Пушам, да, и тоа многу. Некогаш ми се збира да испушам и по две кутии на ден, кога сум по цели денови на факултет или со некои обврски. Е чудна работа, иако дома пушам, кога седам дома, имам помала (поретка) желба за цигара. Како и да е, си пушам веќе долго време, почнав ко „копиљ“ чисто само за чалам, и со тек на време ми премина во навика, која искрено, нит сум се потрудил, нит ќе се потрудам да ја искоренам.
Негативна страна...од тој чаламот ми остана навика да пушам поубај цигари...еден период пушаев Marlboro црвено меко паковање, па се префрлив на Davidoff Full Flavour (црните), ама ко видов дека ептем ме пукаат тие, сега си ги пушам белите, лесни се, имаат убав вкус и така. А пукаат на џеб, мамата...
Е така, ојдов јас да крадам од татко упаљач, да запалам едно цигаре...