Мистичен
Човек
Доколку се оди според плановите, првиот подземен стадион во светот би требало да биде отворен до 2010 година во Катар. Стадионот е еден од адутите за добивање на организацијата на Светкото првенство во фудбал 2018 година, за кое Катар планира да поднесе кандидатура.
Кога се гледа одозгора, јасно е зошто стадионот наречен "Ѕид" веќе го доби и својот прекар "Лаптоп" - според неговиот изглед кој потсетува на отворен преносен компјутер. Стадионот нема да има традиционални рефлектори, а архитектите се горди на осветлувањето кое ќе биде вградено во самата опкружувачка архитектура.
Па, зошто под земја? Океј, освен поради финта, за земја како Катар каде што владеат горептините има уште една причина - контрола на климатските услови. Подземниот стадион би требало на гледачите и играчите да им овозможи ладна и поднослива атмосфера. Само една, највисоката трибина ќе го гледа светлото на денот, додека останатите страни на стадионот се закопани во земја.
Единствен проблем на овој стадион е неговиот капацитет - трибините собираат само 11.000 гледачи.
Кајгана