Деновиве дур бев баниран на форумов се досадував многу, и слушав свашта по YouTube барајќи квалитетна музика, случајно од линк од Фејсбук наидов на ова:
Бидејќи ми беше навистина досадно, го пуштив, и испод дур тераше песнава паралелно го читав текстот. Пробуди многу емоција уште од првиот пат, доволно да удрам репеат и да ја слушам од почеток. И како се повеќе го слушав гласов, како се повеќе ја слушав песнава се поубаво и поубаво ми беше, уживав како одамна се немам опуштено на музика. Такво нешто имам доживеано на Пинк Флојд едино. Скоро целиот ден ми пројде со песнава на репеат.
Оттука се вроди мојата заинтересираност за Радиохед, кои и претходно ги знаев, ама ги имав чуено онака набрзина, и не сум се заинтересирал дополнително, штета што бев слеп за нив. Ја симнав дискографијата, и слушнав нешто, ама пак отидов на YouTube и го отворив видеото од нивниот концерт во Гластонбури, уживав, бев во транс, во друга димензија. И пак ќе повтарам, вакво искуство само со Пинк Флојд имав доживеано, Радиохед после нив. Ептен се заразив, и изминативе денови ми се само они кои ги слушам.
Така да, овде има уште фан на Редиохед, фан кој допрва сега ја сфаќа и ужива во нивната музика, допрва сега се пронаваѓам со нив, и нивните текстови. После толку многу време.
