Работа на брод

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzings
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво, луѓе. Извините што вака ви упаѓам во тема, ве читам така чат пат ама прашањето ми е малку поразлично. Се случило ли некогаш некој едноставно да си се симне во бродот и да си остане, ете на пример во Америка? И дали е тоа воопшто можно да се изведе? :D
 
Пасошот ти останува на бродот, незнам до каде најдалеку би отишла и да слезеш :D
 
Пасошот ти останува на бродот, незнам до каде најдалеку би отишла и да слезеш :D

Е па како тогаш вработените од бродот прават пауза во пристаниште ?

Никој нема право да те држи некаде против твоја волја, освен ако се води истражна или кривична постапка против тебе.
 
Знам за тоа, ама за во Америка SSN от ми е доволен, ако веќе планирам на црно да останувам нели, пасошот секако нема да ми врши никаква работа :)
 
Здраво, луѓе. Извините што вака ви упаѓам во тема, ве читам така чат пат ама прашањето ми е малку поразлично. Се случило ли некогаш некој едноставно да си се симне во бродот и да си остане, ете на пример во Америка? И дали е тоа воопшто можно да се изведе? :D

Јас знам доста луѓе што имаат останато али тие претходно биле како студенти во Америка и си имале извадено лична карта таму и сега ова со бродов го искористиле за да стигнат до Америка. Ако остануваш останувај или пред или после завршување на договорот затоа што тогаш си го имаш пасошот во себе си имаш куфери и нема да си многу сомнителна.

п.с препорачливо е да не се останува затоа што и компаниите што вработуваат тука ќе си имаат огромни проблеми али ти си знаеш. :)

Sent from my iPad using Tapatalk
 
Е па како тогаш вработените од бродот прават пауза во пристаниште ?

Никој нема право да те држи некаде против твоја волја, освен ако се води истражна или кривична постапка против тебе.

Ти даваат нешто како лична карта и тоа го користиш за излегување надвор плус ако сакаш да излегуваш на американски порт ти треба и I-95 форма која ти ја издаваат кога ти започнува договорот и тоа ти служи како замена за пасош иначе пасошот цел договор ти стои кај нив.

Sent from my iPad using Tapatalk
 
Јас знам доста луѓе што имаат останато али тие претходно биле како студенти во Америка и си имале извадено лична карта таму и сега ова со бродов го искористиле за да стигнат до Америка. Ако остануваш останувај или пред или после завршување на договорот затоа што тогаш си го имаш пасошот во себе си имаш куфери и нема да си многу сомнителна.

п.с препорачливо е да не се останува затоа што и компаниите што вработуваат тука ќе си имаат огромни проблеми али ти си знаеш. :)

Sent from my iPad using Tapatalk

Како мислиш пред или после завршување на договорот? Може така? Во смисла ти завршува договорот, и си се качиш на авион за Америка и си поминеш на аеродромот со таа виза?:vozbud: Јас не сум баш запознаена со бродската виза, знам дека е транзитна, и тука имам прочитано дека за да се влезе во Америка требало и туристичка да имаш, точно е тоа? И кога аплицирате за таа туристичка, пред да се тргне за на брод? Пошто знам дека не ја даваат баш лесно на Македонци? Инаку бев јас ова лето како студентка, сега се мислам дали да аплицирам и за наредното, или прво на брод малку да поработам па после ако има некој начин. Последна година сум на факс, така да ова ми е last chance. А баш не сакам никому проблем да направам, најискрено.. Доволно ми се мене проблемите :D
 
Според мене најдобро а легален начин е следниов.

Во принцип на прв договор имаш C1/D1 за една година виза која е нешто како транзитна и со неа на америчко копно можеш максимум 3 дена (не сум сигурен дали беа 3 или 1), доколку имаш трансфер или слично и мораш повеќе да се задржиш ти даваат во имиграционо као некое продолжување за колку дена ти требаат ама тоа од компаниите ти гарантираат. Е сега значи кога стигаш на брод ти го земаат пасошот и ти даваат I-95 книгиче кое ти е исто како пасош. Знаат од имиграционо да прават контроли да дојдат на брод и тогаш имаш шанса да го видиш пасошот затоа што со него одиш и ти ја проверуваат визата.

Е сега кога заминуваш го добиваш пасошот назад и тогаш можеш со него во џеб наместо на авион да си останеш само што со тоа си на црно и пасошот исто како да го немаш.

Мој совет е да си се вратиш назад и за втор договор кога ќе бараш пак виза за C1/D1 во исто време да си аплицираш и за B1 која е туристичка. Многу пријатели добија на 10 години C1/D1 и на 2 години B1. Е сега со таа виза туристичката можеш да шеташ низ америка но несмееш да работиш. Но исто така и никој не ти ни забранува да бараш работа. Не е нелегално да бараш работа. Така да најдобро е со новите визи да си одиш и да си го одработиш и вториот договор и наместо за назад дома доколку имаш каде да останеш да си останеш. Дали ќе си дадеш отказ или не небитно. Додека ти следи одмор 2-3 месеци најдобро е да си останеш во америка и со платен адвокат да ти среди документи за работа на копно. Или пак да си најдеш фирма која ќе ти даде и работен договор и тамо да си бараш виза за работа со тој договор. За адвокатот спреми 4-5000 долара и завршена работа. Обично ти даваат за 5 години работна виза која после тоа многу лесно се продолжува.

Овој начин според мене е многу добар и легален начин да си останеш а не да остануваш на црно и да бегаш од бродови. Едино што мораш да се вратиш еднаш за да добиеш Б2 виза. Мислам дека жртва една година не е ништо страшно....
 
Со C1/D виза можеш да останеш на територија на САД до 29 дена без прекин, по потреба тоа да се продолжи.

И да имаш комбо со B1/2 виза немаш пак social security number или матичен, така да или бараш контакт на брод преку некој да останеш на копно легално со работна виза, или премногу ризикуваш да завршиш во имиграциски притвор шо можи многу да трае и после тоа да заборавиш на влез не само во САД, туку и некои други земји кои се пожелни како дестинации за емигрирање.

За некои членови на екипажот кои доаѓаат од земји шо се сметаат за високоризични според некои процени да останат како илегалци по завршување на договорот, од брод со се пасош се испраќаат до качување во авион со обезбедување, така да треба да се размисли добро дека не е ова заебанција, неколку грешки последователно и компанијата носи одлука да не најмува повеќе државјани на одредена земја.
Компаниите имаат непресушен извор на работна сила, ако не е МКД ќе биде др. земја, ама дали македонците имаат толку многу алтернативи за работа во странство со МКД пасош и добра заработка, па да се затвори и таа врата треба сериозно да се размисли пред да се преземе таков чекор.
 
Да де со B1/2 немаш право да работиш но имаш право да си туриста низ USA а додека си туриста не е нелегално да добиеш работен договор од америчка фирма и адвокат да ти среди документи. Мој другар цимер така направи. Мислам дека околу 4-5000 долара ја плати таа услуга.
 
доколку некој со Ц1Д виза кидне на копно компанијата плаќа казна за него/неа. Ако доволен број на луѓе го направат тоа таа бродска компанија ги забранува жителите на таа земја.
Доколку си илегалец у америка, не дај боже за било каква медицинска помош чекаш на ред заедно со бездомниците.
Амо мислите дека македонското здравство е лошо, не сте виделе доволно.

Nema.izbor штом студираш, барај си ствари како студентска пракса и слично. Не ставај трн во здрава нога.
 
Не знам вармастер, јас прв пат слушам за таа опција, а верувај ми, доста се имам распрашувано. Тај другар ти да не е некој исклучок o_O Со туристичка виза во Америка не можеш да работиш, т.е.легално не смееш, иако верувај сите работат. Си најдат работодавец што ги знае и што не ги замара многу со документација и си работат. Само треба ССН да имаш, што јас веќе имам. Исто за тоа што сте пишале дека со туристичка виза некоја фирма ќе ти направе договор и за да останеш, мало сутра :pos: Тие визи се за некои експерти, научници, доктори, обично индијците ги имаат, тешко дека некој мене ќе ми даде таква виза хаха

Инаку јас друго мислев, во смисла дали има шанса откако ќе завршам факултет некако да отидам. Мене ми е битно само да стигнам таму, инаку за натаму веќе имам пријатели ова она, ќе се снајдам. Освен ау паир програмата, знам и за оваа опција со бродската виза, па ме интересираше конкретно дали со таков тип на виза што ја добивате за на брод, на најпрост начин кажано, може откако ќе се вратиш во Македонија, после истекот на договорот, да си резервираш лет и на аеродром да поминеш со таа виза. Како што сфатив од вашите одговори, не може, туку мора и туристичка да се вади, така ли? И сега за туристичката некако олеснување ли е ако веќе имаш добиено бродска? И ако имаш поминато една година на брод?

А тончи, за пракса се имам распрашувано, ептен убава опција е, ама за некој што студира англиски јазик нема баш многу можности за пракса таму.

Се извинувам малку ако ве реметам надвор од темата. Поздрав :cenzura:
 
Значи со туристичка виза несмееш да работиш легално, но смееш да бараш и има адвокати кои вршат работа. За ова 100% знам дека може. Но сепак мора да имаш некој да ти помогне. Верувај дека ако најдеш работа т.е. работодавец што сака да ти помогне ќе ти заврши работа. А работодавецот нема да те вработа со туристичка виза туку ќе ти даде работен договор со кој адвокатот ќе ја брка процедурата. Можеш тоа и од тука ама треба да те знае за да ти даде договор зошто реално зошто некој би барал од тука работник освен ако не си стручен. Но кога си тамо многу полесно можеш да најдеш работа од тука тешко. Затоа кога си тамо е подруго. И многу македонци ваѓале документи со адвокати. Цимерот мој беше двапати преку work & travel и вториот пат четвртиот месец што е за шетање он со адвокатот заврши работа. Кој документи и што како прави незнам но 100% гарантирам дека така си ја бркаше процедурата. Е сега има шанса и да не добиеш но тоа е многу ретко. Но и да не добиеш не ја губиш туристичката виза така да ако не успее тоа тогаш на црно терај си.
 
Zdravo,momentalno sum na carnival zaedno so devojkami kako ass.waiters sakame da smenime department vo bar no ni bese kazano deka treba da cekame do 12 meseci za promena na department.Sakav da prasham nekoj za iskustva na drugite kompanii dai e dobro vo bar i na koja brdska kompanija bi bilo dobro da se aplicira dali nekoj znae za naredni intervjua vo mk za bar i na koja kompanija bidejki gledam mnogu luge koi rabotat za majomi kouzon.Licno iskustvo NEMOJ NIKOJ DA IDE KAKO ASS WAITER rabota 10 sati od koi pocnuvas vo 6 nautro zavrsuvas vecer vo 11.Ako nekoj ima info kako e na drugite kompanii vo bar (plata so tips i raspored na rabota ) neka spodeli.
 
Од бродските компании само Карнивал имаат официјална каплс полиси.
Некои имаат неофицијална, а некои воопшто не прифаќаат барања на парови. Знам брачни парови што беа качувани на различни бродови, па после они на свој трошок еден од нив правеше трансфер од брод на брод.

У бродскава индустрија у принцип имаш или пари или шетање, ги немаш и двете.
Мој личен совет би бил да си останете на Карнивал, стиснете заби, истерате договор и кусур и да почнете процедура за трансфер.

Другите кајганџии можеби ќе имаат друг совет.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom