Работа на брод

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzings
  • Време на започнување Време на започнување
колку време чекавте додека да се качите на брод..од интервјуто..?
Јас 4 месеци скоро, ќе беше многу побрзо само имавме проблем со една вакцина нешто.

Sent from my HUAWEI GRA-L09 using Tapatalk
 
Во Септември бев на интервју во Загреб, се укрцав на брдо во Декември. Не се сеќавам колку пројде од аплицирањето до интервјуто.
 
колку време чекавте додека да се качите на брод..од интервјуто..?

Јас во септември правев интервју на 10 октомври летав :) многу брзо ми се погоди околу 3 недели чекав. Спремањето ми беше во една недела. Во средата ми се јавија, четвртокот уплатив за пин за амбасада, петокот полагав испит, Саботата на свадба бев, недела монтирав свадбата :), понеделник интервју за виза, вторникот ја зедов визата и лекарско направив, средата се пакував и во четвртокот насабајле кај 4 заминав.

Пола фамилија и пријатели не ни знаеја дека заминав се набрзина се оддигра.
 
На сајтот на Коузон има дел за ИТ работни места на брод од типот на техничар за хардвер, копмјутери и мрежи, но ништо подетално. Има некој тука со искуство од такво работно место директно, или пак некој кој познава таков случај индиректно?
 
Батали им го ти сајтот на Коузон, нивниот веб сајт е чиста копија од туѓ темплејт, а суровата вистина те чека кога ќе ги посетиш и ќе ги прашаш за работа на такво работно место на брод.

Јас бев да прашам за пријатели мои и ја истрпев таа нивна таканаречена презентација која ја одржуваат секој вторник, и тоа беа 2 или 3 часа кои многу поубаво ќе ги потрошев на било кои други активности, па макар и на дремење во кревет.

На крајот пријателите заминаа и дочекаа да го видат морето, но на копно, а не на брод - едниот фати џаде за Шведска, а другиот за Австралија, бидејќи на информатичарите им бараат да поседуваат сертификати за сервисирање и одржување на компјутерски системи и на компјутерски мрежи за на брод, а бидејќи тие не се подготвени да фрлаат пари за курсевите и испитите во Сеавус - отприлика околу 1.500 евра за Comptia A+ и за Comptia Network+, полесно им беше да си најдат контакти преку LinkedIn и така да си фатат џаде во странство, наместо да фрлат пари за курсеви и испити за професионална сертификациј, за потоа да чекаат и да се надеваат дека некој ќе ги прими на брод како информатичари.

Патем, бидејќи информатичарите навистина се добро платени на брод и живеат и работат во многу поудобни и попристојни услови наспроти останатите работници на бродот - барем така ми кажаа некои нашинци кои работат на брод, не знам колку е вистина, како и да е, за такви удобни и пристојни работни места, самите бродски компании ќе си најдат луѓе од нивната матична држава кои ќе работат како информатичари на брод, наместо да увезуваат информатичари од странство.
 
Не мора да значи, јас имав другар IT specialist на Celebrity и не им се така добри условите како што си опишал,6 души се у IT department и имаат бааѓи работа, јас како собар имав повише слободно време од нив на порт, а платата ни беше слична јуниор 1850$ фиксна а една позиција погоре 2450$, другарот беше украинец и прво бил pool boy па со cross тренинг се префрлил у IT, проблемот што тешко се иде на тие позиции е у тоашто департментот е премал :(
 
Здраво имав прелиминарно интервју во кое се представив како junior cabin steward, и бидејќи сум бил мн. млад 20години типкава ми вика ке те пишам ultility, (јасно дека не би го прифатил ultility бидејќи што се вика и парите за цела процедура нема да ги извадам) сакам да ве прашам дали има некое чаре пред бродската компанија да се понудам како junior cabin steward, дали има некој слично искуство ? Се работи за коузон ....
 
Јутилити Хотел? која типка? и зошто се пикаш како Хаускипинг?
 
Јутилити Хотел? која типка? и зошто се пикаш како Хаускипинг?
Јас лично сакав да одам келнер, требало два јазика и мал сум бил. После ми предложија за лежалките и прифатив, од лежалките бидејки немаше време да доземам обуката ми рекоа ај оди јуниор кабин. на прелиминарните некоја Александра ми вика бидејки си мал ке те ставам ултилити клинер во хотел. Многу не професионална и не сериозна работа, од коузон разочаран сум стварно...
 
Два јазика за келнер? Мммммне.
Поздрави ја ти Александра, и оди во Мајоми. Александра изглеа сака да попуни место и да праќа луѓе по секоја цена. Обука за влечење на лежалки не ти треба, освен ако незнаеш каде се ногарките и како се склапа. Неверојатно.
Со сигурност ти кажувам дека можеш како малолетен да работиш како келнер или Јутилити Бар (лежалки) на NCL.
 
Aplicirav za ass. Storekepeer za ncl preku majomi. Samo sto mi se javija da prasaat koga sum sloboden za intervju na skype naredniot den mi stigna mail od ncl deka ne gi ispolnuvam uslovite. Se javiv vo majomi mi vikaat ne se sekiraj takov im e sistemot. E sea prasanjeto mi e stvarno e takov sistemon ili me matkaat "nasive"?
 
Storekeeper не ми звучи познато, Linenkeeper веќе да, можно е да е иста позиција. Ме интересира кои услови не ги исполнуваш.
 
Ass. storkeeper окоlу 900$ беше плата ваљда има некој магацини за рестораните така се води позицијата бараат година ипол искуство со храна и пијалоци и година дена со добавувачи, а јас реално имам повеке од 5год искуство у магацин од кој 3 бев супервизор на одел за храна и се ова пишува во CV. Од агенција ми вика не се секирај системот така ги праќа пораките. Сеа незнам дали да чекам од агенција пошо демек рекоа дека чекаат дата за интервју или да им вратам на мејлот на NCL.
 
ако е автоматизиран мејл, ондак не праќај одговор. Таа позиција не е лесна, работа со виљушкари има, и растовар на робата. Не се сеќавам да сум сретнал некој на таа позиција на брод, јас сум на NCL веќе 4 договори. Али не велам дека ја нема. Ќе пратам порака кај пријател кој е таму моментално, и го имам видено како разнесува пијалаци, чим ми врати ќе те известам
 
OK фала ти. Инаку не се плашам од работа истото го работам и сега возам виљушкари и пакувам ко црнец и товарам и истоварам. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom