Требаше во мојот пост да пишам оти ВАРДАРЕЦ треба да ми објасни, пошто знаев оти некој ќе испали ваков пост 

 , сериозно, Вардар го гледав годинава 8-9 пати, ама Јовчевски слабо играше....затоа прашав
		
 
		
	 
Јовчевски е добар играч ама колку за Македонско првенство и за СЕХА лига, за резерва е одличен. Ама да бидеме реални Јовчевски не е некој класа играч. Вистина е може да изненади на моменти, лани он во куп финалето ги растури Металурзите, ама пак некако го нема тоа убиственото како Манасков на пример.
Според мене и Георгиевски не е класа крило, ама сепак во моментов е подобра опција од Јовчевски.
Со тек на време кога ќе го нема Темелков може да го земаат и Јовчевски.
Значи не е лош, ама сепак, не би можел да направи којзнае колкава разлика.
Од Козла е сигурно подобар во моментов, па и од Левов на крило 
 
Остај ги што зборат дека не играл за Вардар, им нема врска муабетот, баш Јовчевски има сигурно изиграно бар пола мечеви ако не и повеќе за Вардар годинава.
Плус Раковиќ еден период ни беше повреден, така да се изнаигра Јовчевски годинава.
Ќе кажам кај Вујо играа сите подеднакво, освен на поважните мечеви каде што нормално послабите влагаат колку да одморат некој играч. Мада и на тие мечеви бајаги ротираше Вујо.
Затоа немавме маки со исцрпени играчи и затоа станавме шампиони 
