсвесно чувство. Да, тие ги победија и Хрватска и денес Црна Гора, ама не верувам дека ќе се прокоцка оваа шанса да се победат и да се оди во таа главна фаза во топ8. Може нема да биде така лесно како прошлата година, ама па верувам во дечките дека се створени токму за ова.
 
Освен прво место, понатаму одиме ако сме најдобро второпласирана екипа од групите А,Б и Ц, така??
 
Освен прво место, понатаму одиме ако сме најдобро второпласирана екипа од групите А,Б и Ц, така??
Да, само што немаме шанса да бидеме најдобра второпласирана екипа. Португалија или Германија ќе биде.
 
Да, само што немаме шанса да бидеме најдобра второпласирана екипа. Португалија или Германија ќе биде.

Значи по некоја логика ова е математиката да одиме даље:

-Победа над Австрија
-Нерешено со Австрија и една од Португалија-Германија да ја победи другата екипа со 7-8+ разлика
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom