Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Прелистување и прелистување на портокалевата страница и надвор од неа. Поиндиферентна личност ретко која. Епитетот Тони Алмеида без размислување ќе ти го посветам тебе. Гледај зошто, ме асоцира на твојата нестрпливост и пожртвуваност.

Болиглава – гласно а и јасно ќе му се заблагодарам на Севишниот што си сосема спротивен од никот кој го носиш. Замисли, Болиглава народно да го прекажеме е Главобоља, а тоа ме потсеќа на Аспирина. А Аспирина се пееше за нова година и мило ми е што не си глуп како песнава:).
Сите возвишености можеме да ги достигнеме само ако посакаме. Ти ми си еден маркантен лик, затоа што ги вреднуваш работите кои ги имаш. Добро е бате кога ги цениме и најмалите работи. Ама кога ги цениме нив и не прават среќни, толку можеме да се соземиме во нив и да испадне обратен ефект.
Активен си во буквално секое форумџиско поле. Кога ги разгледував твоите постови се зачудив на колку различни теми фучат твоите постови, теми за кои првпат читам:). Нема што најпрво да почнам, ќе разлистувам околу ама поиздолженава слика нема да резултира нејаснотија.
Обично и не сум некој кој што се држи на стриктно зацртан план, ама ајде...
Еве ја непредвидливоста на твојот карактер. Некогаш работите е добро да се случуваат порано, ама како рекол нашиот маестро “...утре е дури утре...”.
Пријателиве ни се на куп арно да прават. Кога разговарав со еден другар кој и јас и ти добро го знаеме, го прашав зошто посветуваме толку време на другарите што сме ги запознале на ваков начин? Ми рече дека “живите фаци” можат да створат завист и лицемерие. А на виртуелните разговори постои опција игнор, блок и делит. Затоа таквите ги знаеш кои се лицемерни, кои не.
Некои твои постови се намерно напишани без смајлиња:), но сепак колкава иронија содржат во себе. Индиректно си се шлапаме со форите.
Човек што може од секоја ситуација да направи некоја шега е човек што може да се справи со се’ во животот. Ова несомнено важи кај тебе. И кога доаѓаат најголемите паѓања во последните периоди, одѕвонува мотото “Ајде у курац”.
Е сега, мој совет – повеќе надвор од реалноста, земи си време малку за философирање. Поголем број твои постови во овој подфорум не ќе бидат лошо. Можеш да диригираш во сите теми на ~princess~:). Некогаш кога кризните моменти се познаваат оддалеку, некаков вид на олеснување е напишаниот збор. Не треба да те мавне некој посебен флеш од дискотека за да тркниш до Прозни искри (условов е заемно поврзан со првиот).
Види, Дастин Хофман изврши спектакуларно бегство од Папилон. Сфати го ова метафорички, зошто и ние да не избегаме од затворот наречен искушение. Ќе го поминиме тој период, верви и доаѓа подобро.
Ако продолжам вака да се напињам сам со глупости кои не заслужуваат внимание, ќе си окарам мајка признавам пред сите.
Еве го оној затвор. Како рече нашиот маестро, уште еднаш да те потсетам, “…утре е дури утре”.
Замисли го поинтересниот дел, на крајот доаѓаме до сосема нов заклучок. Утре не е дури утре, еве го, утре е уште малце, уште крајот од денес. Ама крајот од денес е добар затоа што го краси делото. Не се разочарувај брзо за некои работи.
Ќе ти посветам една песна, љубов од трет карактер?:pos: Хмм, зависи кој ќе ја испее. Е сега, убава е колку што си ти.
 
Прекумереното барање на анализа...тоа е стриктно јасно дека страшно те занима општото мислење од другите,значи ти имаш некој комплекс поврзан со твојата личност.Твојата интелегенција не може да се оспоти,тоа е факт!,бараш пријатели онакви рамни на товјот висок IQ мозок,сосема погершна постапка.Ама пак истата таа не ја дефинираш во реалноста,ами само фиктивно односно таму каде што е најмалку битно(форум)
Објектино гледано фрустрациите се покриенени со маска,ама на крај краева тоа и не е битно тука.Критиките нафрлени кон некој послаб во карактер или помалку интелегентен од тебе се најслабата точка која во наврати и не е баш така конструктивна и шармантна,оти така се набива одбивност,често е таа појава кај тебе.


Ако ова е наменето за мене ке кажам само фала зашто до некаде е тотално во право оваа анализа. Инаку ке се потрудам и јас само некоја анализа но сепак не би направил нешто добро зашто не ме бива во оценување на луѓе, нешто што се покажало кај мене неколку пати во животот.
 
Поради малку подолгите умствени растројства најпрво се извинувам што малку подоцна ја започнав анализата (иако демнам уште од самиот почеток на регистрирањето.)
Значи Walker girl… Именката во никотсама по себе не кажува многу освен тоа дека си женско. Но придавката... Е тоа она за што треба да се се надоврзам. Имено Walker е презиме на еден познат пијалок кој ги натерува младите тинејџери после неговото преголемо консумирање да се однесуваат помалку недоквакано. Но тоа ри е. Алкохолот си има свои предности и маани. Да се навртам сега кај тебе. Значи по се изгледа ти си ја зела придавката не поради тоа дека е нечие презиме на некој си Џони, туку поради друго нешто. Let me guess… Walker means also someone whose thoughts wander around the space and time. And the easiest answer, someone who walks. Значи некој микс од двете со 2 атоми од мислите и еден атом од шетањето. Ок... Сонувач но не во крајност. Сепак ги прифаќаш реалните случки такви какви што се.
Потпис... потпис како потпис :)
Најмногу што ми навлезе во постовите е искреноста. Не се трудиш да се експонираш премногу но и ти годи понекогаш се` додека не забега разговорот во гушење на едната страна (цело време некој збори и замара). Како што напоменав горе, според тебе треба да се има високи очекувања онаму каде добивката е повеќе од сигурна. Реално земено така е. За тебе личностите кои ништо не очекуваат се песимистички настроени. Го имаш оноа авантуристичкото од типот идење на ризик и некогаш си се изгорела но сепак тоа кај тебе е дефиниција за движење на животот понатаму.
Нервозата.. Честопати се нерираш за неправди и лесно избувнуваш немислејќи на последиците. Ја манифестираш со трошење на целокупната енергија до папсување и подоцна правиш ресет на сивите ќелии а со тоа и на целиот организам со спиење.
Скептик.. Многу тешко градиш доверба некому, но таа што ја градиш е цврста. Проблемите ако се тешки ги решаваш со совети токму од овие личности во кои имаш доверба. Многу може да те имаат за пријател баш поради ова. Ги ислушуваш тие што имаат мака и им даваш совети. Исто така проблемите кога ги решаваш сама тргнуваш од причините, при што постапките не ги планираш туку ги оставаш сами да течат. Ако имаш проблем со некоја личност, картите на маса и на мирен начин со пријателски разговор го решаваш. Правилата ги почитуваш ако се блиску или сличчни со твоите ставови. Ретко ги кршиш и тоа важи за оние кои се апсурдни. Не иницираш проблеми. Само со блиските како шала вметнуваш малку масло во огинот. Порано си паѓала на провокациите лесно можеби ради недоволно искуство како да се справиш со ситните души кои живеат за да провоцираат. Но искуството си донесува и мудроста така подоцна се повеќе се трудиш да ги избегнуваш и личностите и нивното ниско однесување.
За љубовта (дечко-девојка).... хммм searching…. Love not found… Шега на страна не е така. Си заљубена понекогаш но како да се плашиш да одиш понатаму. Имаш изградено некој став дека најтешко е љубовното изгорување.;ожеби се работи за некоја твоја случка па се вродил тој страв. Како и да е не постои човек кој не љуби. Така да еден совет, не плаши се, искажи ја љубовта на тој пто ти значи. Со самото тоа му даваш до знаење дека тој е љубен од некого. Многу е ретка целосно возвратената љубов. Скоро секогаш едната страна е маалку помалку сфатена од другата.
Дијагноза не ти препишувам... Прескапи се лековите а и тебе не ти е потребно да си го менуваш карактерот од корен затоа што тогаш ќе носиш лице кое не ти одговара а знам дека не го сакаш тоа. Значи биди си своја и уживај во моментите што ти претстојат.
Психото тука зема мал одмор од недела дена па после ќе ги продолжи анализите за тие што ќе сакаат. (и имаат над 100 поста кои се надвор од спорт и играчница)
Пријавувања во гаража лево од бутката (последна 76) И пазите на прекинувачот за светло не работи како што треба.
 
Mozi i na mene??? Interesno mi izgleda ova iako mene bas vo psihoanaliza ne mi odi dodeka ne razgovaram so nekoj licno.
 
And now... his majesty, Sir Filip Fantom Ohrid Petreski.



USER MANUAL




f_Ohridview11m_422ea80.jpg


Кога ќе пристигнете во Охрида града, мислите дека првото нешто што треба да го направите, е да тркнете до на плажа. Тииит! Грешка. Првото нешто што треба да се направи, е да му се јавите на Фантом, на неговиот златен број во кој бројките се на еден ред и да го известите за вашето доаѓање. Прилично израдуван(освен ако не го фатите во период кога Челзи губи/на ТВ не пренесуваат НБА/некој пројал пица за KISS/некоја кладилница е затворена поради УЈП), Фантом ќе ви рече да се чекате кај споменикот на Свети Климент, со напомена дека Климент е оној што е сам, за да не дојде до недоразбирање.
Првото прашање што ќе ви биде поставено ќе биде:"Ам, ти нели бојкотираш"? Откако ќе ве фати во тесно, ќе бидете однесени во некој од кафичите во чаршијата, каде ќе ви биде пружен охридски третман на угостителство и туризам од највисок ранг. Дали е тоа поради причината што Фантом е познато лице во Охрид, или па келнерките се фанови на Челзи, останува мистерија.
Наредното нешто што ќе го направи детево, е што заедно со неговото друштво (Ohrid crew) ќе ве однесе во Пауер, на партија билјард, каде ќе ви бидат претставени неговите билјардски предиспозиции, развиени во способности од страна на реализаторските фактори на Сењор К'че, охридскиот Хаслер:).


Заклучок: Тука ја согледуваме способноста на Фантом, да го избели образот на туризамот на неговиот град, трудејќи се да си поминете што е можно подобро, што ве тера дури и на моменти да се помислите дали е тој всушност вистински Охриѓанец?
Гостопримливост: 10/10
Забава: 10/10
Билјард 100/10 :).


f_Ohridview11m_51cd184.jpg



Хмм, не знам ни зошто трошев килобајти да ја аплоадирам оваа слика. Сите знаеме дека еден од најчестите мотиви за аватарите на Петрески е токму оваа сина боја, овој амблем, како и личностите што трчаат по топката под закрила на овој Лондонски тим. Една од двете животни желби на Фантом(втората ќе ја обработиме подолу), е барем еднаш пред да го напушти овој свет поради природна смрт е да го посети Стемфорд Бриџ, во богатата(на скУпски фенси) Лондонска населба и 90 минути да ги следи потезите на Тери/Лампард. Добро, пред да почне натпреварот може и да се фотографира со фигурите на фудбалерите поставени пред овој стадион, за комплетен филинг.
Другар, ти посакувам оваа желба да ти се оствари, најискрено, дури и да имаш среќа тогаш да се погоди дербито, Челзи - Манчестер, па да победи подобриот (Манчестер афкорс:icon_lol:). Пред да ми пишеш на мсн дека Челзи се подобриот тим, дозволи ми да ти ја покажам оваа фотографија:

f_Ohridview11m_4453a76.jpg



Лична е, мораш да признаеш :).


Што друго би можело да ме потсетува на Фантом? Лет ми си.. оу јеа!

f_Ohridview11m_e08c971.jpg




KISS. Гордиот сосптвеник на 8 маици од оваа позната група, за секој ден и една за празници, така беше? :wink: Oд мсн адресата, до маиците, па се` до свеќниците дома му, KISS стилот кај Фантом е задолжителен, може слободно да се каже дека е негов трејдмарк. Затоа што Фантом е опседнат со оваа група, од моето наредно одење во странство, има една маица подарок од мене, затоа што ретки се денес луѓето кои следат и слушаат одреден стил на музика, без фејкеризам, го прават тоа поради желба, а не поради тоа да бидат видени како фанови на нешто одредено, што јас многу го почитувам.


За крај, за Фантом би можела да кажам дека поседува многу важна човечка карактеристика: директност. Никогаш не прави лице, секогаш е искрен, нема влакна на јазикот, и кога најмалце би очекувале, тој ќе ви каже се` што мисли во врска со вас, со сето извинение и должна почит, нели? :) Зрелост, изградени цврсти ставови кон нештата и одбрана на истите - тоа е нешто сосема спротивно од превртливоста и вртењето политика. Кај овој човек, моралните вредности и етиката се на највисоко ниво, па поради ова, на моменти некогаш дури заборавав дека на мсн правам муабет со малолетно лице. Па ако во Фантом барате личност во која би сакале да пронајдете вистински другар, нема да се разочарате. :)


Тhe end.
 
ке има ли некој што е доволно добар да ми направи една анализа???
 
Јас уште чекам од правниче :pipi:
 
Јас уште чекам од правниче :pipi:

Вечерва најкасно, каснам зашто цела недела куцам ЦВ-а и мотивациони писма и се шеткам по конкурси.јебига морам да се вработам прво нели????
Јас имам ветено на тебе ,Енџи и Ешли.....некој да не забораив??
 
Славам 500-ти пост тука.
Ама не частам јас, вие да ме почастите со една (психо)анализа. :)
 
CRAZY POYOL, ТHE GUY WHO KNOWS HOW TO SCORE



Дојде на ред за анализа и РесенчанецО, (моментално пратен во Тетово на едукација), нам добропознатиот Крејзи Појол, можеби најбанираниот член на Кајгана. Затоа што го немам Урим на мсн, ниту го знам во живо(затоа што не дојде тогаш на фудбал:icon_lol: и никако да се погодиме на собиранки), ќе пробам да доловам слика за него, оформена од неговите мислења што ги имам прочитано на форумов.

Кога на прв поглед ќе ги видите неговите мислења и пристап кон нештата, ќе си речете: "Добро бе, детево има ли памет во главата? Брееј, дрско невоспитано створење!". Но откако ќе размислите уште еднаш, ќе сфатите дека Појолчо е во право за повеќе работи што влегува во дискусија на темиве во форумот. Проблемот со повеќето членови на форумов јас го гледам во тоа што не се навикнати на директност, слична особина како што поседува и Фантом, спомнат погоре. Навикнати се на величање на нивните ега и еј топ си најдобар/ра си, уживај, растураш, дури и кога личноста не ги заслужила тие зборови. Е сега, од Појол никогаш човек нема да слушне незаслужени зборови. "Глуп клип, глупа тема, Боби е глуп, вие сте глупи, боо глупа тема....(зборови со поостра критика)...." Поради оваа негова особина, тој на некои членови им станува pain in the ass, дрзок и некултурен. За жал, денес луѓето како Појол се ретки во смисла на директноста и искреноста. Се` повеќе имаме лижигзови и страшливци, наспроти него кој нема да се мисли повеќе од секунда за некои работи да ви ги плесне во фаца (во пост во случајов).
Дури и да пробате да му се гребете со цел да не станете негова мета на ругање, нема да бидете поштедени ако на некоја тема откинете некоја зелена.
Поради ова, кога тој ќе ја прочита анализава, очекувам искрена критика, да знам дали некои од работите за него што ги опфатив со анализава се точни, или јас сум во некоја заблуда.

Друго нешто што ми падна во очи кај Крејзи Појол и што мене ми се допадна е неговата љубов кон животните и гадењето од личностите што не ги сакаат. Тука можам да кажам дека сме слични. Кога станав модератор на животни и кога ги потсредував темите, налетав на негови постови од кои согледав колку е тој против малтретирањето на животните. Секоја чест за ова брат :)

Attacante. Хм.. напаѓач? Крејзи Појол ноус хау ту скор? Вљубеник во фудбалот, се гледа од хелихоптер. Најверните на ФК Интернационале заедно со Јове_Пелагонија. Добри познавања од фудбалот, секогаш издржани постови и во фан клубовите*, не само "Гооол, јееее, најдобрии смееее, шампионииии" и останати изливи на емоции.
Ќе се читаме во февруари на Интер - Манчестер дуелот, нека победи подобриот. :smir:

*освен постовите во Ел Класико темата, каде што Кралевите беа поистоветувани со компири и на другата тема каде што на миланезите им беше направено нешто слично, само со моркови. Сепак, интересни фотки. Добра сезона на морков :)

Гледам на темата за меѓусебни дуели во фудбал, не прекинуваше да ги критикуваш другите Кајганџии за нивната лоша игра. Им велеше дека се дрва. Слушам, кога си бил дојден ти, тие победиле. Не знам колкав е твојот талент за фудбал, но искрено, баш сакам да видам како играш. Ако победи страната од која што ќе играш ти, имаш пиво од мене.


Не ме бидува многу многу за анализи, нова сум во бизнисов а и како што споменав погоре, немам разменето зборови со тебе во живо и на мсн, така да точноста на оваа анализа е релативна и се извинувам ако во нешто погрешив. Бидејќи кај тебе најмногу ја почитувам искреноста и директноста, само сакам да ти порачам да продолжиш да бидеш онаков каков што си сега, без задни мисли и намери. :smir:
 
може некој мене да ми направи психоанализа???????
 
The Chariot

tarotviithechariotbyvulgl8.jpg


The Chariot се одликува со постојано движење и преселување од една во друга куќа (состојба, перцепција, емоционална цврстина) честа преселба на умот надвор од телото и зависност на телото од патувања, патишта и талкање.Внатрешна сила за постигнување на победа врз одредена ситуација или проблем.Балансирање на две различни и спротиставени страни.

Уникатноста и оригиналноста, миксот помеѓу она што постои во внатрешноста и она што се граничи со надворешната стандардност се фантастично склопени во твојот карактер.Менталниот склоп создал мрежа на функционирање која што иако на прв поглед се чини психотично делува, сепак има повеќе ред од колку што може воопшто да се претпостави, што те прави организиран, а хаосен во исто време.
Вистински модел за добра, хумана личност, пријатен си за човек да седи со тебе и да гледа „Фрејзер“ додека јаде чипс и ја пуши последната цигара од кутијата.Никогаш не си бил на мртва точка.

Велат јас сум во постојана потрага по слобода, но онаа твојата е посилна од мојата, човекот кој што никогаш не треба да биде заробен, токму тоа го видов и приметив, тоа ме поттикна воопшто да се понудам да ја напишам анализата.Искрата која што излегува од човек како тебе полн со идеологии, растргнат помеѓу моменти, а на крајот од денот подобар отколку што самиот мисли, фиксиран да ужива со комплетно чувство на екстаза во она што самиот го креирал за себе.Најдоброто кај тебе е тоа што се бориш, не седиш пред мониторот за да кажеш колку се лошо поставени работите во државата, животот, релациите и меѓусебното лицемерие, туку го буткаш напред она што го имаш, затоа што тоа е единствено во твоето сопствеништво.


Напнат однос кон себе и она што го сметаш за свое, интересен спој на човек кој што ги преценува можностите и случувањата во животот, за покасно да мора да се соочува со комплекс на ниска вредност, никогаш наметнат од некој друг, а сепак толку лесно шифтира помеѓу шансите за пријатно склопување во животот на другите луѓе.

Од едната страна со изразена потреба за афирмација, од друга страна со сомневање дека ако се добие потребната подршка и буткање на возот напред со локомотивата, тогаш не било доволно напорно, доволно лично и тоа само затоа што лесно паѓаш под влијание на емоциите и сензацијата на впечатоците.Во суштина, основата на твоите несигурности е самиот факт дека средствата не се секогаш во складност со амбициите и желбите кон кои се усмеруваш.Како последица на тоа се појавува егоцентрична природа, успешно ја скротуваш голем дел од времето, не се грижи.Прекреативен си за да и дозволиш да доминира константно.

Крајно солидарен кон луѓето со кои што живее, кон ситуацијата во која сам се наоѓа и сите други кои што се нашле во неа по игра на судбината.Се појавуваат и провлекуваат индивидуалистички нишки кои што сакаш да ги сплетеш со колективното, чисто од импресијата дека само така можеш да ја постигнеш саканата промена, но сепак, ништо толку површно, многу повеќе елементи на духовно тежење и развиена способност за сонување, фантазирање и археписко создавање. (Фантазијата е добар слуга, но лош господар.) Сето тоа е исилено со доза на емоционалност која што бара да завземе водечка позиција.Иако постојано со желба за слобода и осаменост, во моментот кога ќе ја почувствуваш на своја кожа, се појавуваат наеднаш сите скриени стравови за кои не сакаме да дискутираме, па се враќа назад желбата за луѓе, ограниченоста и тивкото бунтување исто, ако не се грозни, тогаш се невредни.Она што најмногу ги предизвикува сепак конфликтите, што со сам себе, што со околината е фактот дека не сакаш да ги смириш спротивностите, туку да ги стопиш, но природната интуиција да ги предвидиш проблемите ти дозволува да најдеш решение пред воопшто да мораш било што да решаваш.Великодушен си, и иако ти ги разбираш другите, никако другите да те разберат тебе.

Огромна доза на благодарност за средината во која што си пораснал, па затоа ти е развиено чувството за традиционалност кое што иако не го форсираш, сепак го имаш, чудното е дека го имаш за оние што ти се делумно блиски, не толку многу за себеси.Се индентификуваш со одредени луѓе, родители, идоли, херои, чисто за да го зајакнеш сопствениот идентитет.Со набљудување на луѓето и нивните акции и реакции, дејствувања и дебакли е полесно да се помириш со животот, немој да ме сфатиш во никој случај дека велам дека си пасивен учесник, зошто не си, но ја имаш онаа нишка на експериментирање со реакциите.Од желбата за слобода и независност се појавуваат и борбите против стандардноста, фатализмот, анархијата, монархијата ... јас ти велам дека си либерал во душа. :)
Поборник на сопствениот начин и на личната сатисфакција во она што ќе се создава, уникатно создавање.

Колку и да е отвореноста на твојот карактер форсирана во друштвото, колку и да ја држиш ситуацијата под контрола, тоа што вистински го чувствуваш е сосема друг предмет на дискусија.Иако не го класифицирам тоа како манипулација, сепак, лесно ти е да ги поттикнеш другите да го направат она што ти мислиш дека ќе биде најдобро како за тебе, така и за нив.Ретко ги завршуваш работите што ќе ги почнеш, освен ако не се со краен рок или пребитни за да бидат оставени настрана во кошницата „работи со поминат рок“.Колку си напнат, толку си сликовит.

Кога веќе стигнав до крајот, се на се, прекрасна личност, полна со оптимизам и интереси кои што врискаат квалитет од себе, чуден склоп на спротивности, но јас мислам дека тоа е најдоброто кај тебе.Сите идеали и желби за естетика се возможни, впрочем, имаш вечност за создавање пред тебе ... :back:




 
Да го потсетам Појол дека ќотек ќе паѓа ако не ми го даде тоа што ми го вети (и тука не мислам на 1000те евра за се омажам за него). :pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom