Работи од минатото

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
Само буржуи имаа вакво нешто. Тие што јадеа кавијар и пиеја џин, ги слушаа „тејк дет“ и Кели Фемили дур збирав педенарки (пет денарки) за да го свртам Мустафа, носејќи избелена маица од Експлоитед :D

Ти арно збирал си 5денарки.. Јас 2-3 пати беех ојдел у флиперите да гледам, оти сиромаштија беше, (не да играм). И се враќам дома после 4-5 саата целио усмрден на цигари оти там сите фраери пушеа, пиеја пиво и играа флипери.. И коа ме потфана тате, завратници, завратници, да видеш дали Луки па ќе оде флипери да гледа и да се умирисува на цигари.... Или па некој од маалата докопа 10 денара, па оде купува сладолед, па другите трчеме по него, белки ќе даде малко... :icon_lol::icon_lol::icon_lol:

Или па одееме на риби со мрежени вреќи од пипер, дојдеш си вечерта дома усмрден оти цел ден си бил по батаци, буништа, реката... Бапнеш се под чешмата, оти летно време, замачкаш се со бишково сапунче и како нов... Бедно, ама безгрижно до даска... Па би сакал да се врне.
 
Еднаш цела кутија од Турција ми донесоа,се надув ко балон! Многу добри беа.

А овде цела кутија беше околу 150 денари :)

Kaжи кај да ги бараме сега, ептен се ретки само инцидентно по некој поголем маркет :(

Ги има овие и сега скоро во секој дуќан... ако не во дуќан иди во магацин и земи си цело пакетче :D
 
Ви текнува на едни жетони со женска и кога ке го лижнеш жетонот женската се соблакаше. :ROFLMAO:
 
Да ти ебам клик клакот,децава пак се растропаа ( сега ме нервира ) случајно вчера пребарувајќи на таван најдов клик-клак Ама од оние коскените што ги викавне жолтите, седнав на една греда викам ај да ги растропам, ги затегнав стегнав чворовите нацентрирав, и си искршив прсти и глуждот :pos:
Ама пак им го фатив редот,кога се симнав им викам на детиштана елате чичо да ви покаже како се лупа,ама на зимање кој најдолго ке излупа тој ги збира , им ги собрав се и на жица. :icon_lol:
Арно ама ете ти ги за 15 минути пак купиле други.
 
полицијата ме бркаше секој ден во зима поради ова :pos: а да се пофалам ниту еднаш не ме фатија...
petarde1-580x350.jpg


п.с. овие со црвено на врвот беа со свирење :D
 
Gord sum sto sum imal detstvo so sive ovie raboti:place: !
Mislam deka nemate postirano uste eden crtanfilm,bese so majmuni-edna majka i nekolku mali majmuncina sto se kacvea po avtobusi :)

Леле леле :pos: кај ти текна . Мора да го најдеме тој цртан , макар ги прашале директно во Мтв. Која екипа беа , Мајмунката и 5-6 мали мајмунчиња :pos:
--- надополнето: 23 октомври 2012 во 15:52 ---
Имаше уште еден легендарен цртан , кога ќе се соберат 5-6 животни , и цел ден ќе пешачат по пат , ќе си прават муабет и ќе им помине денот.
Имаше јака фраза заради која толку добро го помнам цртаниот . Eдно од животните си купи сладолед , и еден од другарите му вика:
-Сладоледот сам ако го јадеш , вкусот нема да му го сетиш .

:pos:
 
Имаше уште еден легендарен цртан , кога ќе се соберат 5-6 животни , и цел ден ќе пешачат по пат , ќе си прават муабет и ќе им помине денот.
Имаше јака фраза заради која толку добро го помнам цртаниот . Eдно од животните си купи сладолед , и еден од другарите му вика:
-Сладоледот сам ако го јадеш , вкусот нема да му го сетиш .

:pos:

По патот со облаците?
 
се сеќавам на оние будилници- на навивање, потоа на диапрожекторот:pos: на ленташот, на оние огромни фиксни телефони - и на гондолата што и ја искршив на сестра ми- беше доста голема -работеше на батерии имаше некоја балерина на неа и свиреше - светеше ..... и на една нејзина кукла која многу ми идеше на нерви :pos: исто така на батерии и као нешто зборуваше ако и’ ја извадеш цуцлата- викаше нешто на италијански - и она, кај и да одевме ја влечеше со нас- па јас од инат дека не ми дозволија еднаш кучето да го понесам на одмор- и ја искршив гондолата , а куклата , не можев ништо да и’ направам бидејќи постојано беше со неа дури и кога спиеше
 
А му текнува на некој за филмот што го даваа порано на МТВ со друштво од 5-6 деца и еден мајмун незнам како се викаше точно.. па возеа нешто велосипеди од оние за двајца што се па знам дури и трки имаше каде што во една трка откако се повредија децава возеше мајмунот ? :D
 
А му текнува на некој за филмот што го даваа порано на МТВ со друштво од 5-6 деца и еден мајмун незнам како се викаше точно.. па возеа нешто велосипеди од оние за двајца што се па знам дури и трки имаше каде што во една трка откако се повредија децава возеше мајмунот ? :D
Го има сигурно во темава, мајмунчето Алис се викаше :)
Знам почнуваше со тоа што отвараат гепек од кола и таму седи мајмункава :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom