Клима игра во Германија втора лига, многу опасен играч е дечкото..
Кога сме кај Атанасијевиќ, мора да се согласам дека Пелистер 2 му е најдобрата опција за тие години, добар проект е Пелистер 2, добро се работи таму, игра редовно а и не ни е воопшто лоша лигата, ќе добие на квалитет плус следната сезона со Алкалоид, ќе има многу повеќе квалитетни утакмици.
Екипа од калибарот на Магдебург реално за него е преголем залак, пожелно е доколку замине да се проба во втората германска лига, која е исто со екстра квалитет, да може да напредува чекор по чекор, лесно може да се изгори во голем клуб на тие години.
Омерагиќ мислам дека направи добар потег во кариерата за тие години, отиде да се бруси во Германија, во тим кај што ќе игра редовно и ќе има што да научи, Германија си е Германија.