Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
@Malcolm van den Сабаховић Имаш 3 месеци да спремиш нешто. После то пуштам муабети како не те бива.
Ред Џон е човек, кој уствари е дете зато шо е опседнат со Бетмен и се живо диво Бетменско со воведување херојска правда во градот. Арно ама нема наметка, нито кола ко бетмен, па така не може прилепската правда да ја земе во свои раце. Доколку истиве ги поседуваше, несомнено Прилеп ќе беше економско жарише во Македонија со 100 проценти вработеност, ито не за 8000-ки, него најниската плата 16000 ќе беше, башка хранарини, башка к-15 кое ќе се исплаќаше без проблем и без работодавците да ги бараат парите назад зато шо Ред Џон ќе ги скинеше одма. Улиците во градот кога врни дожд, немаше да се преплавуваат, туку перфектно ќе исчезнуваше дождот во шахтите, зато шо и то нешто Ред Џон ќе го регулираше. Плус немаше да имаме обично кино во кое се прикажуваат филмови од 2009-та, туку ќе имавме 3D кино во кое ќе го гледавме Хобитот, филмон на Нолан најновиот, и секако еднаш неделно ќе се прикажуваше Бетмен трилогијата во петок, сабота и недела, па така младите наместо в чаршија ќе излегуваа во кино, каде ќе се служеа пуканки без пари за љубителите на Бетмен, ито не било какви пуканки, туку чоколадирани со прелив, со милка чоколадо, или нестле, плус мало сокче браво од јаболко.

Ред Џон е човек кој најмногу сака да носи блузи со лилјак, особено шо свети, за да биде забележителен и во темница, и кога нема струја во градот, за да жителите се чувствуваат безбедно дека и во ноќта има некој кој ги штити и мисли на нив. Инаку да ви кажам една тајна околу месечината, сонцето и ред џон. Навечер кога месечината свети, а уствари не свети нели то од сонцето е светлината, истата милува да си мава рефлекции од блузата на Џон, кој уствари пат индиректно прима сончева светлина и навечер, па така се полни со енергија. Ни Сан гејзинг, ни крастајци не му требаат него, ни медитација, ни појавување на орбсови нихшто.

Плус, малку нејсвојствено е за вака еден перфектен човек, да слуша лоша музика (која за жал не ги вклучува Редиохед, за да му крени истата во квалитет и да премини во добра) туку истата е центрирана во Queen, со омилениот брк на Фреди. Тука се поставува прашањето дали Џон навистина е фасциниран од вокалот на Фреди, или е фасциниран од неговио брк, секси нозе во стегнати кожени гшти, или пак е фасциниран од сексуалната определба која на сите нам ни е позната и го однесе Фреди со сидата в гроб. Ова останува како дилема која ќе се разреши во понатамошниот тек од животот на Џон.

Уште нештко ко за крај. Ред Џон беше малку демотиривран за работа дури губеше Манќестер Јунајтед, пошто ептен ги сака ними, ама овие знаеа да изгубат и од Сотук, па така во тој период се затвораше истиот дома и караше по цел ден, место да работи за градот и народот. Сега кога му тргна на Манќестер и Руни се раздава голови, ЏОн е мотивиран како никогаш претходно, па така најави 10 инвестиции во градот, меѓу кои една од нив е производство на бетмобили, каде ќе има 1000 вработени со најниска плата од 100 000 денари, пошто бетмобилите не се играчка. Плус откри наФтаа на маркукуле, плус најде остатоци од фосили до Маркукуле, па сега најавува дека го пронашол и гробот на Александар Македонски, за кој чека пригодно време да го открие пред јавноста.

п.с замислете шо че се случи Манчестер да освои титула?! Јас мислам дека прилепчани ќе ја имаат можноста да патуваат до Месечина и назад. Плус на месечината ќе има кафези со мајмуни, кои ќе можат да ги ранат со банани кога одат во посета. Некои од нив и ќе останат да живеат заедно со ними...............и така. Да се знај таму и запечати дека прилепска нога стапнала, а не ова америве ми се курчат нешто со знамиња, кои си ги снимале в студио ова она глупости.

То накратко.

џон.jpg
 
Последно уредено:
Ајде чим за мене толку знаете, пишете за мене нешто, гледам многу (негативни) поени собрав на темата ,,Најкајганаџија на 2014та'', ајде да видам колку го познавете 4NHK0...
 
@BilboBaggins, малку ми беше потешко да те анализирам затоа што некои 70% од мислењата ти се во музика и спорт, а да бидам искрена, не те сретнувам често по форумов.
Сепак успеав да те прочитам малку. ;)

Фин момак, млад и наивен. Не избрзувај со заклучоците за луѓето, научи да правиш разлика кој навистина е љубезен, а кој сака да извлече некаква корист со својата квази љубезност.
Немил настан во минатото ти створил страв кој понатаму излегол на површина навечер, кога паѓа мрак. За ова ќе мораш сам да се погрижиш. Имаш одличен начин со кој ги бркаш бубачките од главата, преку спорт, книги кои ќе ја разбудат твојата фантазија, Орвел... :) Но кога станува збор за стравот, хоби и одвлекување на вниманието се решенија кои ќе ти помогнат во краток рок. Ќе мораш да го промениш начинот на кој ги гледаш работите(не мора да разберат другите, се надевам дека ти ќе укапираш на што ти посочувам).

Освен некоја симпатија во школските денови, друга девојка не сум ти сретнала низ мислењава. Каде се девојките во твојот живот, Билбо? Во кладилница ретко ќе начекаш некоја. :D

Не знам кон што се стремиш следнава година, но се надевам дека во оваа си ги исполни своите очекувања во врска со кондицијата, поминатото време пред компјутер и се надевам дека поработи на својот однос кон другите.

За на крај, имаш поздрав од анима ДУНДИ.
tumblr_nbvbycQq5H1tjsogwo1_500.gif
 
@StormRage

Сакаше јавно, пеер...

Мислам дека сликава најдобро ќе те опише.
4946381615_350e29309e.jpg


Мада кај тебе ова маскава е проѕирна, затоа што намерно не си ја обоил доволно. Од една страна сакаш да ја замаскираш тагата, од друга страна праќаш скриени пораки до некои луѓе и чекаш сами да ти понудат помош(да изгледа како ти да не си ја побарал). Во ред е да покажеш кога не си океј и да побараш да ти подадат рака, тргни го квази мачоизмот(не мислам на фраерлук) од тебе. Смрди на фејк од километри.

Гадните фрустрации(уште една причина за маската) да си ги средиш! Навистина немаш потреба од нив, односно си се исфрустрирал без некоја голема причина, а со нив само добиваш минус поени кај луѓето. Да, луѓето, баш оние кои се трудиш да ги импресионираш и да ги насмееш.

Иначе си кул, забавен, одличен соговорник... Само малку успори со информациите кои ги делиш на некои луѓе(ова исто така е поврзано со маскирањето погоре, а и со одземањето на поени, баш спротивно од она што се трудиш да го постигнеш).
Океј е, сме те прифатиле, време е да се опуштиш и да бидеш ТИ. Кој им ебе матер на другите!

Да сумирам, позади кловнот со насмевка на лицето се крие сензитивно и кревко човече кое лесно може да биде повредено. Од друга страна си издржлив, а тоа те прави силен, затоа што си поминал низ многу срања, кои верувам дека се причината за твојата зголемена сензитивност, која и не е толку негативна, затоа што истата те прави емпатичен, па на тој начин се претвораш во рамо за плачење и се ставаш на располагање за оние на кои им е потребна помош. Срцка! :D
 
Џонката (не сакам да го тагирам) е тежок психолошки случај ни психолог не може да ја објасни неговата состојба. Вмровец, патриот, вечен студент со мозок на дете од 15 години. Се плаши од мене и Леандра. :pos: Каков маж е тоа бе не знае да се соочи со женско и со некој 8 години помал од него. :icon_lol:
 
Џонката (не сакам да го тагирам) е тежок психолошки случај ни психолог не може да ја објасни неговата состојба. Вмровец, патриот, вечен студент со мозок на дете од 15 години. Се плаши од мене и Леандра. :pos: Каков маж е тоа бе не знае да се соочи со женско и со некој 8 години помал од него. :icon_lol:
Кој Џонка бе? Биди конкретен многу не има вакви? :cautious::unsure:
 
Кој Џонка бе? Биди конкретен многу не има вакви? :cautious::unsure:
Не ти бе, dzonyb.
А можи и ти да си, кога се буди шизото во тебе наместо да урлаш на собиранки лепиш плакати. :D
 
Кај јас смеам тебе да ти правам психоанализи.:P :unsure: Не си ти бе :D
Знам дека не сум, препознав по делот ...
Џонката (не сакам да го тагирам) е тежок психолошки случај ни психолог не може да ја објасни неговата состојба. Вмровец, патриот, вечен студент со мозок на дете од 15 години. Се плаши од мене и Леандра. :pos: Каков маж е тоа бе не знае да се соочи со женско и со некој 8 години помал од него. :icon_lol:
:icon_lol:
 
Сите ме окарактеризираа со некаков епитет во студентската тема. Давам литро мастика за тој што ќе ме анализира. Праќам и во странство. :D:D

Еве јас, студентот комуњар. Ова испадна дека за твој атер и името го сменив. :D
Ти ги прочитав скоро сите постови, а ти ги читав и кога дискутиравме за комунизмот vs. капитализмот, тогаш чисто оти ме интересираше со какво човече си имам работа и сега ова му доаѓа како ревизија и овековечување на мојата демнечка природа.
Дисклејмер давам, генерално имам позитивен впечаток, дури и во темите за кои не се слагаме не сум те пцуел. Да не испадне дека сега ќе ти лижам г’з :D


Благоев е начитан. Ама убаво и флуидно раководи со информациите за темите на дебатите во кои се вклучува. Приметив дека освен класичните кафански муабети како икуномија и слично на кои се поставува некафански него повисоко и очигледно со лично искуство (шо некад е добро, али некад и не е бидејќи знае да инхибира критичко размислување) си држи знаење од гомило други сфери.


Не знам што точно се случувало во таа студентска тема, ама според тоа што го Благоев го споделил како мислење за образованието веројатно си бил горе – долу во право.
На постари теми од овој карактер Благоев се поставува како поборник на здрава едукација и критичко размислување – уште еден изузетно корисен квалитет за себеусовршување.
Во овој контекст, Благоев е поборник на работливоста. Го почитува здравото потење газот на столче, и сега ќе напраам еден wild guess и ќе претпоставам дека самиот Благоев не доаѓа од позадина со изобилие на животни опции. Напротив, мислам дека токму поради фактот дека самиот работел многу за да стигне далеку, го почитува оној кај кој е присутна истата пасија.


Благоев тежнее кон реализмот, заприметив дека е љубител на литература која го исцртува трулото секојдневие но и самите постови кои ги пишува се такви, јасни и концизни без никакви непотребни украси, без некаков бладачки експресионизам.
Осеќам доза на љубопитност. Благоев често пати во своите постови поставува прашања со кои додатно рудари во светогледот на соговорникот, ваљда делумно за подобро да ги изгради сопствените аргументи а делумно ради чист куриозитет.
Навлегува урамнотежено, без емотивно вознесување и досега не сум го начекал да се оддаде на вулгарности и лични навреди при дискусија.
Приметив разновиден музички вкус, што мене лично ми кажува дека станува збор за личност која нема некои стереотипи во поглед на тоа што слуша, односно ја нема онаа честа нишка на елитизам која знае да се најде кај многумина.


Реков погоре, Благоев звучи како личност која дотерала далеку. Дали моментално живее во Македонија, не знам али дефинитивно одредено време не живеел.
И тоа се одразува, делумно како молдирање вон балканскиот менталитет делумно во дози на егоцентричност кои некогаш заискруваат во неговите постови.
Претпоставувам дека од една страна тоа се должи на фактот дека успеал да се искачи на тоа ниво, над обичниот балканец од каде што доаѓа, но од друга страна и самото гледање од горе си има влијание на Благоев.
Интересно е што овие искри се разгоруваат единствено кога самиот Благоев е нападнат(или мисли дека е нападнат), а не неговите постови па поверојатно е дека егоцентризмот е вид на одбранбен механизам отколку пасивна агресија.

Морам да напоменам дека е фан на серијали како Diablo и Fallout па така да тука ќе морам да ја завршам краткава анализа оти ќе продолжам ептен пристрасно. :D
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom