Првата цигара?

  • Креатор на темата Креатор на темата Novinarot
  • Време на започнување Време на започнување
Како прво пуши цигари скоро цел клас, а и не ми се гади секогаш... на пр. понекогаш ко ќе запалам од сабалје... ме бола главата и ужасно ми се лоши. Али цигара во комбинација со кафе... одлично е! :)

Доколку имаш 12 години, воопшто не ме чуди :tapp:
А цел клас ако почнат сами да си ги пушат? Секако и ти ќе почнеш може на сабајле ќе ти се лоши ама ќе се навикнеш,па и у комбинација со нешто друго да пробаш :vozbud:
 
Пушам веќе 16 години. Кога почнуваш, мислиш дека нема шанса да станеш зависен од нешто толку гадно, па си пушиш се повеќе и повеќе. Тогаш се навикнуваш и веќе ти се чини убаво, за после некое време да не можеш без цигари. Никотинот е дрога, создава зависност и колку и да е гадно цигарето, се повеќе ќе пушиш зошто едноставно не се задоволуваш со истата количина. А паметот те лаже дека можеш да ги оставиш без проблем, се додека не пробаш тоа да го сториш. А ќе пробуваш, безброј пати, но ќе успееш само ако одлучиш (нешто што само го одложувам). Денес искрено си се жалам себе и сите пушачи а завидувам на непушачите. Те жалам и тебе зошто знам што те чека.
ПС она со кафето и цигарето е чисто перење на памет. Кафето има исти вкус и без цигаре, а цигарето има грозен вкус, со или без кафе. Се работи за навика, едноставно во таква ситуација мозокот ти испраќа наредба да запалиш цигаре. Но пушењето не е навика, туку зависност.
ППС заеби тоа дека е шизички или не знам што. Нема ништо шизичко кога гледаш некој кој наместо да се весели, јаде и пие во кафана и моабети со друштво, девојки итн. он на секој 5 минути излага надвор да запали цигаре, или пак го фаќа нервоза и сето тоа јадење пиење и друштво не му значи ништо. Јадењето не е убаво,не се ужива туку секогаш пушачот брза за да запали цигара. Нема ништо шизички кога ќе правиш моабет со некоја да пазиш кај зборуваш за да не и засмрдиш на пепељара. Било шизичко некогаш, денес си третиран како да си болен (што всушност и си).
ПППС луѓето кога зборуваат колку трошат за цигари, сметаат само 1 година. Јас ако продолжам да пушам со ова темпо (а нема шанса, само си накачувам), 2 и пол кутии дневно, и да пушам уште 34 години (да заокружиме на 50 се на се), во животов ќе потрошам 33,333 евра само на цигари кои сум ги испушил (ако цената остане иста-што НЕ МОЖЕ да биде). Еден добар стан ќе оди во дим (или ако повеќе сакаш 3 добри автомобили, 67 компјутери итн). Ако и твојот брачен партнер пуши, тогаш дуплирај ја цифрава. Па размисли пак пред да почнеш, зошто како што реков патот до назад е тежок - не е тешко да престанеш, тешко е навистина да се одлучиш да престанеш. Одлучи додека не си почнал.
 
ногу горчи тоа димот гадно е. не ми било судено.
 
Хахаха мнооогу одамна. Памтам ја онака мала и радознала се сакав да пробам. Татко ми за да ми го направи ќејфот ми даде да тргнам и знам дека вриштев и плачев пола саат. Си пафкав и прва втора година средно, а почнав да пушам летото втора за трета. Шо значит пушам едно 9 месеци :)
 
Шесто и премногу љубопитна за свое сопствено добро.Бидејќи моите дома се пушачи од како знам за себе, одлучив да земам еден од кутијата на класната додека работевме на некој проект и да пробам како изгледа тоа.Се затворивме со најдобрата другарка во кабинет и ја запалив цигарата, повлеков два дима кога некој почна да тропа на вратата и нормално ја фрлив цигарата низ прозор.
Потоа поминаа две години додека почнав повторно да палам по една, две неделно, за во трета да пушам по кутија на ден и сега сум на истата доза.
 
Ја сум единствен кој со 17 години нема пробано цигара? :cry:

Јас имам скоро 20 и немам ни фатено у рака такво чудо, рилекс :) Не ни планирам, спортист сум, спортски живот водам, медицинските тестови ми се и повеќе од одлични, треба да сум будала да го уништам тоа па и уште пари да давам како бонус за отровот.
 
Дим-два нема да се одразат многу врз медицинските тестови. И јас за моите 19 години немам испушено цигара, ама имам земено дим4иња, колку да знаеш што мразиш. :)
 
Дим-два нема да се одразат многу врз медицинските тестови. И јас за моите 19 години немам испушено цигара, ама имам земено дим4иња, колку да знаеш што мразиш. :)

Aa не, што е сигурно сигурно :D Плус не оставам во соба да ми влезат со цигара, не па да вовлечам :))))))
 
Aa не, што е сигурно сигурно :D Плус не оставам во соба да ми влезат со цигара, не па да вовлечам :))))))

..си мислиш од ѓавол бегаш. :pos:

Од два дима не се станува зависен пушач. Јас гледам на тоа како искуство. Утре, деца ќе имаме, и ај на 10 ќе го лажеш дека се умира од тоа, ама на 14-15 ако немаш реалност во муабетот, real life искуство, да знаеш да му кажеш што како, убаво елаборирање а не да звучиш како антипушење реклама од тв, ќе си дознава на своја глава. Незнам, јас пробав колку да знам што мразам, како и што реков. Ваљда сите се донекаде цврсти карактери, од љубопитен дим да не почнат редовно да пушат. Да не излезе се преценувам. :)))))

Него, за собата, не само ти или само јас, знам и пушачи што не дозволуваат. Друг муабет е тоа. :)
 
Токму така, според мене непушач е само оној кој пробал цигара и не пуши. Сите овие кои никогаш цигара не ставиле во уста не се НЕпушачи, туку потенцијални пушачи.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
..си мислиш од ѓавол бегаш. :pos:

Од два дима не се станува зависен пушач. Јас гледам на тоа како искуство. Утре, деца ќе имаме, и ај на 10 ќе го лажеш дека се умира од тоа, ама на 14-15 ако немаш реалност во муабетот, real life искуство, да знаеш да му кажеш што како, убаво елаборирање а не да звучиш како антипушење реклама од тв, ќе си дознава на своја глава. Незнам, јас пробав колку да знам што мразам, како и што реков. Ваљда сите се донекаде цврсти карактери, од љубопитен дим да не почнат редовно да пушат. Да не излезе се преценувам. :)))))

Него, за собата, не само ти или само јас, знам и пушачи што не дозволуваат. Друг муабет е тоа. :)

Не бе, димот ми е одвратен, дури кога пушат во друштво одам во спротивен правец од него, ме гуши :)
 
Aa не, што е сигурно сигурно :D Плус не оставам во соба да ми влезат со цигара, не па да вовлечам :))))))

Непостојат магични цигари ( барем не легални ) од кои нали ке се навлечеш од една или незнам шо ќе ти се деси така да нема ништо лошо у тоа да запалиш една цигара, ако сакаш нормално.
 
Бев многу мала, со брат ми (кој е 6 години поголем) бевме кај брачедите, кои се негови врсници... „стариве“ беа излезени, и господата си запалија цигара и ме натераа да тргнам дим. Нормално, мислев дека ќе си ги искашлам белите дробови.
После тоа мислам дека прва за втора пробав пак и се научив да ги вовлекувам, една година палев одвреме-навреме, најчесто уз алкохол, а сега немам ни желба да запалам. Ваљда ги надминав, повеќе не се чувствувам „кул“ кога се к*рчам со цигаре в рака :tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom