Ја отворам оваа тема со намера да проговорам јавно за мобингот кој се случува во една банка кај нас. Има стотоци жртви на нивната бедна политика . Луѓе кои работеле часови и часови прекувремено, работеле саботи-неплатено, а на никој не му паѓало на крај памет да се пожали, затоа што постои страв за работното место. Да не го спомнувам секојдневниот притисок за исполнување на нереално високите таргети-за ова сигурно ќе ме разберат сите што барем некое време поминале во банката.Стотици луѓе се избркани, и што е уште пострашно, агонијата со отпуштањата продолжува. На местата на луѓе кои работеле по 9,10 години во банката, се носат други луѓе кои работат за многу помалку пари. Во банката жените кои се враќаат од породилно, после некое време се отпуштаат од работа. Се надевам дека многу вработени и поранешни вработени ќе се препознаат и ќе се приклучат на форумов, со цел за ова да се слушне што погласно и подалеку.