Пукна нуклеарката во Јапонија

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување
ЦИА нема ништо откупено, туку сами го имаат направено и како што реков, работат да пронајдат начин за комуникација со нивните трупи насекаде во светот.

Мислеше на планските нацрти на проектот, концептот и правата, не на проектот itself.
 
Реално централата издржа на земетрасот,но не издржа на цунамито што последва. :toe:

Добро тоа да, впрочем 90% од градбите во Јапонија го издржаа земјотресот, ама цунамито, е тоа не.
И тој ѕид што го имаа од 4 или пет метри колку и да беше не беше доволно јака препрека.
Без разлика, тој земјотрес го предизвика тоа цунами, од тој земјотрес премногу опасности доаѓаат.Се активираа вулкани, цунами и ред други работи.
Затоа говорам дека се во далеку поинаква положба од Македонија.
Тука ако има поместување на две плочи, таму поместувањето се изведува помеѓу 4 плочи.
 
Апдејт на темата: Состојбата на реакторите во Фукушима!

Токио, 16 март 2011 (МИА) - Високото ниво на радијација не дозволува на хеликоптер на јапонските сили за самоодбрана да го полее со вода Третиот реактор на „Фукушима 1“ во североисточниот дел на Јапонија.

Јапонските медиуми во меѓувреме објавија преглед за шесте реактори на нуклеарната централа „Фукушима 1“ и четирите реактори на „Фукушима 2“ во префектурата Фукушима, 220 километри северно од Токио, кои се оштетени минатиот петок во разорниот земјотрес од 9 степени и подоцна од брановите цунами.

nuklear_reaktor_japonija.jpg

Ви наликува на нешто...??
nuklear_reaktor_japonija2.jpg

Централа „Фукушима 1“

- Реакторот број 1 - Прекин на ладењето, делумно топење на јадрото, испушта пареа, зградата оштетена во саботата од експлозија на водород, се впумпува морска вода заради ладење.

- Реакторот број 2 - Прекин на ладењето, се впумпува морска вода, шипките на гориво времено целосно изложени, испушта пареа, зградата оштетена во понеделникот од експлозија во реакторот број 3, оштетен дел од реакторот во вторникот, се стравува од можно топење на јадрото.

- Реактор број 3 - Прекин на ладењето, се стравува од делумно топење на јадрото, се впумпува морска вода, зградата оштетена во понеделникот од експлозија на водород, високо нивоа на радијација измерени во близина во вторникот. Чад забележан денеска, веројатно од оштетување на дел од реакторот.

- Реактор број 4 - За време на земјотресот бил во фаза на ремонт, во вторникот изби пожар веројатно предизвикан од експлозијата на водород во базенот со искористени шипки, нивото на водата во базенот не е познато, денеска забележан пожар во зградата со реакторот, не успеало со впумпување на вода да се олади базенот.

- Реактори број 5 и 6 - Во фаза на одржување во време на земјотресот, температурата малку расте во базените со искористено гориво.

Централа „Фукушима 2“

- Реактор број 1, 2 и 4 - Прекинато ладењето, потоа ладно изгаснати.

- Реактор број 3 - Ладно изгаснат.

Извор: Идивиди

Чернобил
300px-Chernobyl_Disaster-378x349.jpg

Фукушима
FukushimaPowerPlant3_Explosion_031411_AfterSatellite.jpg

Исти к*рац различно пакување....
 
напротив,иднината на снабдувањето со струја треба да се гради во овие погони !!! треба правилно да се постават работите и СЕ ќе биди под контрола......што мајка барале да ја градат до морето јапонците,ако немале доволно вода нека смислеле друго чаре,ја изградиле централата да издржува земјотреси,а ја заборавиле силата на морето....
местоположба
ајде бре... имаш чуено за сонце... ветер... реки?
Од сите тие може да се произведува струја... а и не е толку опасно како од нуклеарните централи... отпадот одтие нуклеарни централи не се разградува брзо... а долколку се деси некој голем земјотрес... шит хеппенс...
патем.. ние сме глупи шо трошиме струја без везе, па мора да се градат такви нуклеарни централи за да се задоволат потрошувачките капацитети...
 
Да, можеш да произведуваш,но само за споредба - цената на струjaта от сонце и ветер е около 20 пати поскапа от тази на нуклеарната енергиja.
Дали ти си подготвен да плакjaш 15-20 пати поскапа струja?
 
Да, можеш да произведуваш,но само за споредба - цената на струjaта от сонце и ветер е около 20 пати поскапа от тази на нуклеарната енергиja.
Дали ти си подготвен да плакjaш 15-20 пати поскапа струja?

да спремен сум.. бидејки знам дека сум помалку изложен на ризик... и дека идните генерации нема да бидат зомбиња...
 
да спремен сум.. бидејки знам дека сум помалку изложен на ризик... и дека идните генерации нема да бидат зомбиња...

Mислеше, дали си спремен да плаќаш 15-20 пати поскапа струја од твој џеб кога ќе пораснеш. Не да плаќаат мама и тато. Преку кур од форсирање морал и етика.
 
Mислеше, дали си спремен да плаќаш 15-20 пати поскапа струја од твој џеб кога ќе пораснеш. Не да плаќаат мама и тато. Преку кур од форсирање морал и етика.

Да... многу е... но.. ке штедиш... наместо да седиш цела вечер на компјутер... да гледаш ТВ до сабајле... да се бањаш по 5 пати неделно...
Морал и етика... да ... матреалисти едни....
 
@pumaval Така едноставно да изгледа префрлувањето на зелена енергија, ќе го направеа до сега. Енергетски џин како Јапонија не може да функционира на ветер и море, треба цела земја да ја покријат со ветерници.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom