Вистинско другарство, постои ли?

D

Deleted member 55587

Гостин
Секако дека постои,само како и се друго и пријателството треба да се негува.Јас имам другарка со која се знам 11 години од деца сме заедно и да не подречам добро се сложуваме затоа и уште се дружиме. Нормално е и да постојат караници и слично инаку не би било верно другарството нели.Убаво е чувството да знаеш дека имаш до тебе подршка,со кој да споделиш важни работи,со кој да се смееш,кога треба и да се исплачеш,човек пред кои си најприроден,пред кој секогаш ќе бидеш свој,со кој се споделуваат секогаш откачени моменти и човек со кој се смеете на работи кои другите не ги разбираат затоа што само на вас ви се смешни.Некој со кој се разбирате и без муабет и со кој ќе се сфатите со поглед и во сала помеѓу 50 души.Човекот е програмиран да живее и споделува работи со други луѓе тешко кој опстанува сам,а кога сме сигурни дека до нас е вистинскиот пријател се чувствуваме сигурно и на некој начин безбедно,смирено.Имам уште една блиска другарка и за неа сум сигурна дека е вистински пријател затоа што тоа го докажала.Се појавила во мојот живот покасно,но за мене е битно што останала до мене кога требало без разлика што не се знаеме цел живот.
 

chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
763
Поени од реакции
873
Колку што можам да видам нема тема за денешново пријателство односно како вие го разбирате.
Дали за вас е пријател личност која служи само за излегување или личност која може да ти помогне во секој момент или пак додека има корист е пријател??
Дали кога ке подразмислите подлабоко во себе ке речете имам пријател за се или пак она спротивното??
Дали доволно е една личност за пријател или пак повеќе??
И дали без "пријатели" или оние личности кои ги викате така се може без нив??

Инаку да не излезам некоректен ке си го кажам своето мислење:Денешново пријателство го сметам за АПСУРД зошто бидејќи повеќето сметаат пријател е само за излегување помагање во тепачки и толку.Старото добро пријателство почнува да изумира се знае пријател за што е да ти помогне во се мислам помош ако ти затреба околу дом работа и друго.Да делите добро и лошо да се радува на некој успех а не во себе горчина и завист да бликаат од тие таканаречени пријателски очи.Тешко денеска се наоѓа прав пријател во парадигмата на овој чудесен свет каде злото е добро а добро зло.Инаку без тие пријатели се може барем според мене веќе се ставени но листа на познаници барем моја листа инаку да не се рабереме не целосно повлекување од светот и без контактирање Човек кој е сам или е ѕвер или Бог рекол Аристотел.Мислам дека повеќе пријатели се потребни бидејќи светот кој го живееме налага такви услови ама секогаш еден ке биде над сите и тој накрај ке остане покрај тебе со тек на време.
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Само еден сметам за пријател, оној кој прв сум го запознал и кого сум го запознал уште кога не шетале заедно за прв пат ( 7 години ). Од тогаш па се до ден денес се на се 2 пати сме се скарале ( за банални работи ) и ден денес се дружиме постојано. И да , на фејсбук не праиме муабет воопшто , сите муабети се одвиваат надвор , очи во очи :) Сите останати кои сум ги запознал досега и кои ми се другари ( кои би нарекол другари ) ми се само бош и со нив повеќе праам муабет на фејсбук отколку очи во очи , зошто и не ми значат нешто многу во животот бидејќи досега 1000 пати ме заебале од кога се дружам со нив и често се расправам со нив , затоа што едноставно мрзам кога некој ми се праи ШЕФ во друштвото и ако не го слушаш него , како да си против него. Со пријателов со кој сме заедно веќе 15+ години можам да кажам дека досега никогаш вакво нешто не ми се случило , туку кога ќе донесеме една одлука ја донесуваме заедно пример идеме таму и таму , идеме и ако не му се иде на едниот ни другиот не иде. Во денешно време ретко да најдеш ( запознаеш ) таков пријател со кој можеш да се спогодиш. Добро , на фармвил со секого можеш да се спогодиш , ќе му речеш да ти ја изора нивата, и он има корист и ти имаш корист.
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Намерно ке го започнам постов семантички...Пријателство и пријатели има, другарство и другари нема.. Пријателите денес се само наши ,,бизнис партнери", a како расте пријателството така расте и опасноста. Секое пријателство во позадина носи нешто со себе, само прашање на време е кога тоа ке излезе на површина или дали на време ке ја оцениме личноста... И од пријателството може да се роди другарство, но од другарството пријателствто не, се раѓа ривалство.. Главниот проблем настанува кога и двајцата ке сватиме колку сме си пријатели еден на друг... Свакаме дека различно мислиме.... А другарството... Е тоа е друга тема :) Другарството е или од самото детство како што кажа sankerce или во текот на животот да пронајдеш ептен сродна душа... Како роден брат или сестра.. А може и повеќе од тоа... Тоа другарство се чува како капка вода на дланка :) Секој во животот треба да има барем еден кој ке го разбере нашето минато или живеел со него, некој кој ке верува и ке не поддржува во нашата иднина, ке ја дели со нас во добро и лошо, ке бидеме меѓусебна поткрепа и најважното од се е да не прифати такви какви што сме во сегашноста, без разлика на образование, општествен статус, финансиска моќ, сексуална ориентација... :) За моја несреќа, а за туѓа среќа ги имам осетено последиците од ,,вистинските пријателства", а некои не се ни забораваат бидејки раните никако да заздрават... Затоа го споменав поимот другарство и другар... За мене вистинско пријатеслство е другарството иако споредбата е црно и бело.. Тоа е богатството кое го поседувам... Другарите кои се бројат на една рака :)
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.492
"If you go looking for a friend, you're going to find they're very scarce. If you go out to be a friend, you'll find them everywhere."

П.С Точно е дека вистинските пријатели се бројат на прсти.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
tesko deka postojat vistinski prijateli denes
i ako postojat toa e vremenski period dodeka imaat interes
 
Л

Лигеја

Гостин
Процесот на стекнување нов пријател денес е многу поедноставен отколку порано.Отсекогаш сум правела разлика помеѓу познаник,пријател и другар.Мислам дека вистински другар може да ти биде само личност која израснала со тебе и сте делеле се од сринати коленици,дупнати гуми на точак до моменти како родендени и свадби.Пријателството е основано на заеднички интереси.Дури и да дојде до разделување сеуште не ми е јасно зошто некои луѓе се лутат и се повредени кога нормално е да се групираш со некого кој размислува како тебе,имате заеднички муабет и нормално затоа што имате муабет пиете кафе и заедно плукате по животот.Познаниците можеш да ги сретнеш во банка,полиција,да им потуриш пијачка во диско мртов пијан и да не лапнеш ќотек оти се познавате нели.Вака или онака кај мене една работа е сигурна...на сите им давам втора шанса.
 

Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
Многу интересна тема и на место.

Како прво ќе напоменам дека буквално сум ставал рака в оган за "другари" и не еднаш, не двапати туку повеќе пати и за повеќе луѓе и женски и машки се додека еден ден случка пред може десеттина години се случи да биде хитно драјв со инфо да се пренесе навреме и баш тие кои ми се правеа пријатели, трчаа по мене како лиглиња па брат вади ме аман помогни, де смири ја со оваа дроља(а женска му беше па пак да биде сакал бреееј) се вадеа со безвеза изговори (немам време, бензин за 5км или женска и сл) па ми текна да му се јавам на познаник кој го немав видено цели 3 години и му кажав друже вака и вака е работава, можеш или не нормално одговори позитивно иако автомобилот не му беше регистриран но заврши работа(и беше награден и тоа дебело) и ова не ми се има случено само мене туку на сите, речиси сите.

Затоа научив дека кога ќе бирам човек, да не барам во него човечност ниту сожалување ниту егоизам уште помалку алтруизам уште тогаш на мои 15 години барав човек со принципи и најдов и не ме изневерија, напротив барем во односот со мене и ме изненадија.

Само човек со принципи е изградена личност, се друго посебно младиве правени од мочка се да те користат како болви и да се множат(да ти донесат други како нив) и да молзат, ова го кажувам бидејќи сум го направил намерно и сум видел и разбрал.

Што се однесува до тоа дека се бројат на прсти е парцијално точно, но ако најдам принципиелна личност нема да ја оставам на покварените т.е што е до мене ќе се понудам за другар не е лошо да имаш повеќе другари ниту пак е лошо да имаш многу непријатели, најлошпо е да имаш лицемерни "пријатели".
--- надополнето: 13 мај 2013 во 10:09 ---
на сите им давам втора шанса.
same here.
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.167
За излегување и за друштво правење секој може да ти биде пријател, но за жал вистинско пријателство и другартсво во денешницата е многу ретко.
 

Altair

Шмеќер
Член од
30 јуни 2008
Мислења
306
Поени од реакции
192
Мислам дека е нормален процес да ги менуваш пријателите со текот на времето. Како созреваш ти се менуваат интересите , сфаќањата на животот , желбите , амбициите и нормално е да се опкружуваш со луѓе слични на тебе. Многу е тешко во целиот хаос од различни карактери да се погодиш со некого. Поготово денес кога се фаворизира индивидуалноста , превисока самодоверба , горделивост , амбициозност итн.

За вториот поим "другар од детство" сеуште не сум доволно стар да имам некој став , иако имам другари со кои сум од копиљ и покрај тоа што се испозапишавме различни школи,факултети,спортови ; имаме или немаме сериозни врски ; нови друштва итн. сеуште сме заедно и ми се првата опција (се надевам и јас нивна) да се јавам за било каква помош.

И јас го имам сличниот проблем како членовите погоре , многу лесно простувам ( јбг не можам да издржам кога некој ми се умилкува и ми "плаче" пред мене) и давам втора,трета шанса и кога таа не е заслужена.
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Пријателство? Што е тоа??
 
A

andrea85

Гостин
Пријателство? Што е тоа??
И јас незнам што е тоа! Пред неколку години мислев дека усм најбогатата личност од тој аспект со многу другарки, другари и пријатели но испадна дека немам ни еден вистински. Другарките се покажаа од пуста завидливост какви се, другарите испаднаа дека поголем дел со скриени намери, а пријателите..е тие се тука кога им треба нешто и да отепаат време. Сега имам само двајца тројца блиски на кои може да се потпрам, и толку од аспект на пријателство и другарство.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Сметам дека најголема грешка, пропуст, или како и да го наречам, ми е тоа што во другарките сум имала многу повеќе доверба отколку во сопствената сестра.
А денес сум скептична баш за тие женски пријателства.
Многу луѓе мојата интровертност ја имаат поистоветено со глупавост и искористено за отворено да си ги покажат вистинските лица. Луѓето бараат некој кој ќе ги ислуша, а не некој што ќе им соли памет. И како потоа јас, ставена во таа улога на слушач и запрепастена од тоа како тие едни на други си бодат ножеви во грб, да земам и да се отворам некому?
Затоа и одамна си имам поставено граници кои на никој до сега не сум дозволила да ги премине. Другарка се знае за што е: за излегување, пиење, одмор, бркање дечковци и слично, но во никој случај не некој на кому можеш да се отвориш.
Не сакам да ги бранам машките, ама за разлика од девојките, кај нив барем имам видено неколку примери за тоа како треба да функционира едно вистинско пријателство. Затоа и секогаш ми е подраго кога седам во машко друштво, пијам пиво, си разговарам за серии, книги или било која друга најбанална работа на свет отколку да седам во женско друштво и цело време да слушам рекла казала муабети.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.789
Поени од реакции
11.359
Пријателство, колку лажно тоа звучи. Пријатели немаш ако не те заебале до срж, ако не те оставиле во 5 до 12 да си го бараш чарето сам, ако не ти упропастиле врска, не ти се вмешале во животот и одлуките, не сереле за тебе позади твој грб, не краделе од тебе, не сте се истепале за баналност, ако не ги сфаќале твоите определби лично и уште мал милион примери. Пријателот како дефиниција денес е само едно обично гомно. Поради тие пријателства толку многу фрлив во вода што искрено и не знам што би ме измило да бидам пак чист пред некој што ми значи, еден ден.
Жал ми е што останав со 2-3ца пријатели денес, зошто реално се изгуби духот на она право другарство поради пари, книшки, социјални статуси, дроги, комплекси, жени, срања...страшно. Од една страна е ок, но од друга страна кога се гледаш со нив - сфаќаш дека повеќе од еден дифолт муабет, нема. Најди си ја сродната душа и заеби се, зошто не вреди.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom