С
Сатори
Гостин
Сезона (квалитетни) искрени психоанализи.
Свечено отварање.
Прв пациент: Mlad_man
Склопот на интереси кај секој човек велат дека е различен, но кога за себе се вели дека се имаат во огромен број тоа значи дека не се специфицирани и нивното определување би претставувало еден вид на мачнина затоа што ќе бара наводно голем мисловен напор.Грешка веднаш на самиот старт затоа што кога некој си дозволува да нема секции во кои што ќе ги стави своите мисли тогаш е хаосен, но, во случајот на овој лик ќе претпоставиме дека ја одбрал теоријата на хаосот затоа што најдобро може да се снајде во неа и затоа што голем број на луѓе тоа го практикуваат.Од оваа оскудна информација секако можеме да извлечеме заклучок дека сака индивидуалноста да ја презентира преку креативноста што сакал да ја вметне во никот, но како кај голем број на „креативци“ е веќе видена и испраксирана.Тоа го прави желен за внимание и докажување во секоја средина на која ќе налета, кога не би го добил тоа, наместо да се бори, после првата поставена ѕидина ќе прифати дека тоа е така или ќе се лаже себеси дека ја прескокнал со помош на медитација.
Играчница и спорт се лесни категории, значи од психолошка перспектива овде имаме случај на „сладок лимун“, кога си даваме на вредност на делата кои што не се посебно вредни.Секако, ова нема да биде кој знае колку сериозно, затоа што не е синдром кој што го следи нашиот карактер во сите животни полиња, туку само на форумската жолта позадина каде нема потреба од пренагласување на логичните форми на рационализирање.
Од овде излегува стравот да биде на било каков начин етикиран затоа што тоа ќе му ја земе безбедноста што ја има во „стадото“, а сигурноста му е посебно битна иако на моменти посакува да живее повозбудливо и да биде похрабар во искажувањето на своите реални ставови во врска со сериозните теми.
Потоа, учење на стандардните финти во малоо и префрлање во сите правци кои што доловуваат општествено прифаќање.Тоа ја истакнува твојата огромна желба за себедокажување и реализација која што ќе биде првенствено видлива за другите, за тие да можат тебе да ти ја сервираат.Мотивите кои што ти се најбитни се сепак оние личните кои што малку ги имаш измешано со социјалните затоа што во твојот ум тоа е една иста работа.
Синдром на тоа да ги направиш сите горди на тебе за да можат да се восхитуваат, секако, тоа е само аспирација, немој да се измешаме со реален живот.
Сублимација не е сеуште потребна.Изградбата не е завршена.
Следен пациент: Mac)).