Радикална албанска организација за нови граници

  • Креатор на темата Креатор на темата Polaris
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Фронтот за национално обединување на Албанците (ФБКСХ) повика на решавање на албанското прашање на Балканот, оценувајќи дека Албанците се колонизирани во земјите во регионот.
Во писмо упатено до Институтот за мир во САД, Организацијата наведува дека Албанците не уживаат доволно права во Црна Гора, Македонија и јужна Србија.
ФБКСХ оценува дека Албанија е единствената земја во светот, чии граници се вештачки одредени, истакнувајќи дека на тој начин соседните држави ги спречиле Албанците да напредуваат и да живеат достоинствено во 21. век, пишува подгоричкиот весник „Вијести“.
„Тие вештачки граници ќе се менуваат бидејќи поделениот и колонизиран албански народ нема да прифати да живее во ропство под словенските народи. По војните за ослободување на Косово, источно Косово (Прешево и Бујановац) и Илирида (западна Македонија), албанскиот народ политички работи на ослободување од колонизаторските режими“, се наведува во писмото потпишано од гласноговорникот на организацијата Гафур Адили.
ФБКСХ на јавноста и е позната како политичко крило на Албанската национална армија (АНА). Радикалната организација во јавноста се огласува само со интернет соопштенија, кои ги објавуваат албанските интернет портали.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109517
 
албанското прашање е решено....овие се у 90 тите уште
 
Подршка до момците, моментот е идеален за обединување, штета ако не се искористи.
 
Подршка за Фронтот, најискрено се надевам ќе уследи акција набргу!!:)
 
Абре овие у мн голем филм влегле...што е лоооооол!!!...А ни самите не се свесни дека може да ги снема за 2-3 дена
 
Заклучувајте, пред да настане каша.
 
Па затоа викам, дај Боже да видиме акција од Фронтот и да се реши еднаш тоа прашање.

Ни татарските-гејски служби не се веќе тоа што беа....
 
Ауу, дестабилизатори од сите страни и од сите бои - обединете се.
Сега му е мајката.

Ама на кого би му одговарала дестабилизација на Македонија?

1.
2.
3.
4.
5.
6.
...
 
Бране пак има замешано прсти :baeh:
 
Првпат слушам за Фронтов.
 
a1 siri dezinformacii po naredba od soros>b.c.
 
Јас мислам дека сите треба да се послушаат, па да се направи Голема Албанија, Голема Србија, Голема Бугарија и Голема Македонија :tapp::tapp::tapp:

прашањето е каде???? Од една страна сите сакаат да приграбат нечија територија а од друга толку многу се измешани етникумите на балканот така што кај и да ги ставиш никаде не ги собира, и секогаш има некој незадоволен :toe:.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom