Јас 4 месеци скоро, ќе беше многу побрзо само имавме проблем со една вакцина нешто.колку време чекавте додека да се качите на брод..од интервјуто..?
Sent from my HUAWEI GRA-L09 using Tapatalk
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Јас 4 месеци скоро, ќе беше многу побрзо само имавме проблем со една вакцина нешто.колку време чекавте додека да се качите на брод..од интервјуто..?
колку време чекавте додека да се качите на брод..од интервјуто..?
многу брзо ми се погоди околу 3 недели чекав. Спремањето ми беше во една недела. Во средата ми се јавија, четвртокот уплатив за пин за амбасада, петокот полагав испит, Саботата на свадба бев, недела монтирав свадбата
, понеделник интервју за виза, вторникот ја зедов визата и лекарско направив, средата се пакував и во четвртокот насабајле кај 4 заминав. На сајтот на Коузон има дел за ИТ работни места на брод од типот на техничар за хардвер, копмјутери и мрежи, но ништо подетално. Има некој тука со искуство од такво работно место директно, или пак некој кој познава таков случај индиректно?
Батали им го ти сајтот на Коузон, нивниот веб сајт е чиста копија од туѓ темплејт, а суровата вистина те чека кога ќе ги посетиш и ќе ги прашаш за работа на такво работно место на брод.
Јас бев да прашам за пријатели мои и ја истрпев таа нивна таканаречена презентација која ја одржуваат секој вторник, и тоа беа 2 или 3 часа кои многу поубаво ќе ги потрошев на било кои други активности, па макар и на дремење во кревет.
На крајот пријателите заминаа и дочекаа да го видат морето, но на копно, а не на брод - едниот фати џаде за Шведска, а другиот за Австралија, бидејќи на информатичарите им бараат да поседуваат сертификати за сервисирање и одржување на компјутерски системи и на компјутерски мрежи за на брод, а бидејќи тие не се подготвени да фрлаат пари за курсевите и испитите во Сеавус - отприлика околу 1.500 евра за Comptia A+ и за Comptia Network+, полесно им беше да си најдат контакти преку LinkedIn и така да си фатат џаде во странство, наместо да фрлат пари за курсеви и испити за професионална сертификациј, за потоа да чекаат и да се надеваат дека некој ќе ги прими на брод како информатичари.
Патем, бидејќи информатичарите навистина се добро платени на брод и живеат и работат во многу поудобни и попристојни услови наспроти останатите работници на бродот - барем така ми кажаа некои нашинци кои работат на брод, не знам колку е вистина, како и да е, за такви удобни и пристојни работни места, самите бродски компании ќе си најдат луѓе од нивната матична држава кои ќе работат како информатичари на брод, наместо да увезуваат информатичари од странство.

Јас лично сакав да одам келнер, требало два јазика и мал сум бил. После ми предложија за лежалките и прифатив, од лежалките бидејки немаше време да доземам обуката ми рекоа ај оди јуниор кабин. на прелиминарните некоја Александра ми вика бидејки си мал ке те ставам ултилити клинер во хотел. Многу не професионална и не сериозна работа, од коузон разочаран сум стварно...Јутилити Хотел? која типка? и зошто се пикаш како Хаускипинг?