- Член од
- 3 март 2020
- Мислења
- 2.413
- Поени од реакции
- 5.067
Од вчера разбарувам по интернет информации, и еве што изнајдов за пукање во школо и за тоа дали тие што пукаат во соучениците се психопати:По мене, не се родителите криви, не се децата криви... криво е општеството.
* повеќето од извршителите се терористи, а не психопати, односно само околу 20% од извршителите имале ментална болест, значи не - не се сите психопати;
* во најголем дел го извршуваат машки, не женски;
* индивидуи кои се осамени од некоја причина, чудни, и кои имаат дома пристап до оружје;
* поголемиот дел од нив доаѓаат од нефункционално семејство (на разведени, починат родител, алкохоличар или наркоман по дома, и сл.), иако некои научници сметаат дека ова и не е толку значајно, туку позначајни се социо-економските фактори на средината;
* поголемиот дел од нив никогаш претходно не направиле никаков проблем во школо, но затоа имале историја на малтретирање на животни.
Друго:
* Медиумите ги нарекуваат извршителите „ладнокрвни или бесчуствителни психопати“ со што се изземаат од било каква одговорност, нели психопат не можеш да запреш во намерата да убие;
* Масовните убивања се случуваат во краток временски интервал неколку едно по друго;
* Секогаш има индивидуи кои се восхитуваат на извршителот, и кои се склони да го копираат настанот.
п.с. Наидов и на објаснувања околу синапсите во мозокот дека на извршителите на вакви пукања нешто им е поинакво во врска со синапсите, посебно со оние синапси одговорни за донесување одлуки. Ама ова објаснување ми се виде медицински сложено, па не го читав баш внимателно за да можам да го препраскажам.