Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Атанасијевиќ треба добро да размисли за тоа во кој правец ќе му се одвива кариерата. Останување во Пелистер 2 ќе му биде стагнирање на ниво на она кога Кузмановски место да оди директно во Магдебург од Металург, се врати во Битола да игра во Еурофарм. Го надмина нивото на Пелистер 2 веќе Павле, најдобар играч им е во сезона кога завршуваат трети на табела во регуларен дел (можда и во супер лига). Толку е плафонот со тој клуб, над тоа нема веќе ништо, само стагнација може да му понуди тој клуб веќе. Он и лани им беше во втора полусезона најдобар играч, али тогаш беа осми на табела и прерано беше после една добра полусезона да го префрлат во прв тим.
Во исто време Пелистер очигледно ќе има по двајца играчи странци на лев/среден бек за следна сезона и ако го донесат како трет избор огромна е шансата да заврши ко Танкоски и Кукуловски моментално. Не делува дека имаат доверба во него од прв тим кога носат по две засилувања на позициите на кои може да покрие и он, повеќе личи на шминка и маркетинг потег неговото префрлање во прв тим во таков случај.
Ако има понуди на маса од клубови од странство, треба добро да размисли што ќе прави и што може да добие со останување во Битола.

Напротив, Пелистер 2 е одличен клуб за негов развој. Најважни фактори за развојот на еден играч се минутажата и улогата која ја имаш во екипата, заедно со квалитетот на противниците против кои настапуваш. Нивото на твојот клуб е многу помалку важно, дури понекогаш знае и негативно да влијае.

Што се однесува за веројатниот трансфер во првиот тим, тука си во право, ако им е целта да биде 5-6та опција на лев/среден бек тоа е катастрофа. Мора да биде најмалку 3та опција за да продолжи со развојот.
 
Најважни фактори за развојот на еден играч се минутажата и улогата која ја имаш во екипата
Апсолутно е така. Не го спорам тоа со претходно напишаното, само сметам дека таа минутажа и улога треба да ја бара веќе во натпреварување за еден ранг погоре од домашна прва лига, година ипол како лидер на Пелистер 2 според мене му е доста. Затоа го споредив и со Додиќ, врсник со сличен развој на кариера како Павле, кој машки ја искористи шансата да од нивото на кое играше со години веќе во Металург и Охрид прејде во Вардар и со Елверум од ситни грешки на почетокот да стигне да биде лидер на тимот во еден дел од второ полувреме и да го разигрува цел тим во натпревар од ЛШ.
 
1647955391039.png
 
Последно уредено:
Дали некој може да најди кога играле Мкд-Турција во Прилеп. Мислам дека е пријателска-жени, ама не сум сигурен. Некаде 2000-2003та би требало да е.
 
Дали некој може да најди кога играле Мкд-Турција во Прилеп. Мислам дека е пријателска-жени, ама не сум сигурен. Некаде 2000-2003та би требало да е.
Да не си пикирал некоја сексипилна турчинка :pipi:
 
Дали некој може да најди кога играле Мкд-Турција во Прилеп. Мислам дека е пријателска-жени, ама не сум сигурен. Некаде 2000-2003та би требало да е.

Што ќе частиш? :D
 
Прегледај го приврзокот 326044
Шешириве се смешни. Австрија прв шешир? Овие никогаш не завршиле први во група. :icon_lol: :pos: Океј, група со Австрија, Летонија и Луксембург/Грузија/Косово би била боза!
 
Штета што не победивме во фудбал со Португалија, ама мислам дека таа маја се осеќа уште деновиве со победата над Италија. Се надевам таа маја доаѓа во вистинско време и за сениориве во ракомет пред баражот со Чешка. Баш очекувам да биде тоа еден додатен и доволен импулс за утакмициве што ни доаѓаат за некоја недела.
 
За која Маја збориш цело време?
 
Прегледај го приврзокот 326044
Нема тим од третиот и четвртиот шешир кој може да не победи, и ако не се лажам, и неколку од најдобрите третопласирани се квалификуваат.
 
Нема тим од третиот и четвртиот шешир кој може да не победи, и ако не се лажам, и неколку од најдобрите третопласирани се квалификуваат.
Во третиот шешир и тоа како има тимови кој можи да не победат дома кај нив.
 
Во третиот шешир и тоа како има тимови кој можи да не победат дома кај нив.
Една победа дома кај нив не значи ништо. Мислев на тимови кои можат да завршат пред нас, односно тимови кој би не победиле со поголема разлика кај нив него што би изгубиле во Скопје. Такви не гледам.

Плус што ние дома можеме да ги тепаме пола од тимовите што се во првиот шешир, а од третиот исто така не гледам кој би можел тоа да го направи. Нешто многу сензационално треба да се деси за да не се пласираме на ова ЕП.
 
Со озбилна анализа и пристап према Португалците може да се зграби и прва позиција, ама мора да изиграме без грешка затоа што играат брз и нешто помодерен ракомет. Луксембург у гости нема потреба да идат стариве уопште
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom