Првиот Македонец, каде цела влада му дојде на пуштање канта

  • Креатор на темата Креатор на темата Slash-
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
Скопјанец е веројатно е еден од ретките, ако не и првиот Македонец кој ја имал честа неговата нова канта за ѓубре во дворот да му ја пуштаат во употреба министри, градоначалници и директори.

Најпрво вицепремиерот Ставревски ја потчукна кантата од грчкиот производител за да види дали е квалитетна.

„Добра е кантата“, рече Ставревски.

А потоа следеше примопредавањето. Првата од 60 илјади нови канти, свечено се пушти во употреба во двор во Кисела Вода.

Канти се пуштија уште во неколку дворови. За Ставревски ова значело подобрување на стандардот на граѓаните, советничката на град Скопје Есма Реџепова, унапредување на хигиената.

Како кантите ќе го подобрат стандардот?

„Наместо граѓанинот да вложи 800 денари од неговиот сопствен буџет, Градот Скопје ги дава тие 800 денари да се купи таа канта“, вели Зоран Ставревски, министер за финансии.

„Како член на ВМРО-ДПМНЕ, сигурно ќе го поддржам, хигиената е голема работа, да се заблагодарам министерството што на граѓаните ќе им направи подобри и почисти услови да живеат“, рече Есма Реџепова, советник во град Скопје.

„Важно е дека ние постигнавме цена, која што сметаме дека е многу поволна, овие импровизирани садови нема да ги има, ќе имаме нов добар систем“, изјави Коце Трајановски, градоначалник на Скопје.

Новите канти за отпадоци чинат околу 800 илјади евра и се обезбедени од кредит од светската банка. Ги изработи грчка фирма. А Бесплатно ќе бидат поделени во 20 општини на луѓето кои немаат канти.

kanta.gif

:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud: ке го подигаат стандардот со доделување канти !!!!!
 
Колку ти е заостаната државата гледаш по тоа што зема кредит од 800 000 евра за да купи канти за џубре произведени од земја која не те признава за жив.Па уште и пола влада ги пушта во употреба.И за Македонија да е,многу е.
 
:pos: :pos: :pos2: :vozbud:

Леле бре ме скина! :pos2: Ова уште малце е за плачење, бог да чува! :nesvest:
 
Ова е боље од Last comic standng! Супер е да живееш во МК нели? :pos: :pos:

Него, за тие што живееме во станови, ќе ни ставаат канти пред врата?
 
ццц :nesvest:... па добро бе могуче ли е ова?!...
 
Могуче е. Знаеш како викаат - глуп народ, силна... ...хигиена. :pos:
Него мене не ми треба канта, веќе имам една, само ако може да дое Ставревски да ја провери дали е добра.
 
ааааааааа, не, не:nenene: не е фер вака- пред неколку години ни наметна тогашната влада да секоја куќа мора да си купи од кантите- па така си плативме-ако не се лажам по 1500 денари
ееееееее, сега барам да ми се вратат парите-штом оваа влада им ги дава бесплатно- а јас веќе ја иам кантата- ги барам парите назад
 
Се надевам дека ќе ја имам честа да ми дојдат на отворање на шахтата :vozbud:
 
Се надевам дека ќе ја имам честа да ми дојдат на отворање на шахтата :vozbud:

Во мојот влез се шират шпекулации дека ќе дошле за отварање на новиот прекидач за светлото во влезот.
 
ако даваат од овие зелените канти , нив ти требаат 3ца мужи дома за да ја истресат , зашто таа ја празни мало камионче од КХС , а такви не сум видел одамна и да ги има ги има сигурно мн малце , и чисто сумљам дека ке идат у 60 илјади куќи за да тресат канти :)
 
Него мене не ми треба канта, веќе имам една, само ако може да дое Ставревски да ја провери дали е добра.
:pos: :pos:

Да не имаше негде конкурс, да аплицирам и јас за канта?? :tv:
Вака ме немаат изнасмеано после утката со плинската боца за жртвите од Холокаустот и промашениот погреб. :tv: Лудница.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom