Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Супер ситуација. Лично јас повеќе ќе сакав во А за да вкрстуваме со Б, ама вака барем полесна група ќе имаме. Како и да е огромна шанса за четвртфинале. Не само што се доби посакуваниот тим од вториот шешир (БиХ) туку и се избегнаа Шведска, Полска, Германија и Русија во евентуалниот втор круг.

Е ако се стигне до четвртфнале, после секако мора да се победуваат јаки екипи и ќе мора да покажат дечките колку можат. Нека си ја сфатат сериозно работата зимава, ова е историска шанса и не смее да се пропушти.
 
Мој тип дека ќе испаднеме уште во првава фаза.
Хрватска прва, Австрија втора, Босна трета, ТУнис четврти, ние пети и Иран последни.
 
Група Д е страшна!![DOUBLEPOST=1405885622][/DOUBLEPOST]
Мој тип дека ќе испаднеме уште во првава фаза.
Хрватска прва, Австрија втора, Босна трета, ТУнис четврти, ние пети и Иран последни.

Нема шанса , не се до толку утепани барем Босна и Тунис да ги победат .
 
Сега ни е шансата, прелесна група.Презадоволен сум од ждрепката според мене со 2-ро место ќе ја пројдеме првава фаза.
 
Стварно лесна група али ако се опуштиме ќе биде пеколно тешка.Босна со сензација стигна не се толко слаби колку некој што мисли за Хрватска сите знаат.Австрија е така така а Тунис имат добри играчи у Бундеслигата и се многу квалитетни иако на сите кога ќе чујат Тунис си викат лесни.Е Иран се стварно дупка Tинекс да ги пуштиме ќе ги тепат.
 
Мислам (се надевам) дека сме доволно сериозна и искусна репрезентација за да стигнеме до 2рото место.

Бонус тип: Тунис ќе ја помини групата на сметка на БиХ или Австрија. Тунис се можеби и најјака неевропска екипа настрана од домаќинот Катар.
 
Стварно лесна група али ако се опуштиме ќе биде пеколно тешка.Босна со сензација стигна не се толко слаби колку некој што мисли за Хрватска сите знаат.Австрија е така така а Тунис имат добри играчи у Бундеслигата и се многу квалитетни иако на сите кога ќе чујат Тунис си викат лесни.Е Иран се стварно дупка Tинекс да ги пуштиме ќе ги тепат.

Па уствари од следнава сезона никој од Тунис нема да игра во Бундеслигата.Единствениот беше Жалус,а и тој најверојатно ќе си оди од Кил.
 
Па уствари од следнава сезона никој од Тунис нема да игра во Бундеслигата.Единствениот беше Жалус,а и тој најверојатно ќе си оди од Кил.

па добро де ќе си оди, ќе иде во Барса :D

За групава екстра, не би требало да имаме проблеми второ би било реално но знаат да оплескаат и трето.
 
Не е лоша ждрепката но не и толку добра...
За Хрватска се е кажано нема да навлегувам,очекувам за брзо Хрватите со младиот бран кој надоаѓа да газат се пред себе,малку им фали...
Босна,енигма се Босанците,имаат ростер,имаат играчи,но ептен се нестабилна селекција,имаме добар скор со нив,ни лежат,од вториот шешир ни падна најлесната ждрепка...
Ќе треба добро да се проучат,имаат измени во составот,доста млади ракометари надополнети со неколку поискусни,штом Исланд го исфрлија значи почнаа да работат нешто,не се веќе селекција која ќе дотурка само до бараж,конечно направија голем исчекор...
Најмногу ме плашат Австријците,многу опасна селекција,премногу,иако многумина ги потценуваат,досега два пати ги чукнавме,но ќе мора да се внимава многу со нив...
Имаат континуитет,селектор кој неколку години работи,има доверба а богами покажа доста...
Од година во година се се подобри,за 2 години откако ги исфрливме од баражот за СП 2013 напреднаа премногу,а и некако се наострени со нас,ќе мора да се смисли некоја тактика за Австријците,не ни одговара никако нивната игра....
И според мене најлошата ждрешка од сите афрички селекции беше Тунис и тие ги добивме...:mad:
Добро ќе беше да се избегнат,многу силна селекција,премногу..
Опасен селектор,старо куче е Хасанефендиќ,играчи со големо искуство како Теџ,Хмам,добар голман Магајеж,левиот бек на Кил Џалуз....опасна селекција..
Заебана група,иаме 3 меча доста тешки во кои се е можно,со изедначени селекции,еден(би требало)полесен меч и сигурна победа над Иран и една утакмица во која треба да пробаме да изиграме како шо знаеме и да видиме до кај сме навистина во моментот,мечот со Хрватите...
Конечно после толку години паднавме со Хрватите,уште од 97 неаме играно(официјален меч со нив)....
 
Групава е фина. Уште пофино е што конечно ќе играме официјален натпревар против Хрвативе. Како што знаат нашиве да се мотивираат против фаворити мислам дека нема да им биде лесно со нас :icon_mrgr:. Очекувам еден сигурен пораз од Иран :D
 
Тешка група.

Хрватска: се очекува да нè победат. Млади се, полетни, организирани, силни на сите полиња... Можеби Обрван ќе сака да се докаже пред „своите“, ама тешко е тоа да се очекува или да се бара од него.

Босна и Херцеговина: имаме добар скор во однос на нив, но тие ги исфрлија Исланд. Во ваква ситуација бевме и ние во 2009-та: го исфрливме Исланд во баражот, па во групата ги победивме и Полска и Русија, во тоа време велесили. Сега БиХ се на тоа ниво на коешто бевме ние тогаш: мотивирани до коска и способни секого да изненадат. Сепак, можеби можеме да ги добиеме на искуство.

Австрија: многу незгоден противник. Германска дисциплина, ќе играат до крај, а плус тоа ќе ни го паметат тоа што ги исфрливме од баражот за претходното СП. Ќе бидат екстра мотивирани против нас. Според квалитетот нашите би требало да се справат со нив, но ќе биде прилично тешко.

Тунис: игравме со нив на СП 2009-та и изгубивме. Ќе биде тешко против нив зашто ќе треба да се игра против психологијата на минатиот пораз, а и бидејќи многу веројатно тие ќе имаат повеќе поддржувачи отколку ние (освен ако нашите гастарбајтери во Катар не се појават во голем број на натпреварите).

Иран: единствена селекција против којашто можеби може да се смета дека ќе ја победиме лесно. Сепак, се знае дека најтешко е да се добијат „добиени“ натпревари, па Обрван ќе мора многу да внимава во овој случај. Можеби ќе може да им даде шанса на помладите да се искажат на овој натпревар, особено на Талески.


Бидејќи ќе се вкрстува со групата А, може да се очекува дека од таму понатаму ќе се пласираат Шпанија, Словенија и Катар (освен ако Белорусија направи изненадување; за Бразил и Чиле не верувам дека имаат толкав капацитет). Во зависност од положбата на Македонија во завршетокот на групната фаза, за пласман во полуфиналето ќе биде потребна една победа ако сме први, две ако сме втори или три ако сме трети. Бидејќи најверојатно ќе бидеме втори, после Хрватска (иако, нели, секогаш може да се надеваме на изненадување), нашите ќе треба да се припремат за тешки борби против Словенија и Катар (со првите зашто едвај ги победивме на минатото ЕП и ќе сакаат да ни вратат, а со вторите бидејќи ќе бидат домаќини, а се и шампиони на Азија); тешко веројатно дека ќе може да се носиме со Шпанија.


Навистина, ова е одлична шанса оваа генерација предводена од Кире Лазаров да освои медал на едно СП. Во секој случај, имам чувство дека пак ќе има триумфален собир на плоштадот Македонија во Скопје. :)


Само напред момци! (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom