Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Чекам анализа од Јован.
И не, не е барање.
Наредба е...:pipi:
 
Ајде...барам некоја од шмекерициве на форумов да ме психоанализира ајт!...
ако психоанализата држи вода... и се согласувам...дадената шмекерица ја чека вечера со Шмекерот...:)
 
Шмекерот

Пошто е он најоригинален и упорен во својата оригиналност, истата му се исплати и доведува до масовна тепачка на цури кои сакаат да го гушкаат во парк. Шмекичот е самоуверен, сигурен, амбициозен и позитивист. Ако Шмекичот сака да напредува, тогаш тоа ќе го прави благодарение на милата ѕвезда пред се`. Највише мрзи да биде сметан за инвалид, неспособен, неупотреблив... Сака да работи, да твори... Жените го сакаат затоа што е прав џентлмен и романтичар.
Во нова средина, најпрво е резервиран и повлечен, за да потоа нагло избувне од него неговата екцентрична би рекла, доза на себевоздигнување и лидерство. Без добра адаптација, не се чувствува повикан и прифатлив. Со Шмекерот може да се лекуваат неизлечливи болести, бидејќи тој може да го насмее и разведри секого. Прибран момак, каваљер како што кажав... Истото го бара од девојката, да биде оргинална и своја, симпатична и нежна. Не би бил никогаш со разбацана металка. Повеќе преферира класична убавина.
Секоја жена посакува маж како него(еве, гледате дека не сум феминистка?:pipi:), а и секоја мајка сака ќерката да и ја чува еден плагијаторски Шмекер, бидејќи овој е веќе патентиран и неповторлив. Шмекерот сака да експериментира. Луѓето брзо се привикнуваат на него и го симпатизираат. Љубоморна девојка е нешто кое најмалце му треба во животот. А и на сите љубоморни, Шмекерот не им е потребен. Неговата слобода не би ја менувал за ништо.
Не е стипса. Ужива во разубавувањето на туѓите животи и со тоа си го полни егото. Прекрасен начин...:pipi:Шмекерот се плаши од сопствените посакувања, затоа што многу брзо може да го смени критериумот под влијание на чувствителнсота. Тоа што однадвор изгледа handsome и самоуверен, сепак му создава своевиден притисок одвнатре и го прави несигурен некогаш. А луѓето во негова околина се чувствуваат сигурни.
П.С. Неќу вечера, поклон у плик.:back:
 
Мора да се здобиете со репутација пред повторно да ја дадете на Новинарка
-не ми даде зеленко од форумот ама заслужуваш пуно! Немој Новинарке па се пофално ке ме разгалиш...:) Една критика...Не зезај бе околу металките...шмекам и цури со таков стил :)
У секој случај...шмекерска психоанализа...
зашо не сакаш вечера?...аха разбирам...дечко ово оно...тогаш не се мешам...а у плико ке добиеш нешто...и тоа многу интересно!
Шмек мими најголем љуби те бато Шмеки
 
Леле леле кое насиље го има постигнато темава!:vozbud:
Туку не ме бива за анализи, па да не ја анализирам. Само да кажам вака јавно дека си побарав две анализи, колку да не ми фати некој ред. Постов го пишувам и поради тоа да ме цитирате, за да знам кога сте ме анализирале, ако воопшто го направите тоа. Леле фала однапред!!!:vozbud:
 
Каснам мааааааааааааалцуцка изглеа, м?

Мај идна колешка..
Ај да почнам од кога се појави на жолтиве страници..
Ми беше едно мало, несигурно човече, што не може да се изначуди како тоа луѓето може да бидат злобни, да кажуваат работи што ќе ги повредат луѓето..
Well..Deal with it, тоа што некој мисли дека кога ќе ти удри еден поглед и ќе знае каков човек си, знае понекогаш да повреди..
Работите си ги земаш при срце..
Ама ептен озбилно ги сфаќаш форумџии кои понекоаш убиваат досада, па ќе ти се нафрлат зашо имаш ник кој ете на некој член не му се допаѓа..
Твојот проблем(ок, лошо звучи ова ама не знам како да се изразам на др. начин:)) е што наместо да се бориш за она позади кое стоиш, она позади кое го сакаш, ти се жалиш, и кукаш и бараш правдина..

Едноставно не треба да те интересира кој-какво мислење има за тебе..
Конечно го смени аватарот, јас помислив дека никогаш нема да ти текне да го напраиш тоа:)
Аман, не се замарај толку па и ти...
И на работите што ги слушаш им приоѓаш со голема скептичност..
Не веруваш во она што го гледаш изложено пред тебе, туку бараш нешто лошо, нешто што би можело да те повреди..
Претпазлива си со луѓето дурии и премногу...
Ок, јас те разбирам..Има лоши луѓе, ама паа не се сите такви:)
Ти фали доверба кон луѓето-that’s definite…

Се трудиш да бидеш либерална, ама она конзервативното понекогаш повеќе доаѓа до израз...
Едноставно така те учеле и така ќе си бидииит...
Само не ја тепај сестра ти ако посака да има нешто на 13-години:pos:

Кога сакаш некого, го сакаш со цело срце.Се предаваш тотално..
Ама кога ќе пресечеш- едноставно пресечено е и крај на приказната..
Нема кај тебе „кај ми е сонцето„ приказни, па ова она..чуда..
Крај..
Фалачаопријатно.

Ќе бидеме колешки и престани да се сомневаш во своите способности и можности.
Зацртаното МОРА да се исполни и енд оф д дискашн:)
Нема ама кое ти го претпочиташ..
И така..
Здравје друг пат подобра анализа зашо сега не те знам тооолку добро..
 
Магде, може да ме изрешеташ?:back:

Маријана
Ведра, опуштена, комуникативна, но сепак резервирана за луѓе што и` се одбивни на прв поглед. Има свои фетиши и ставови поврзани со стилот кој го тера(за кој јас немам ништо против):back:. Авантуристка, сака све да проба, но предност и е што знае да се самоконтролира. И` завидувам на истрајноста во намерите овде на форумов. Маријана има периоди во животот кога сака да биде сама и осамена, а некогаш сака да се мрдне до даска и да биде во друштво на многу луѓе.Променлива е. Спонтаноста и е особина што најреално ја отсликува. Често знае да сокрие некои работи за да не повреди. Нејзина јака страна е практичната. Нема проблем да ја искаже својата хедонистичка страна, но знае да ја оддели од себичноста. За друштво и за да си помине убаво, би направила се. Знае да жртвува иако го мрази тоа и откако ќе даде нешто како компензација за друго нешто, се двоуми дали е тоа вистинскиот избор. Поарно не ја доведувајте во ситуација да биде во дилема. Најтешко и е кога ќе ја погодат во емоционалната страна на личноста во моменти кога тоа не го очекува. Сака изненадувања и знае да прифати шеги. Принципиелна е до степен до кога тоа ќе почне да се коси со нејзините желби. Тогаш ги гази нормите на општеството сметајќи ги за штетни по однос на нејзините потреби. Само што-за разлика од останатите таа има храброст да го направи тоа. Не сака да се истакнува со мудрости и препичавања. Повеќе почитува ,,просечност" за да потоа дојде до израз нејзината вистинска интелегенција. Сака да е во околина со премногу паметни луѓе затоа што се деградира и обесхрабрува ако некој не го дели со неа интелектуалното рамниште. Многу се слични со Анастазија од форумов. Носталгична е и сака да врати некои моменти од минатото, да поправа исекотини и рани од тогаш или во најмала мера да ги санира за да ги намали денешните последици. Сака луѓе, карактери, различност. Ако го нема тоа, ќе полуди. Се радува на туѓите успеси и ја инспирираат за нејзините. Креативноста нејзина мора да почне да се базира на нечиј туѓ успех. Не е конзервативна, премногу е футурист и добар предвидувач. Има сенс за опипување и проценка на карактери. Ако знае дека нешто не може да го направи, нема да премести дрвја и камења за да го смени тоа, туку ќе го прифати.
 
DonJas

Можда ти имам пружено рака на една собиранка, можда не, у секој случај појма немам каков си надвор од виртуелново просторче. На мсн си дружељубив, духовит и чуден. Тука си нарцисче(по никот одма се гледа), прикриен дудлач(playin all fields) и кулирачки опуштен до тој степен што ни точки не ставаш на речениците. Тоа ме иритира кај тебе. Ќе кажеш нешто паметно, а личи глупо зошто не си слушнал за интерпункција. Само сум искрена, а уствари баш опуштено е да се комуницира со тебе, писмено е, а делува ко да се шалиме усно. Куп луѓе ставаат прашалници кога ќе им поставам прашање "од нигде" извадено, али со тебе не морам да се објаснувам со вишок куцања на тастатура.
Ова значи дека конташ, не дека не си љубопитен. Не, ти знаеш да си го пикнеш носот и кај што не треба, ама сфаќаш, некад заради тоа ќе трпиш смрдеа подолго време. Сепак, некои работи ни го дефинираат ставот во животот, нели? Колку порано ја осетиш калта во животот, толку порано ќе научиш некоја животна лекција, а така и посвесно ќе ја вршиш селекцијата на луѓе, кариера, идеологија.

Разочарувањето може да води кон различни насочувања у животот, така? There is a LOT, behind those blue eyes, huh? И сега, немој да го развиваш fuck-off стилот кон средината, nothing is over till is over(бар така викаше Lenny Kravitz, јебига). Гледај да бидеш на некој просечен однос дури и со луѓето што те зафркнале, никогаш нема да знаеш кога пак ќе се појават во твојот живот и дали можеби ќе бидат во надредена или подредена положба од тебе. Зошто цел живот ќе те зафркнуваат, дури и најблиските. Но тие тоа ќе го прават несвесно и не толку силно. Но тебе секако ќе ти се чини силно, зошто ќе ти бидат блиски, ќе се имаш приврзано за нив. Немој да имаш преголеми очекувања, така ми викаше Bebush у анализата. Love, peace, harmony, very nice, but maybe in the next world.

За дудлач делот, женските ќе те сметаат за фраерче ако имаш веќе во минатото доста искусено и се интересираш само за дотичната, а за очаен ако истовремено ги испитуваш сите можности, еднододруго, едноподруго.

И да, поминувај си го времето попродуктивно, нека не те мрзи да прочиташ нешто или да изгледаш некој потежок филм.

Ај поздрав, се надевам добро е. Се читаме. :helou:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom