Првата цигара?

  • Креатор на темата Креатор на темата Novinarot
  • Време на започнување Време на започнување
8-мо на екскурзија,за нели да бидеш фраер и да се криеш од класната :) И не продолжив туку почнав летото прва према втора година средно и така до пред 8 месеци,едноставно ми станаа одбивни веќе.Сега сум 8 месеци чист,и не само што не пушам туку и вртам поголема сума на пари во мене :)
 
Не сум пробал, а нема ни да пробам :)
 
:vozbud: одамна беше.. мислам дека бев трето одделение (10 години), потоа неколку пати на 15 години и на 17-18 трета година средно

ама денес сум непушач :baeh: (не за друго, одвртни ми се :pov:)
 
Пушам веќе 16 години. Кога почнуваш, мислиш дека нема шанса да станеш зависен од нешто толку гадно, па си пушиш се повеќе и повеќе. Тогаш се навикнуваш и веќе ти се чини убаво, за после некое време да не можеш без цигари. Никотинот е дрога, создава зависност и колку и да е гадно цигарето, се повеќе ќе пушиш зошто едноставно не се задоволуваш со истата количина. А паметот те лаже дека можеш да ги оставиш без проблем, се додека не пробаш тоа да го сториш. А ќе пробуваш, безброј пати, но ќе успееш само ако одлучиш (нешто што само го одложувам). Денес искрено си се жалам себе и сите пушачи а завидувам на непушачите. Те жалам и тебе зошто знам што те чека.
ПС она со кафето и цигарето е чисто перење на памет. Кафето има исти вкус и без цигаре, а цигарето има грозен вкус, со или без кафе. Се работи за навика, едноставно во таква ситуација мозокот ти испраќа наредба да запалиш цигаре. Но пушењето не е навика, туку зависност.
ППС заеби тоа дека е шизички или не знам што. Нема ништо шизичко кога гледаш некој кој наместо да се весели, јаде и пие во кафана и моабети со друштво, девојки итн. он на секој 5 минути излага надвор да запали цигаре, или пак го фаќа нервоза и сето тоа јадење пиење и друштво не му значи ништо. Јадењето не е убаво,не се ужива туку секогаш пушачот брза за да запали цигара. Нема ништо шизички кога ќе правиш моабет со некоја да пазиш кај зборуваш за да не и засмрдиш на пепељара. Било шизичко некогаш, денес си третиран како да си болен (што всушност и си).
ПППС луѓето кога зборуваат колку трошат за цигари, сметаат само 1 година. Јас ако продолжам да пушам со ова темпо (а нема шанса, само си накачувам), 2 и пол кутии дневно, и да пушам уште 34 години (да заокружиме на 50 се на се), во животов ќе потрошам 33,333 евра само на цигари кои сум ги испушил (ако цената остане иста-што НЕ МОЖЕ да биде). Еден добар стан ќе оди во дим (или ако повеќе сакаш 3 добри автомобили, 67 компјутери итн). Ако и твојот брачен партнер пуши, тогаш дуплирај ја цифрава. Па размисли пак пред да почнеш, зошто како што реков патот до назад е тежок - не е тешко да престанеш, тешко е навистина да се одлучиш да престанеш. Одлучи додека не си почнал.
тешко е од цигари да се откажеш .
Не знаеш колку има потешки работи од тоа .
 
16 години ми се неразделен другар,првата цигара сеуште ја памтам :) кое кашлање, вртоглавица,дезориентираност. :pos2:
Не ми е криво што се трујам, криво ми е што до сега претворив во пепел најмалку 3 мерцедеси С-класа :)
 
Горд сум на тоа што никогаш не сум пробал цигара. И не ни планирам да пробам, барем не додека сум жив. Одвратно ми е да бидам меѓу пушачи и да го дишам чадот од цигарите и многу ми е некако одбивно да сум меѓу нив. Некои не ми веруваат дека не сум пробал ни дим до сега, ама кој ги шиша, има други начини да се биде фаца во друштвото.
 
Пушам веќе 16 години. Кога почнуваш, мислиш дека нема шанса да станеш зависен од нешто толку гадно, па си пушиш се повеќе и повеќе. Тогаш се навикнуваш и веќе ти се чини убаво, за после некое време да не можеш без цигари. Никотинот е дрога, создава зависност и колку и да е гадно цигарето, се повеќе ќе пушиш зошто едноставно не се задоволуваш со истата количина. А паметот те лаже дека можеш да ги оставиш без проблем, се додека не пробаш тоа да го сториш. А ќе пробуваш, безброј пати, но ќе успееш само ако одлучиш (нешто што само го одложувам). Денес искрено си се жалам себе и сите пушачи а завидувам на непушачите. Те жалам и тебе зошто знам што те чека.
ПС она со кафето и цигарето е чисто перење на памет. Кафето има исти вкус и без цигаре, а цигарето има грозен вкус, со или без кафе. Се работи за навика, едноставно во таква ситуација мозокот ти испраќа наредба да запалиш цигаре. Но пушењето не е навика, туку зависност.
ППС заеби тоа дека е шизички или не знам што. Нема ништо шизичко кога гледаш некој кој наместо да се весели, јаде и пие во кафана и моабети со друштво, девојки итн. он на секој 5 минути излага надвор да запали цигаре, или пак го фаќа нервоза и сето тоа јадење пиење и друштво не му значи ништо. Јадењето не е убаво,не се ужива туку секогаш пушачот брза за да запали цигара. Нема ништо шизички кога ќе правиш моабет со некоја да пазиш кај зборуваш за да не и засмрдиш на пепељара. Било шизичко некогаш, денес си третиран како да си болен (што всушност и си).
ПППС луѓето кога зборуваат колку трошат за цигари, сметаат само 1 година. Јас ако продолжам да пушам со ова темпо (а нема шанса, само си накачувам), 2 и пол кутии дневно, и да пушам уште 34 години (да заокружиме на 50 се на се), во животов ќе потрошам 33,333 евра само на цигари кои сум ги испушил (ако цената остане иста-што НЕ МОЖЕ да биде). Еден добар стан ќе оди во дим (или ако повеќе сакаш 3 добри автомобили, 67 компјутери итн). Ако и твојот брачен партнер пуши, тогаш дуплирај ја цифрава. Па размисли пак пред да почнеш, зошто како што реков патот до назад е тежок - не е тешко да престанеш, тешко е навистина да се одлучиш да престанеш. Одлучи додека не си почнал.
онтопик.. Група: Горди непушачи... хахаха :-)
За постов, едно добро браво, од секогаш сум го кажувал ова... наместо да им купиш чоколадо на децата, ти ќе се труиш со тутун...
 
Леее која стигматизација за пушачиве еј, како најлошо нешто на светов да е! Да се разбереме, не викам дека е општо добро...
Иако сум пушач долги години, никогаш нема некого да советувам да почне да пуши, ама ако почнал да пуши и пуши веќе долго време, си ужива, нема што да го замараме. Има закон за заштита од пушењето, барем во поголемиот дел од Скопје се почитува, понатаму нема што да им се навлегува во личниот избор на секој :icon_lol:
 
Лани летото прв пут пробав цигарче, т.е неколку дима. Онака баш ме занимаше шо е тоа толку што го хејтав и не го пробуев до тогаш.
И од тогаш само на некоја ептен добра журка знам да зеам некој дим. xD
 
Толку очајно сакаш да припаѓаш во некоја класификација? Што форсираш ако ти се гади? Мислиш дека добиваш на coolness level-от? Можеби порано. Ама, сега има премногу морон4иња во обид. Квантитетот ствара комерцијала. Аналогно, цигарите сега не се кул. Пробај со шприц штом си расположен за експериментирање.


Слушај го and shut tha fuck up.

Патем, ја памтам правата цигара!
Бев излезен у град и на другар му барав цигара и го терав да ме научи да вовлевкувам, пошо неќев да го кашлам првиот џоинт...
Две цигари тоаш му искашлав, некако, неуспех беше... За чудо, првиот фиш не го кашлав, а и ниеден до сега...
И така едно добри година дена и кусур дека дував и цигара не палев, а сеа, знам да запалам цигара од време на време, ми го праи кејфот. Гледам да пушам малце, али коа пушам гледам ја и цигарата да го иаме муабетот и све друго е трето.
 
Првата цигара...времиња :)Бев млад рокер,5то или 6то некаде,знаете гитара,долга коса,алкохол и се друго што иде уз рокерскиот имиџ,па дојде време да се комплетирам со цигара ама пусти срам да се купи кутија(леле колку ми е смешно ова):pos2:
Собравме храброст со другар ми,купивме некако,ја испафкавме пола кутија за еден саат и престанав да пушам другата ден :)
п.с.Се до почетокот на факултетов ми мој...
 
Прв пат во животот цигара во уста ставив на 8 или 9 години...Го украдов од баба ми...И се разбира добив добар ќотек за тоа. А почнав да пушам стално на 14 години. :toe:

ПС: Сега дури сфатив што значи да се направи некоја голема грешка во животот!
 
Се насмеав кога ја видов темата, зошто ме вративте многу време назад :)
Првата цигара ја запалив кога имав само 15 години, сега кога ќе размислам жал ми е за тоа. Многу поубави работи има да се направат во животот, премногу нешта во кои може да се ужива. Искрено кога би знаела тогаш колку се штетни, никогаш не би пробала, но ете се случи.
Денес сепак сум горда шо успеав да ги намалам до кај 10 цигари дневно, а некогаш и помалку. Мислам дека се повеќе навика, отколку што никотинот создава некоја јака зависност. Сепак мојот совет е, никогаш не почнувајте да пушите, посебно ако имате вака кревко здравје како мене, тие само може да ви ја влошат состојбата!
 
Смешна е мојата приказна за првата цигара, а може подобро е да кажам - трагикомична. На тоа време, кога бев прва средно, никој од мое друштво не пушеше т.е. сите беа строго против пушење и јас и тогашната најдобра другарка се криевме од сите други за да палиме од на мајка и цигарите - 57ца :pos2: Колкави идиоти сме биле значи ц ц ц А првата цигара иначе ја пушевме заеднички кај другаркава дома, и се сеќавам дека почна да ни се врти и си мислевме дека којзнае што дрога има во цигариве. Сега се каам пошо сериозно тешко ми иде откажувањето. Мислам, тешко ми оди пошо сакам да пушам, убаво ми е така особено после јадење, после секс, со кафенце... И знам дека се ужасно штетни, ама до сега не сум развила доволно голема волја да го направам тоа што треба да се направи :kesa:
 
Една вечер..Летна вечер беше..Имав парички в џеб и трк до трафика.Си зедов Родео Слимс жолтите,и си седнав на клупата,ги собрав другарките, и ајмооо..Се изнакашлав .. (:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom