Многу интересна личност, Л.Сатори е девојка која е прилично down to earth, и малце понапредна од другите на нејзина возраст. Веке размислува како возрасен човек и има обзир и разбирање према другите, има јасно дефинирани принципи и начин на живот. Малце недостасува хуморот кој во директна форма баш и неуспеав да го пронајдам, но затоа во содржајните и сериозни мислења се наоѓаше по некоја боцка. Не се срами да ја покаже својата емотивна страна, всушност тоа е и единствената страна која ја покажува хехехе. Судејки по ориентацијата, честите прозни и поетски испади и нејзината љубов према книгите, нема да ми биде нималку чудно утре кога ке влезам во книжара да наидам на нејзина книга, со наслов “Вие и Љубовта” или нешто слично. Од она што успеав да видам, е керка единица, но воопшто не се осеќа разгаленоста и потребата за внимание, на кратко кажано – не е шмизл (тоа го потврдува и со изборот на облека). Си го живее животот 100 на саат, и има доволно храброст да го прави баш тоа што го сака.
*Се крие позади плакарот* Добро е за прв пат или наебав?