Не знам вармастер, јас прв пат слушам за таа опција, а верувај ми, доста се имам распрашувано. Тај другар ти да не е некој исклучок

Со туристичка виза во Америка не можеш да работиш, т.е.легално не смееш, иако верувај сите работат. Си најдат работодавец што ги знае и што не ги замара многу со документација и си работат. Само треба ССН да имаш, што јас веќе имам. Исто за тоа што сте пишале дека со туристичка виза некоја фирма ќе ти направе договор и за да останеш, мало сутра

Тие визи се за некои експерти, научници, доктори, обично индијците ги имаат, тешко дека некој мене ќе ми даде таква виза хаха
Инаку јас друго мислев, во смисла дали има шанса откако ќе завршам факултет некако да отидам. Мене ми е битно само да стигнам таму, инаку за натаму веќе имам пријатели ова она, ќе се снајдам. Освен ау паир програмата, знам и за оваа опција со бродската виза, па ме интересираше конкретно дали со таков тип на виза што ја добивате за на брод, на најпрост начин кажано, може откако ќе се вратиш во Македонија, после истекот на договорот, да си резервираш лет и на аеродром да поминеш со таа виза. Како што сфатив од вашите одговори, не може, туку мора и туристичка да се вади, така ли? И сега за туристичката некако олеснување ли е ако веќе имаш добиено бродска? И ако имаш поминато една година на брод?
А тончи, за пракса се имам распрашувано, ептен убава опција е, ама за некој што студира англиски јазик нема баш многу можности за пракса таму.
Се извинувам малку ако ве реметам надвор од темата. Поздрав
