Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
За себе сум си нај, нај, ама сакам туѓо мислење. Некој/а кандидат/ка? Чисто не ми се верува ама да си пробам...
 
За себе сум си нај, нај, ама сакам туѓо мислење. Некој/а кандидат/ка? Чисто не ми се верува ама да си пробам...

Остај линкови и од минатите профили, за поубава, подлабока и поточна анализа.
 
Yeah, би требало да е доволно.
Што доволно? Не ги правев тие за да се правам мангуп и сам да си стискам допаѓања, туку поради тоа што сум бил баниран без потреба. А веќе не ни ги употребувам, освен нели ако пак ме банираат за глупост и без причина.
 
Што доволно? Не ги правев тие за да се правам мангуп и сам да си стискам допаѓања, туку поради тоа што сум бил баниран без потреба. А веќе не ни ги употребувам, освен нели ако пак ме банираат за глупост и без причина.

Доволно за некој да ти среди анализа.
 
Доволно за некој да ти среди анализа.
Добро де, малку ли за 500 коментари? Ок де, ОК, да не ми направел никој. Јас му забранувам!
 
Добро де, малку ли за 500 коментари? Ок де, ОК, да не ми направел никој. Јас му забранувам!

72803.jpg
 
@Scirea

Што ќе кажеш да си удриме по една? (анализа де, немој да ти лета умот :D )

Обичен лажго кој се прави повозрасен (28) за да има повеќе респект во животот... а всушност кога ќе дојде на таа толку посакувана возраст ќе бара повторно да биде дете :). Доста нервозно типче, тоа го утврдив одкако два-три пати во едно цитирање му ја ставив реченицава, па тогаш помислив да беше во моментот до мене, немаше жив да останам. Прилично таинствен тип кој освен во подфорумот фудбал, ептен ретко пишува на другите места... Замислете луѓе, еднаш добив лајк од него во темата "Пост на кој сте се изнасмеале", дефинитивно потоа мислам дека времето беше расипано едно 3-4 дена. Туку сега кога ќе видам, ме тагнал во подфорумот за Филозофија и Психологија, каде што не сум ни влегол на ова место...сигурно во иднина планира да стане некој си психијатар, или пак педагог во некое школо, ама ај, тој си знае. Понекогаш знае да се изгуби на моменти во неговите предолги постови, ама сепак секогаш му се издржани донекаде, со факти.... за разлика од некои други членови. Заштитен знак му е аватарот со чичето со мустаќите како се смее. Мислам дека не стои добро толку со Историјата, тоа сум го приметил дека никогаш не се ни обидел нешто да напише на тој подфорум... како го заклучив сето ова? Епа човек, требаше да знаеш дека пред да направиш акаунт на Кајгана, Емилијано МОНДОНИКО е бивши фудбалер кој е легенда на ФК Торино !!! :mad: Ти колку сакаш почитувај го, ама дечко не претерувај другпат така.... Замисли јас да носев ник Џиачинто Фачети :coffee:. Затоа учи малце повеќе Историја, ќе ти треба за во иднина

Мислам дека добро те проанализирав :X3:. Ти си на ред :unsure:
 
Разочаран сум Ширеа, ептен слабо си ме запознал. Ама не си ти крив, јас во еден момент помислив дека форумите оставаат реална слика ама сум погрешил :unsure:

Ај сега да ти вратам, бидејќи ферски е. И заборавив да ти напоменам да не ме штедиш, ама ајде...

Морам да кажам дека кога се регистрирав на форумот и го напишав моето прво мислење (во фан клуб јуве нормално) прв ме цитирше тој. Ако не се лажам тогаш имаше аватар со слика од неговиот ник, поточно од легендата на Јуве, Гаетано Ширеа за кого сигурно знам повеќе отколку што тој си замислува. Ме потценил со историјата. Мислам дека беше меѓу поактивните членови во фан клубот, па затоа вниманието кое го добивав од него допринесе за побрзо да се вклопам во тоа катче и допринесе многу лесно да влегувам во дискусии на кого многу луѓе не можеа да останат рамнодушни :cool:. Со текот на времето станавме колеги и за Сандерленд и тогаш тој откри дека Мондо и всушност не е секогаш тој сериозен член кој се јавува на темите жестоко бранејќи го својот став. Него доста за тоа, ајде да се фокусираме на него малку...

Ширеа е голем фан на Јуве, тоа се гледа од далеку. Фин човек е, но многу малку им оди по кеифот на луѓето ако не се согласува со тоа. Не прави лице и не е од оние добрите кој се согласуваат со сите само за да не бидат искритикувани или ставени на тапет. Жив доказ за тоа е дискусијата Давидс-Видал каде што тој сам водеше битка против многу луѓе за тоа кој е подобар. Уште не го знаеме исходот од тој дуел, но една работа е сигурна а тоа е дека Ширеа си стои цврсто на ставот дека Давидс>Видал.

Кога го спомена пишувањето во други подфоруми, ме врати на едно нешто кога се згазив од смеење. Му го манјачам профилот јас така и одеднаш здогледувам последна активност дека одговорил во темата за љубовни проблеми :vozbud::pos: Си мислев дека е попамтен од тоа,ама малку се разочарав кога видов дека се обидува да им докаже на некои дотки таму нешто во врска со неверството, те мажи те жени те каква разлика имало меѓу изневерувањето, живи глупости! И нејсе од таму забележав дека е емотивен и чесен човек кој не поднесува изневерување, дури и љубов спомна нешто :cuc:. Се би било океј со тоа, само ако не беше на форум каде што исправува криви дрини со луѓе кои уште кога побарале помош таму се гледа колкав им е капацитетот.

Меѓу другото тој е праведен човек, прилично објективен освен кога доаѓа дискусијата за луѓето од другата етничка заедница во нашата земја. Добро тоа го има кај сите, веројатно си има врска со местото на живеење, а ако не се лажам тој е од најопфатените места, ако може така да ги наречам.

Во приватниот живот сметам дека располага со доста слободно време, кое понекогаш стварно не знае каде да го потроши. Гарант е бил некој слаб ученик, за кого двојката била главна цел. Не дека не можел туку едноставно не сакал. Еве сега гарант ќе му пречи и мојот долг пост :D.

Можам уште многу работи да набројам и да се осврнам, али доста ќе биде засега. Понатаму може кога ќе го запознаам подобор повеќе ќе напишам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom