Бавча
идол на младите
- Член од
- 25 декември 2007
- Мислења
- 11.618
- Поени од реакции
- 10.876
Најзатуцаната музика евр. Од најопен мајнд сцена премина во најклоус, ама тоа е сосема друга тема. Шта речи а не заплакати...ова трансов живот ми смени. Да не кењам, почнав пред некои си добри 15-16 години и ден денес уште ме држи. Дел сум од оваа култура многу години, како слушател, денсер, а најпосле како артист и чат пат диџеј (ептен кога ќе се начукам). Сменив 3 проекти, од кои 2 се сеуште актуелни, водам лејбел, промо менаџер на друг лејбел, како и работам во артист менаџментот за најголемиот светски псајкеделик фестивал "Бум". Сум видел се и сешто, сум свирел низ цела Европа, и добро и лошо ама само оваа музика знае да ме однесе таму од каде што сум дошол на оваа планета. Го живеам овој живот многу години и веќе сум навикнат на текот а и богами знам каде оди сета оваа филозофија. Единствено ми е жал што имаме артистишта, ама немаме почит кон истите овде, нити пак има комуникација, нити пак има било што позитивно од таа смисла. Кога настапуваме надвор, луѓето ни се клањаат, овде мочаните "организатори" гледаат да те прогураат за без пари и евтини лаги, од кои после губат дигнитет и образ. Ама тоа се други теми, да останам позитивен сепак.
Верувам дека повеќето од вас посетиле фестивали и го осетиле тој филинг, ту фил, осечати се како едно со сите. Такво време имавме и ние овде, на времето...одамна испари за жал и криво ми е што младиве генерации не го осетија, иако има револуционери кои се борат сеуште. Јас се откажав и се концентрирав на кариерата надвор, овде настапувам ептен за блиски пријатели или на приватни журки. Меѓутоа од сето ова искуство можам да извлечам многу позитивни работи, бидејќи стекнав голем број на пријатели ширум светов за што сум екстремно благодарен на универзумот кој ми даде таква шанса да го живеам и работам тоа што го сакам. Годинава ја завршувам со настап на Непал на прочуениот "Spiritual Ritual Festival", кој го чекав 2 години и напорно работев за да стигнам таму. На сите младичи кои почнуваат да се занимаваат со музика, а посебно со овој стил им посакувам да бидат упорни и да веруваат во себе, бидејќи се е можно. Останете психоделични и позитивни. Позз.