Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
После оваа анализа на Виктор ГГ за Дивајн...можам да кажам само дека сега стравот ми е ослободен и ке ја шмекам Дивајн. :kajg:
И јас ќе ја шмекам. Иако веќе подолго време го правам тоа. И Викторгг ми ја зема Дивајн пред нос... Знаев дека вчера требаше да ја психоанализирам а не да оставам за денес.:( Ама ај за некое време и јас ќе ја направам веројатно една од најпристрасните психоанализи на форумов, поврзана со Божествената.:back:
 
Новинарка

По неколкучасовното дубарање врз мониторот и блудничењето во профилот конечно дојдов кон многу заклучоци. Прво аватаро во склоп со титлето и граво. Аватарот ти означува на сето она што е “in” на форумот. Како и секое чудо, и ова ќе исчезне во неповрат така да ќе бидеш принудена да го смениш “имиџот“ на членскиот профил. Но, сепак deep in your heart имаш една резерва – Amy Lee. Let me guess my friend... she has been your idol since you entered highschool – времето кога се покажуваат првите оформувања на ставовите. Така да не верувам дека оваа девојка ќе ја замениш за некоја си Дафи, Кејти Пери (носи), Лејди Гугу итн. Сепак тоа што го имаш засакано долго време, апсолутно нема шанси да го замениш со некое друго. Кај тебе е правилото: или нештото се случува со брзина на светлината оставајќи само понекоја гребнатинка во сеќавањата или пак нештото пројавува голем интензитет на чувства и останува засекогаш врежано во душата. Потписот... мамата Darth Vader is a sharplaneenac. И да... само Чак Норис може од Хитлер да направи сапун:).
Е сега навлагаме у тешка психотерапија. Дакле... те имам забележано од поодамна но масивната активност на форумот не ја имаш започнато со самото регистрирање. Ти требаше повеќе време да го прошпарташ, да ги изанализираш членовите, нивните мислења, структурата на правилата. Причини за ова не на ведувам порадти тоа што се мал милион. Верувам немањето на free time е една од нив.
Темперамент... Кај тебе владее оноа: „нема постојансот кон околината“. Имаш секакво друштво – пробуваш да се вклопиш секаде – истражувајќи ја психата кај другите несвесно се пронаоѓаш себеси. Интересно е да се напомене за самотијата... Тука сите работи што ги имаш апсорбираш за време на истражувањето на околината ги ставаш на лентата за преџвакување и градење на сопственото мислење кон нештата, планирање, правење на refresh на некои спомени, пробување на бришење на непријатните...
Самодовербата е оноа, на кој начин ќе се покажеш пред светлото на јавноста. Преголемото нејзино поседување те прави да ги испливаш сите мориња на проблеми, активни учествувања во секоја дебата (и покрај тоа што некогаш немаш цврсти аргументи за неа).
Динамична личност си. Го мразиш сето она чекање на пленот да падне во рацете, ја грабиш шансата што ти се пружа. Опортунистка:) Тука би ја додал и независноста. За тебе, зрел човек е оној кој знае да се оддели од толпата, но и да се припои во секоја при што активно учествувајќи во разговорите што се водат во неа.
Избувливост... Нормално е некој кој е динамичен, непостојан да е и избувлив. Сепак најмногу избувливоста ја искажуваш кога е изврешна нечија неправда. Ахх тука најмногу се оправдува твојот ник на форумот.
Суеверност....хммм се врзуваш за предмети, настани. Како што реков на почетокот, спомените за кои си цврсто емотивно/психолошки врзана тешко бледнеат.
Како кореспондираш кон толпата... You reap what you saw. Кај тебе владее оноа, како ќе се постави тој/таа пред мене, такак и јас кон неа/него. Им помагаш на оние кои им треба помош – тоа те исполнува. Многумина ќе речат дека тоа е егоистички чин. Твој одговор :„На крај сепак подобро е двајца кога ќе се среќни нели:“)
Е сега за љубовта. За тебе не постои другар кое можеш комотно се` можеш да му раскажеш, да се довериш комплетно а сепак тој да не е твојот дечко. Конклузија: дечко ти е најдобар пријател :). Врската за тебе се заснова врз доверба и само доверба. Извршувањето на прељуба директно води кон крај на врската. Истотака тука важи правилото „далеку од очи, далеку од срце“. Главата полна со сомнежи (што ли прави тој таму сам) е оноа во кое љубовта не опстојува. И да... застапеноста на заедничкиот јазик (вкусови, интереси) е истотака предуслов за започнување на врска.

Толку успеав да искамчам иако има уште многу да се збори за тебе. За крај ќе ти дадам еден совет. Биди си она што си. Верувам дека набрзо ќе ги осознаеш границите на својата психа иако и понатаму ќе се надоградуваш како личност:)
 
Брате, тро каснам со анализава. Извини ама стварно бев зафатена досега.
Никот pain_killer – знам многу добро дека е превземен од песната од Juda’s priest. Ијааа металец! Тапанар! Долга виткана коса! Дали тоа зборува дека си агресивен? Првиот пат кога те заприметив како член на форумов, искрено те замислував како арогантна личност. Незнам од каде тоа. Сепак, интелегентен тинејџер кој често се посветува на хеви металот со големо задоволство, поврзан со талентот така што често ги искористуваш металските песни за да ти помогнат со стресот и нервозата – да ја убиеш болката.
Карактерно, но не поврзано со музиката не сум сигурна дека си мирен. Работите кои не те интересираат секогаш ги отфрлаш, а она за кое си навистина „загреан“ со 90 постотна сигурност го добиваш. Овде не се подразбираат само личности, поготово личности од понежниот пол.
Амбициозноста...хмм дали некогаш си се преценал себеси карактерно? Мислам дека одговорот на ова прашање го знаеш самиот најдобро, но никогаш немој да ги игнорираш туѓите мислења. Почитувај го своето, почитувај ги и другите и кога си сам, дозволи и некој друг да ти се придружи во работата – знаеш и сам кон што целам со ова.

Подобрно врапче во рака одколку гулаб на гранка.
Драги Алек, убаво е да бидеш задоволен со едно врапче на рака. Но за она што не си го добил од прв пат, потруди се уште еднаш. Потруди се уште два пати, три пати. Четвртиот пат и ќе го добиеш и ќе бидеш уште посреќен поради сиот тој труд.
Упс, да напоменам дека си страстен навивач за Манчестер Јунајтед како уште 1, 000ници други форумџии. Ама пази, би дошол дури до Охрид кј мене да ме истепаш во случајoт кога изгубивте од Барса :icon_lol:.
Од сега па натака – стоп со постирањето во подфорум Гурманско катче. Од таму неможам да те анализирам.
И за крај, песната која ја сакаш:


Најоладениот член на форумов :back:.

Стефан, ти си еден од ретките членови на форумов кои поседуваат цврст карактер. Навидум звучи клише, но кога подобро би те запознале останатите, би се согласиле со моето мислење. Повеќе од очигледно е дека веќе започнуваш да се градиш како личност, комплетна личност која е одговорна за своите дела. Додуша, сеуште си во тие години каде имаш простор за тон глупирања, но тоа го искористуваш до определена граница. Да, тоа ми се допаѓа, знаеш кога е доста. На почетокот кога те посматрав по форумов, имав плитко мислење за тебе, несфаќајќи те сериозно поради твојот ремет и определени фрази кои ги користиш во постирањето. Реалноста е онаа која те држи цврсто на земја, ги сфаќаш работите онакви какви што се и не се трудиш да извршиш некоја промена врз нив. Не ги склопуваш очите пред денешната сурова човечност, така да немаш никаков проблем со соочување со истата.

Ја цениш искреноста, а богами голема сатисфакција ти претставува кога некому му го плескаш своето мислење в лице и ич уво не ти чуе. Не ти пречи воопшто кога некој би бил сосема искрен со тебе, па дури и кога би те навредил. Мислењето го прифаќаш сосема нормално, што те прави уште по chill момак. И ги критикуваш останатите, но согласно со ова нема поголем самокритичар од тебе. Повторно ќе напоменам - реалист голем. На што се должи тоа – вероватно и самиот знаеш, не си го открил тоа јавно досега. Друга работа, имам забележано дека никому не дозволуваш да си игра со тебе. Доколку некој тоа го направи, знаеш тука да бидеш God damn гад. Ретко искажуваш и манифестираш нервоза, коњски нерви бе :icon_lol:. Seriosly, имам забележано дека се нервираш, но тоа го сокриваш длабоко во себе. Алал ти вера друже за ова.

GoD.HateUSaLL напиша:
… просто ми се повраќа од неписмени фаци.

Аматери, неискусни деца, недоволно запознаени со одредени теми, that’s the thing! Повеќето знаат дека не си секогаш доволно сериозен, but who cares. Кога се работи за личности кои солат памет каде што не им е местото, бре човеку, се нервираш за тоа повеќе отколку што се нервираш за некои посериозни проблеми. Остави ги, нека се адаптираат, кога – тогаш ќе научат. Некои работи не се туриваат со инка во нечиј мозок. Едноставно, тие мозочни клетки не се доволно развиени за да разберат определена едноставна/сложена работа. Или не можат, или не сакаат. Друго решение, нема.
Атеист. Овде нема да се задржам долго. GoD.HateUSaLL. Те прашаа еднаш: од каде бе друже инспирација за ников? Одговорот е - (можеби) претерана атеистичка настроеност. Не се трудам да те анализирам овде од одредени х причини, зато само ќе напоменам дека не веруваш во ништо натприродно.

Еве за крај, песнава во некои делови ме потсеќат на тебе. Се надевам погодив се' :).
:back:

Ај бе, it’s your turn.
Man, немој да речиш дека одам по твојата анализа, но аналогно морам да започнам со твојата иронија и сарказмот воедно.
Повеќе од половина од твоите 2, 500 и кусур постови се цитирање на одредени / FAILED членови кои со својата смисла за хумор или IQ го прават форумот помалку дискутабилен. Спамер4ињата, 24/7 депресивните емов4иња нон-стоп ги надмудруваш и оставаш без реплика. Да, тоа ужасно ми се допаѓа кај тебе и затоа ми е забавно да комуницираме.
(игра со зборови:icon_lol:)
It’s time to talk a little bit for your love life.
Колку и да се правиш саркастичен со ботови, кога се работи за партнерката очигледно е дека криеш во себе *огромна* љубов. Е нееее! Не е „платонска“ љубов. Ти текнува првата репутација од мене кога ја доби за постов?
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2397626&postcount=10027
Коментарот беше, indeed добар пост : ).
Да, драги мој wot. Сигурна сум дека повеќето членови на форумов, или не ги сфаќаат сериозно твоите постови во врска со љубовта, или не ги разбираат потполно. Или поради твоите 13 години (:icon_lol:), скролаат кога ќе видат некој твој пост или God damn, навистина се прости со (без)извинение. Секогаш кога те читам по таквите теми, добивам посебна инспирација, не поради посебните литературни зборови кои ги употребуваш и дека располагаш со голем речник, туку ме исполнуваат кога читам на некој необичен, а за некого премногу аматерски начин преку кој ја искажуваш љубовта кон неа.
Но...
http://forum.kajgana.com/showthread.php?p=2412554#post2412554
:nenene:
Ајде, да речам дека си го напишал тоа последното саркастично.
Во случај да не е, тука те осудувам. Се чудам како не ти забранала дотичната да се ѕвериш во туѓи задници и сл. Тоа ти е пропуст. Остави ја нека набљудува и коментира, можеби и тебе би ти се допаднале. (?!)
Сепак, се` за љубов, tough.

Кога не се работи за љубовниот живот, упорен си. Можеби и повеќе од доволно, не знам тоа. Не попушташ кога се работи за нешто што ти припаѓа токму тебе. Слатка ти е борбата со оној кој имате полно заеднички работи, а сепак не сакаш една заедничка да делите. Релативно си зрел за своите години. Борец, либерален, понекогаш поради куртоазност, поради зададени услови или доброволно.
Директност – апсолутно кажано, некогаш повеќе од доволна. Сакаш да бидеш опкружен со фини, паметни луѓе – во спротивно би правел сеир од другите :icon_lol:.

...The light that is not light is here
To flush you out with your own fear
Release your grip without a sound
Still life… immolation...​

Мое не давам, туѓо не чепкам.
Еве, толку од мене, од Господа појќе. :smir: :cveke2:
 
Дај бе за мене некој бе.Се утепав од молење и никој не сака...ццццц што луѓе ќе бевте.
 
ajdee be ve molam eddna za mene 100 imam napraveno
ama asalna
 
Дај бе за мене некој бе.Се утепав од молење и никој не сака...ццццц што луѓе ќе бевте.

и ја брат барам никако да ми напраат :)

можеби сме им тешки за анализа :smir:

Ke moze nekoj i mene da mi naprae psihoanaliza?
Дечки, за да не молите и чекате, еве одберете некој член на кој први вие ќе му направите психо-анализа, али договорете се тоа да биде под услов и тој да ви возврати со тоа што ќе ве анализира вас.
Верувам дека така кандидати за анализирање побрзо ќе се јават.
 
Aj i ja da seftosam na temava.
Sakam analiza od tebe ada.... ne se mirisavme bas mnogu mnogu, pa bi mi bilo interesno da cujam mislenje od tebe. :):)

p.s. ne baraj za vozvrat od mene analiza, oti ne me biva za toa. Se ostavam na tvojata dobra volja da mi ja ispolnis zelbata. :):)
 
Aj i ja da seftosam na temava.
Sakam analiza od tebe ada.... ne se mirisavme bas mnogu mnogu, pa bi mi bilo interesno da cujam mislenje od tebe. :):)

p.s. ne baraj za vozvrat od mene analiza, oti ne me biva za toa. Se ostavam na tvojata dobra volja da mi ja ispolnis zelbata. :):)
Ќе ми биде тебе предизвик да те анализирам :)
Али прво морам да завршам со две одамна ветени анализи.:smir:

Идеме со првата...Леандра


Првата средба у живо со тебе, одма ми беше збунка. Плави луѓе, според моите предрасуди, не би требало да бидат ко тебе (и тука не мислам на интелегенција). У смисол, таквата светла појава ми е увек асоцијација на бескрвни, ладни, крути, скандинавски карактери...а, ти душо си далеку од нешто такво. Шо и не е чудно кога ќе го убациме у игра и дупла шкорија моментот.

И случајно или не, знакот и подзнакот кај тебе страшно се поклопиле со она што си (или барем со делот што го презентираш јавно).

Прва ствар што ми се поклопуе е страст. Начинот на кој пишуваш, аватарот, ставот кон животот, сексот, партнерот...Све тоа просто вришти страст, интензитет. Нема половични нешта, бледи компромиси...или е се или е ништо.
Работите мора да се истераат до крај, ситуациите да се однесат до максимум/екстрем, партерот да биде твој и само твој, сексот да биде екстатично искуство...све да се осети до последна капка, било добро, било лошо.
Ова, од една страна е позитивно. Особено кога треба да се избориш за себе, било во лични односи, било на професионален план.

Но, нешо ми кажуе дека тоа не е баш случај. Односно дека, онаму каде што треба да ја презентираш твојата страст конструктивно (како у случаите кои ги набројав), ти се повлекуваш. И тука може да биде причина само несигурноста у себе (колку и да звучи ова излитено).

Тоа повлекување пак, ти ствара гнев, огорченост и омраза, што е многу нормално. Твојата амбиција (која несомнено ја носиш у прилични мери) и твојата потреба да искусиш максимум, поради мањакот самодоверба на моменти, стануваат потиснати и се трансформираат у негативни емоции, кои ги канализираш преку цинизам и сарказам.

Немој (и не мислам на цинизмот и сарказмот...тие се нешто шо те прави симпатична и шо ја потврдува твојата интелегенција). Велам немој да се повлекуваш и поради неоправданата недоверба во себе да го гушиш твојот интензитет и да ги намалуваш критериумите. Пушти ја шкорпионската храброст која несомнено ја поседуваш да исплива на површина. Ќе видиш дека, макар и негативниот исход, ќе биде посладок тогаш. Затоа што ќе знаеш дека си дала се од себе и не си се задоволила со бледи компромиси кои се далеку од твојата приорда.

Kога сме веќе кај малата самодоверба...Остај што како личност сакаш да бидеш сигурна дека луѓето кои ти се блиски се вистински твои. Тука и личната несигурност има улога. Ти вели дека самата ти не си доволна за да луѓето останат покрај тебе, туку дека е неопходна нивна контрола, затоа што секој момент може, и без да знаеш, да ти свртат грб.
И за жал, тоа е баш така. Никој не е ничија своина и само себе се имаш со гаранција. Се друго е тука за да уживаш во него дур го имаш. И да не го бркаш предвереме со притискот на посесивноста.

Инаку, меѓу луѓе демонстрираш прилична дистанца. И тоа е ок, ако ко карактер си резервирана. Али, убедена сум дека не си резервиран човек (барем истото се коси со интензитетот кој иначе го покажуеш), него дека дистанцата е пак поради мањакот самодоверба (ах, таа самодоверба).

Девојко, интелегентна си, убава си, духовита си, карактерна си...немаш ниедна причина да се држиш во "позадина". Озбилно. Ограничувањата не ти ги поставуе толку околината, колку што сама си ставаш узди што е апсолутно непотребно.

Патем, не знам дали животот не те мазел, или онака, вродена каракеристика ти е да бидеш ептен реална и објективна, али дефинитивно си таква.
Нема кај тебе розеви лажги, зашеќерени приказни, будалест оптимизам...Имаш потреба да ги восприемаш нештата баш онакви какви што се, а и такви да ги презентираш на околината. Што е исто ок, али знае и да боли. Најмногу тебе самата, затоа што ти е тешко да си најдеш утеха у розевите замоци кога надвор е мрачно и ладно. Али верувам дека барем сексот ти служи ко такво бекство. И истиот е многу боља опција него наивно самозалажување или алкохол/дрога (мојата специјалност едно време)

За крај, еднаш ми спомена која ти е омилената глумица, т.е лик од The L-word. А, таквите избори никогаш не се случајни, туку се резултат на нешто со кое се поистоветуваме и кое посакуваме да бидеме(и тука не зборам за сексуална ориентација).
Кај тебе истото не е пуста желба, него е многу блиску до реалноста, затоа што го носиш она што ти се допаѓа кај Shane. А, од негово реализирање те дели само твоето сопствено ограничување, кое ти вика чекај, подразмисли, преќути, исконтролирај се, не можеш и слични безвезе инструкции. Опушти се Шкорпионко, пушти се да бидеш ти. Можеш само да добиеш, ништо да изгубиш. И запамти дека ја имаш силината на Фениксот. Кој и оган да те изгори, неговиот пепел ќе те роди уште посилна.


П.С
Да не заборавам и на официјалната кафе/пиво пијачка покана:back:
 
Пиво ти частиш бидејќи јас те поканив пред неколку месеци, а од тебе ни глас ни траг:)
Фала за долго очекуваната анализа.
 
Може и мене една. Не е проблем чекање.
 
Marvin the Martian

Почињам со нешто шо може ќе го доживееш ко навреда, али, бооо, па дали ме потсеќаш на мене од до скоро?
Јас си викам, ДА.

Гнев, гнев, гнев кон малите, глупи, ситни, дволични..ма никакви суштества со кои делиш ист род. Уствари исто толку гнев кон себе.

Сарказам и привидна агресивност као штит и само-оправдување. У стилу, све е заебано, али барем ја го гледам и го признавам. А, ако прва признаам и увидам, како ќе ми вратиш? Уствари, како ќе собереш храброст уопште да ми противречиш? (и тука идат стиховите од Very Ape на Нирвана кои ќе ми бидат и као заклучок на анализава...I'm too busy acting like I'm not naive; I've seen it all, I was here first).

Агресивна самоувереност (која, баш поради придавката агресивна, е спротивно од самодоверба) што се презентира само кога има штит пред тебе, у форма на монитор или шоидае. Без него, збунето мало дете.

И да, инфантилните реакции у тебе се борат...Дали да ја скршам омилената играчка пошо може да ми ја земат, или со сервилност да ја штитам од другите, дилема. И таа највише ти се пресликуе у личните односи, т.е постојано те разјадува каде е границата помеѓу љубезност/блискост и себе-зачувување?
Не знаеш кога блискоста преминува во лигавење, кога презентирањето на себе во насилно наметнување...и се ставаш сама у блокада, па понекад не превземаш воопшто ништо и оние со кои сакаш да бидеш едноставно заминуваат, пред се пошо праќаш mixed signals.

Патетиката ти е нешто ко табу. Сакаш да ја искорениш кај себе и не можеш да ја поднесеш кај другите. Но, проблемот е што тешко се прави разлика измеѓу здрави, нормални чувства и патетика, па сакајќи да се заштитш скроз од второто, првите идат курбан, a со нив и исполнителните, здрави и неопходни лични релации кои се зависни од таквите чувства.
На своја кожа имам осетено дека со ѕид пред себе, не се дешава поврзување со другите, ни конструктивни врски. Добиваш само деструктивни односи у кои си го потхранувате гневот, a откако и тие ќе пукнат (и пукаат) следи осаменост.

Знаеш, сите ние си се "лечиме" и си лижеме рани низ животот. И луѓето не толерираат некој кој постојано ќе им става сол на тие рани. А, ти, често се презентираш баш ко таква сол.

И колку и да ми е бедно ова клише, али љубовта кон себе, која е предуслов за самодоверба, ти иде у минус. Без таа љубов пак, све околу и сите други тешко се варат/поднесуваат. И се дешава двоен конфликт...Не прифаќањето на себе се рефлектира врз другите, они возвраќаат...и опа, зачаран круг на незадоволство.

Не, верувај ми, не е страшно да покажеш дека ти треба некој друг. Не е страшно да покажеш прифаќање и љубов (ова многу ме кошташе дур го научив). Тие ствари не се идентични со патетика, себе-понижување и зависност од друг. Баш напротив.

Патем, сите овие екстреми кои ги пројавуваш, просто го вриштат спротивното. Сарказмот моли за прифаќање. Агресивниот настап за нежност. Бесот за љубов.

Треба да научиш да се пуштиш. У спротивно, само ќе си го потхрануеш незадоволството и насекаде околу тебе ќе го гледаш она од што се плашиш. Тука не важи она "клин се клином избија". Баш напротив. Бесот, огорченоста, бегањето се враќаат дупло, пошо другите се ипак само рефлексија на она што е у нас.

А, све ова нема да те направи ни помалку храбра, ни лигава. Уствари, ти сега пројавуваш недостаток на храброст, затоа што сите оние нешта кои ги набројав у почетокот се манифестација на страв и кукавичлук.

Конечно, доволно е само да се заљубиш у себе и да увидш дека сите импути кои ти ги пренеле, а кои ти повторуваат стално "Ти не си ок, ти не вредиш, и ништо околу тебе не е ко шо треба" се туѓа фрустрација и страв, а не твоја вистина. У спротивно, животот постојано ќе се труди да ти ги докаже тие импути, на секој чекор.

Сеа одјава со ветената песна:
I am buried up to my neck in
Contradictionary flies
I take pride as the king of illiterature
I'm very ape and very nice

If you ever need anything please don't
Hesitate to ask someone else first
I'm too busy acting like I'm not naive
I've seen it all, I was here first

Out of the ground
Into the sky
Out of the sky
Into the dirt


 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom