Прозни искри

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Изгледаше замислено. Потпрен на оградата од терасата. Под него, шините каде обично поминуваше меѓу-градскиот воз. Воз во кој се возеше таа. Воз кој ги зближуваше на кратко, после долгите денови разделени. Но, го немаше. Само тишина. Можеше да ги слушне нежните црцорења на врапчињата. Немаше никој во близина. Само тие. Само тие му даваа мир. Го потсетуваа дека треба да најде сила. Дека треба да го исполни ветувањето што и го даде. Она, кое што не сакаше, но сепак беше неспособен да го одбие. Она, кое беше нејзината последна желба. Нејзиниот последен разговор со него. Да продолжи со животот. Да најде друга. Да биде среќен.

Одеднаш се насмевна. Мала, тажна насмевка. Полека прошепоти: "Засекогаш драга. Засекогаш ќе си ти.". Но нешто го пресече. Се слушна бучава. Возот идеше. Почнаа да му треперат нозете. Срцето му се забрза. "Те сакам. Ти си ми се на овој проклет свет.". Прошепоти. Му се вратија сеќавањата. Првото гушкање. Првото бакнување. Пушти солза радосница. Се смееше. "Елена! Елена!". Го извикуваше нејзиното име.

Но одеднаш престана. Гласот му се фати. Немаше веќе сила за викање. Насмевката му падна. Солзите, големи, веќе не беа радосници. Срцето, како да престана да му чука. Возот беше блиску. Реалноста го разбуди. Му врати за целото сонување. За живеењето во некој нереален свет. Таа. Таа не беше веќе тука. Го извади ланчето што тој го направи со школката што таа му ја даде. Го обеси на вратот.

Возот беше поблиску. Бучавата поголема. Зема воздух и издиша. Застана на другата страна на оградата и се наведна напред. Ја погледна месечината и прошепоти: "Еве ме мила. Доаѓам.". Се пушти.
 
Насмевка.....

Една насмевка не значи ништо а толку многу дава......
Ги збогатува оние кои ја примаат без да ги осиромаши они кои ја даваат....
Трае само миг но сеќавањето на неа и понатаму останува вечно да трае.....
Ги одмара уморените, ги охрабрува обесхрабрените.......
Не можеш да ја купиш, позајмиш или украдеш...... Можеш само да ја подариш.....
Таа е единственото нешто што вреди само по себе кога се дава.....
Ако сретнеш некого кој заборавил да се смее, биди широкограден подари му ја својата насмевка.....
Животот е огледало: ако му упатиш насмевка, ќе ти врати со насмевка...

.......Смеј се и кога ти се плаче... Затоа што не знаеш кој се вљубува во твојата насмевка во тој момент ..
......
 
Текстов требаше да оди во Секс - колумни ама во текот на пишувањето се пренамени и не го доби посакуваниот концепт.

Ќе го продолжам ако имам време ако не ви го препуштам на имагинацијата

Мене сите ме знаете како фраер и во глобала за пичка сум немал проблем и што вика Џек Николсен не можев никако да ги разберам оние што дркаат во задни клупи во Трудбеник не дека јас немам дркани и забришувано курето со книгата од пуканките па после мијано на чешма да не го јади солта ама тоа беше само од куртоазија и да му прам друштво на некој од другариве.
Така беше и ова случка некаде пред 10-тина години влегов во интеренет кафуле и ајде да го видам еден другар кој ми кажа дека си фатил женска на сербијан кафе за да ја видам која несреќница е заљубена во 100 кила жива - мера адослесцент кој има 100 гига порно под перница.

Седнав и гледам ник Сања , додека Д.(ебелиов) ник Џејмс Дин 19 и си разменуваат пољубци асл плс и некој фрази од српски страници како Љубави моја једина ти си моји свет ,за да скратам слушај некоја љубовна балада од Електрични Оргазам.

Седнав и јас тука да почекам да отвори чаршијата за да си купам еспадрили за мал фудбал и треба да го платам телевизоро зошто мајка ми игра наградна игра на МРТВ.

Седнав на едно столче и гледам мали црни екранчиња со шарени буквички и сите типкаат асл плс, тнџ, ***********, лув јо и некој други непознати акроними.

Ми понуди газдава еден сат бесплатно да сурфам и ми пушти мирц и даде основни упатства. Овде си пишуваш ник, овде влегуваш во канал, овде се праќаат слики изгледа сакаше да ме навлечи педерчето. 6 бона сат не е заебанција две кутии Партнер се или што вика мајка ми 4 леба од социјалниот.

Кога е веќе бесплатно секако чекам да помине време ќе седнам, го пишав никот Блазо 23 , јебига нема ж на латиница и се вклучив во канал прилеп. Одбрав една напалена 22 и пишав да ми дај телефон и да се најдеме некаде ми врати дека многу директно се однесувам, му кажав дека слаб сум со куцање и сум мерак ако може орално да општиме ова де разговараме. Ми призна дека напалена е маж кој е на лезбијан каналот и збира слика и ми рече да одјебам.

Океј следан жртва Вирџинија Волф имево ветува многу, одма се претставив дека сум Блажо и ако сака да се видиме нека се јави на телефон домашен кога можи и ако се јави Игор нека му речи да го свика Блажо комшијата, нашиот пред една година ко исклучија.

Ја чекав 3 минути и кога веќе сакав да баталам и да заминам ми светна екранчето и пак истиот одговор аман бе Блажо не оставај јавни податоци на интернет и навистина многу директен си.

И реков дека не сум Раскољников да ја тупам и ме нервира да куцам многу сум млад и неискусен.

Хаха Блажо добра фора ти е со млад и неискусен ќе те земам во предвид.

Аха и уште да не закачи некој со шлепер и да загиниме млади и невини со акцент на второво цела случка Шекспир не може да ја долови ајде терај одам да земам еспадрили од Боролета. Чао јави си ако имаш време.
Тотално заборавив на случкава кога комшијава ми тропна со камен под пенџере околу 12 во недела.
Станав и појдов кај него кога на телефон мамурлија слушам некој глас.

Здраво Блажо туку Вирџинија Волф, се почешав малку по глата која будала може да биди ова и ми текна ова е Маца школската што замина во манастир од ко не можеше никој да ја задоволи.

Кај си мори Мацо само таква будала како тебе може да се претстави Вирџинија Волф знам дека си ти, кога си дојде?

Блажо јас сум Вирџинија од мирц ми остави телефон да ти се јавам, ако имаш некоја обврска во ред мислам дека и јас малку се чуствувам нападна во ситуацијава.

Плас се штракнав по чело - Нема проблем Вирџинија како не се сеќавам ми остави солиден впечаток кога си слободна да пиеме по едно кафе.

Блажо јас се викам Виолета и не сум сигурна за јавно излегување и состанок малку е деликатна ситуацијата.

Во ред е Виолета може да се запознаеме каде сакаш и кога сакаш имаме стварно многу заедничко, еве ти одлучи се за место и време.

Што знам ајде дојди на Октомвриска 12 околу 3 часот само не свири и не викај слободно влези внатри, не сакам да се забележува нешто.

Во ред и го затворив телефоно и се упатив кон Игор, затвори го телефонот глупак не е пријатно да се слушат туѓи разговори давај клучо од купатило да ја замијам изваркава ,кај мене дома старио го вади гајтано од бољеро за да не трошиме струја.

Се истуширав и заминав пешки, не сум нешто посебно дотеран фармерка, патика и маичка со натпис Клеш Лондон Колинг, можи требаше да ја зеам онаа поло маичката шо ми ја пратија роднините од Београд и да изгледам малку позрел уствари бе кој ја ебе секако немам некој големи аспирации.

Гледам Октомвиска 6,8,10 и ева ја лепенка на два спрата со иницијали ВМ и долу потпис 1967 изгледа годината кога е градена и зелена порта која некогаш била зелена исто со иницијали ВМ.

Само ја поттурнав вратата и влегов внатре се упатив кој вратата обична дрвена и изгребана и застанав јебо матер се чуствував како Мерил Стрип пред да го запознае Ханибал Лектор во Сајланс оф д лемб.

Отворив и со подадена глава тивко викнав дали има некој, имав и резервна варијанта ако ја згрешив собата ќе се претставев од некоја секта дури и носев книжуле од Еми Вајт за таа намена.

Еве ја слезе и јас ја регистрирав ниска, сензуална црвенокоса буцка која е некаде 30 тина.
...............................................................................................................................................................................................................................................
 
Драг Јозеф,
Можно е, да постои кожа врз кожа. Деконцентрациска замка во која ќе падне само едниот, додека другиот несвесно го поткопува...
Можно е нејсе, и заматување на и онака пијаниот разум, кој ќе те доведе до суштествувачки турбуленции.
Врисок!
Дури и кога си трезен-врисок! Кога спиеш-врисок! Врисок на поткопаното во тебе. Така врискам јас сега, молејќи да ги затворам овие отвори на бесознание, оваа несфатливост во која се дави честа, совеста и рационалноста.
А сепак, убаво е... Убаво е да се потсетам какви ти се очите под долгите трепки, секоја исцртана неправилност на лицето додека ме понижуваш и газиш.
Те чувствувам дека ме омрази... Зошто ја одглуми секоја една педа од нашиот пат? Знаеш...Водеше кон провалија! Сама паѓам. Ти стоиш и ме гледаш од горе... А јас-сеуште паѓам.

Твоја, Лаура Шобар
 
Додека ме милува сонцето по лицето, се трудам да сетам нешто во овој сив свет. Ме голта бетонската џунгла. Растргната меѓу цртаните со среќен крај кои како ехо одекнуваат и велат ако веруваш се е можно и реалните приказни моја и нечија , свое страдање и нечие наспроти среќните емоции од дизниевите приказни . Розева нота во сивилото кое те држи натаму, кое те растргнува кое те води да бараш нешто што малкумина го нашле.А дали воопшто постои? Не знам. Само приказни, урбани митови за среќен крај, стојат тука во мојата глава како последна надеж , сламка за која се држам пред да се удавам.
ДОСТА Е
Денес се будам се заклучувам внатре секоја емоција , заедно со секој отпор кој го давав, Прифаќам и оставам водата да ме носи, дозволувам хаосот да ме проголта, полесно е така. Нема повеќе страст во бркање на идеалите ова е постмодерната нема место за сонувачи, овде нема место за верба, се пресметано и искалкулирано и испробано.Додека зборам со мојот другар како да направиш некој да се вљуби и што треба да правиш, љубовта и дозволување емоциите да те понесат е забрането. По ѓаволите каков свет е овој? Кога нема место за тие што дозволуваат да бидат понесени од емоциите и дури со љубовта се калкулира со дигитрон, каде тие што не го прават тоа се исмевани?
Дури ни мали деца повеќе не плачат, ова е нашиот свет . Сите закопани во бетонска арматура , своевидни склуптури, божества на овој свет .Совршени нема место за грешки, секоја грешка не чини скапо, лесно заменливи роботи . Секој со своја задача со своја пандорина кутија полна со емоции и спомени од телевизорот заедно со некој свој мит, свој идеал кој го закопал како дел од ритуалот на растење . Само на моменти кога ќе се соочиме со болката на другите и себе си, заедно со сонцето кое не милува чуствуваме емоции тогаш се чуствуваме човечно но и кршливо . Повторно закопуваме се што не прави луѓе и продолжуваме, се враќаме на лентата . Ништо не е важно освен оправдување причината за својата егзистенција, докажување својата вредност во спротивност и ти ќе бидеш закопан и заборавен во бетонските арматури. Стравот од неуспех и стравот дека на крај ќе испаднеш жртва/губитник во овој свет е единствена емоција и тоа е потребно за грижливо да градиме ѕидови и пандорини кутиии да изработуваме.
Да продолжиме да работиме на лентата

Стисни дугме ќерко и продолжи понатаму остави ги овие мисли за оние кои можат да си го дозволат тоа.
 
Некои нешта околу нас се сигурни. Сигурно е дека еден ден ќе се фатите себе си како ги влечкате нозете накај дома тотално неволно и едвај чекате да се појави некој автобус да ве смачка бидејќи дома одамна го изгубило значењето. Ќе пролиете неколку солзи кои беспотребно ќе ги криете од минувачите што можеби љубопитно но и незаинтересирано ќе ве загледаат во од, но веднаш откако ќе го кренете погледот тие ќе склопат замислен бизнис лик кој сака да каже дека е премногу зафатен да ви обрне внимание. Најверојатно миг потоа оној кој ве одминал размислува за вас зошто плачете и колку ви е тешко, ќе посака да ви помогне но ќе се смири себе си со помислата дека е само странец и не може да стори ништо во врска со тоа, особено заради сознанието дека во џунглата сите си ги решаваат своите проблеми и мешање во туѓата карма е навлекување на истата кон себе, што е крајно некултурно и непристојно.
За тоа време вие најверојатно помислувате како би било добро тој прекрасен лик да застане и да потрча кон вас. Кога таа неверојатна случка навистина би се одиграла вие би биле принцеза кој токму во тој момент ќе биде на раб на паѓање во несвест, но ќе одглумите исто така и дека сте доволно силни. Ќе ја одбиете понудената помош со изговор “не сакам мојата мизаерија да ви смета“ знаејќи дека ако си отиде тој некој ќе паднете во уште поголем плач, па се надевате дека блефот ќе успее.
За среќа, или несреќа... освен ако не сте принцезата од Велс тешко дека некој ќе ви пријде додека плачете, па не грижете се, препуштени сте сами на себе и големиот црвен автобус. Одејќи понатаму, вниманието сигурно ќе ви го откраде врвулицата на булеварот и сосема несвесно вашите мисли ќе се насочат кон умешноста на претрчување низ забрефтаните буцкасти возачи на камиони, моќни автомобили, бучни моторцикли и рикши. Доколку тој факт е побиен, а вие сеуште чекате на тротоарот тогаш сигурно веќе сообраќајот стивнал а вие сеуште размислувате за лошиот ден, за маката која ве снајде, за болните родители, за згазеното кученце пред комшискиот двор, за поплавата во Маџари, за уништениот гроздобер и топењето на половите. Ве обливаат повторно солзи и од маката нема крај, размислувате немо за лошата иднина која ви претстои бидејќи е толку неизбежна што и докторите мораа да ви ја соопштат. Воопшто нема да го приметите редот во аптеката на аголот, но ќе ја приметите караницата во автомобилот кој ќе пролета крај вас токму доволно да ве освести од заспанатоста.

Околу две години подоцна, на овој дел воопшто нема да се сеќавате. Ќе го печете своето кревко негувано тело на летното сонце не грижејќи се за евентуалниот рак, ќе вртите розеви мисли во главата бидејќи звукот на морски галеби додека мижите го поттикнуваат тоа во вас, ќе се чувствувате сосема опуштено и благороднички не обрнувајќи внимание на невкусните мисли на вашиот партнер додека ја разгледува околината. Веднаш потоа тој нежно ќе ги бакне вашите усни а вие ќе се возбудите во рок од половина секунда помислувајќи како е тоа врв на вашето задоволство не забележувајќи од каде доаѓа страста во неговиот јазик. Ќе ви прошепоти какви се` перверзии би сакал да ви стори токму тука и сега и сосема лесно ќе ве намами да заминете порано на планираниот ручек со цел да имате време за убав заеднички туш. Додека брзате, вашите омилени сандалки ќе останат безшумно да ве набљудуваат како ги напуштате, токму помеѓу лежалката и малата табуретка на која оставивте и поголем бакшиш од вообичаено.
Погледот на хотелската соба кон крошната на едно раззеленето дрво и апсолутно ништо друго, и помислата дека плативте соба со прозорец кон морето речиси ќе ја убие желбата за секс во вас, малите фалтички на стомакот на партнерот некако придонесоа за лутината а сфаќањето дека ги заборавивте сандалките покренуваат ураган во вас.
Сигурно ќе излетате веднаш низ вратата да видите дали се сеуште таму, и сигурно лифтот ќе се влече со часови, и сигурно ќе ѕиркате низ стакленцето доколку го има да видите дали доаѓа, и сигурно ќе помислите дали е побрзо да се стигне долу по скалите, ќе ги побарате каде се но нема да ви биде јасна шемата па ќе останете со варијантата лифт. Веќе лути како феферонки ќе влетате во лифтот каде ќе ве пречека љубезно момче, lift boy, со насмевка како што туку тој да имал секс со вашиот партнер наместо вас која ќе ве потсети на желбата и намерите пред само минута и половина. Сами сте во лифтот, а копчето СТОП како да ве повикува, бара од вас да го притиснете, да заборавите на сандалчињата и да видите дали лифтот покрај тоа што во моментот се спушта кон лобито, дали е толку успешен и во подигање на патниците кон кровот па се до кревање на вашите екстазични мисли до облаците и понатаму на седмото небо. Можно е да се двоумите, но кога би го правеле тоа, сигурно би барале вистинско решение, долу кон рецепцијата, горе на кровот, долу кон сандалчињата, горе кон убавиот поглед, долу кон реалноста, горе кон рајот, долу, горе, долу, горе...

Околу шест месеци подоцна, вашиот љубен од хотелот е на листата бивши, момчето од лифтот е во слаби сеќавања бидејќи дури и да го притиснавте копчето Стоп, тој може да ја немаше истата сексуална ориентација како вас, да беше професионален, срамежлив, со лош здив, со мал пенис или без, неискусен, преискусен, да ве фати грч на ногата, да имаше камери во лифтот, можеби и копчето Стоп да не работи. Доколку и покрај ова се` се одвиваше беспрекорно најверојатно тој ќе биде само едно бледо сеќавање на луд секс во лифт, кој треба да остане лудо сеќавање.
Вие ги подигнувате вашите задолжителни очила за гледање и се фокусирате на мониторот не обрнувајќи внимание на ништо друго освен текстот кој се обидувате да го пренесете од скриптата во електронска верзија. Низ прозорецот можеби љубовта на вашиот живот изведува некоја вратоломија за да ве освои повторно, вашиот колега можеби смислува нова сплетка за да ве избркаат од работа, но едно е сигурно. Следните пет минути кога ќе бидете во тотална депресија, и оние другите две кога ќе бидете неизмерно среќни, сигурно е дека веројатноста да не знаете што ќе искочи од зад аголот е преголема. Најверојатно и тој ќе биде сигурен дека не знае што го чека, или можеби ќе биде таа што сигурно ќе ве натера да помислите дека веројатноста да кажете нешто дека е сигурно во моментот е сеуште најлесно објасниво со зборот можеби.
Ма... веројатноста е можеби најсигурна.
 
Најдобра до сега...

Лето како лето. Забава, слобода, среќа, дружење, излегување... Секој би рекол лето како и секое претходно. Но, не. Ова лето беше најискуствено, најпросветлувачки. Барем за мене. Не знам, навистина не знам дали ме удрила цигла во спиење или сум се удрила некаде, но навистина овој пат доаѓам најдобра. Најдобра до сега. Мојата душа се разбуди, излезе од кафезот во кој што беше заробена, моето срце почна да се шири и да ја добива слободата која што очајно му беше потребна... Сега доаѓам посилна. Посреќна. Понасмеана. Зошто повторно сум жива. Зошто се врати се она што најочајно сакав да се врати. Мојата способност да уживам во најмалите и најситните работи. Да се насмеам само затоа што сум видела врапче на улица или сум видела мало дете како трча.
Го прегрнувам секој ден светов. Се будам и го прегрнувам светот и сум среќна затоа што постојам. Благодарна сум затоа што станувам од сабајле, благодарна сум затоа што имам покрив над глава, благодарна сум што ја пронајдов старата добра јас. Девојката со позитивна енергија, девојката со љубов и живот во себе. И конечно веќе нема потреба да ги прекривам солзите со насмевка. Овој пат насмевката е од најдлабоките делови од мојата душа, најискрена и не се крие ништо. Никаква болка, никаква мака.
Дозволувам љубовта кон светот и кон животот да ми биде основен мотив за да продолжувам и да го живеам овој прекрасен, магичен живот полн со изненадувања, како киндер јајце. Можеби некогаш нема да ни се допадне изненадувањето, но одиме и земаме друго.
И да... се уште сакам како што сум сакала и кога сум имала две години и кога се ми било непознато и убаво! И ниедна човечка пакост НИКОГАШ нема да ми ја убие вербата во нешто толку чисто и совршено како што е љубовта. Ниедна човечка несовршеност, нема да ми попречи да сакам се што е живо, се што мрда, се што не мрда!
Нека ми се смеат, нека велат дека сум луда. Луда сум. Лудо заљубена. Заљубена во секоја пора на универзмот, заљубена во секој нов ден полн со неизвесности, заљубена во воздухот кој го дишам! Да, се што правам правам од љубов. Да, мојот живот е љубовта.
И можеби сум трапава, смотана, забегана, гласна, неубава, со вишок стомак - ама се на мене зрачи со љубов! И нека бегаат од мене и нека ме игнорираат и нека ме повредуваат. Она што го носам јас во себе, оваа љубов што ја чувствувам ќе го победи секој негативен атом енергија кој постои. И ајде bring it on! Јас сум тука. Посилна, посреќна, исполнета со љубов! Најдобра до сега! Will you compete with that?
 
Го пронајдов во тетратката по македонски јазик од втора година средно.
Составче на тема:


Една вечер во Скопје


Густата магла веќе одамна е спуштена и е навлезена во секое сокаче и улица.Сите брзаат за што поскоро да си стигнат во своите домови каде што атмосферата е топла и пријатна.
За многумина Скопје во овој дел од денот не претставува ништо друго освен мрачна слика на една влажна метропола,каде се заборавени насмевките и среќните лица како никогаш и да не постоеле.
Позади дебелите шалови се наѕираат тмурни лица кои не сакаат или не можат да ја забележат убавината на својот град,која всушност постои и струи во воздухот.
Чудни појави предизвикува маглата гледана од некое осветлено дрво.Чиниш,како блескави зраци да извираат од никаде и немирно си играат со тебе.
Не е потребно многу,само момент во целата таа врвулица од луѓе,само дел од минутата за да се забележи магичниот сноп од бела светлина,кој како покривка го штити нашиот град од некој и нешто.
Сите звуци се претопени во тишина со што се потврдува смиреноста на урбаното живеалиште.Времето како да застанало,давајќи ни малку простор да се одмориме од трката со животот и да ги преиспитаме сопствените гледишта и мисли.
Тивката мистериозна ноќ буди фантазија и копнежи за нешто ново,нешто невидено,за себе и за другите.Вечер во Скопје,огледало на душата.Градот е тоа што сме ние.
Затворената атмосфера предизвикува сензибилитет за уште поголема слобода.Мотив да побегнеме некаде каде што зборовите ноќ,страв и осаменост се непознат поим за човештвото.
Сепак вечерите во Скопје се нешто што треба да се запамети.Посебно ако се споделуваат со саканите и најблиските,луѓето со кои заедно го делиме ова место,луѓето со кои постоиме.
 
...„Веруваш ли во Бога?“, ме праша тивко, љубопитно.Не одговорив ништо.„Веруваш ли во мене?“, го сврте погледот незаинтересирано.Продолжив да молчам.„Веруваш ли во судбината?“, се насмеа гласно.Не изустив ни збор.Тогаш ја видов за последен пат.
„Ослободете се од минатото.Следува поволен период.Звездите...“, го затворив весникот.Веќе по трети пат го прочитав дневниот хороскоп и никако да разберам.Веројатно некој вид на народна пропаганда.Не е потребно многу за човек да се почувствува полн со надеж.Пред и тоа да го претвори во завист.Можеби ми можел да ги разберам илјадниците кои босоноги клечеа во калта.Галама, машинерија и вкус на олово.Тоа е се што имаме како надеж.
„Да господине.“, „Благодарам“.Седнав на една маса близу влезната врата.Параноја, само стара навика.Уличен продавач на тутун ми го пресече патот.„Да господине.“, „Благодарам.“.Познат мирис, само стара навика.Темница во влезот.Веќе одамна никој не се ни обидуваше да стори нешто за старата зграда.Сеедно, сите добро го знаеа патот до својата врата.Само стара навика.„Да господине.“, „Благодарам.“.Влегов во својот дом.Долго време некој непријатен мирис се пробиваше од купатилото.Некои се привикнуваа.Јас не.Побрзав да ги затворам прозорците.„Загушливо е.“, се заврте мрзеливо.Познато лице.„Ќе врне.“, погледна сонливо „Да...имаш право.“.Сакав да запалам цигара, и тргнав да сварам кафе.Сеуште беше рано.Барем еден успешен ритуал, од сите тие стари навики.Иако немав потреба од нив, сепак ми требаа.„Проклето немам воздух!“, вресна од другата соба и се слушна ’рскот.Само се насмевнав.Можеби и тоа би можел да го разберам...
 
Паднатиот лист

Знаев дека совршеноста не постои, но сепак слепо верував во неа. Заборавив дека утопијата на поимот те носи во заборав и заблуда. И сега стојам осамен, исплашен и заборавен. Тивко барам некој да ми подаде рака и да ме извади од црнилото кое ми ја обвило душата. Залудно е... Сите оние кои би ми помогнале слепо веруваа во совршеноста како и јас. И сега, секој од нас е затворен во свој посебен свет во кој живееме сами и излоирани, исплашени дека секој момент црнилото ќе нè уништи потполно од нас оставајќи само неколку добри сеќавања.
Причината не ја знам, но последицата ја чувствувам. Дрвото кое некогаш имаше многу лисја, сега е скоро целосно соголено. Суровата есен не само што ги пожолте лисјата, туку и силно ги разнесе од граниките и ги раздели насекаде.
Сега сè што ни останува е да го почекаме зимскиот снег да нè покрие. Некои од нас ќе го пренесат своето во земјата и ќе бидат основата на едно ново дрво, а некои од нас ќе останат да гнијат под дебелата снежна покривка...
А сега коа ќе размислам, посакувам да се реинкарнирам... Во следниот живот сакам да сум лист на зимзелено дрво. Животот како една тенка игличка ќе ме усреќи повеќе отколку овој сега. Бар така ќе бидам подолго со оние кои ми значат.

А заборавот ме проголтува. Полека но сигурно тонам...
Снегот падна...
Збогум!
 
Меланхолијата до степен на звучник од техно журка. Депресијата на престанува а сепак задоволен бев од кино - клишето кој ме снајде.
Некој би рекол чашата е полу полна. Но сепак јас би рекол е полу празна. Сепак не е полна. Зошто толку тоа ме измачува?
Јас и љубов се среќаваме толку ретко и во некои изобличени и голи форми како ладно еспресо во чаша со мраз. Заглавен во обратноста. Колку иронично.
Самата помисла на чувства и јас е толку парадоксална што јас сакам само некој да ме прегрни.
Никој немам во животот , никој не почувствувал потреба да ме има во неговиот. Можеби некој ...
Но јас сакам сегашност. Иднината не ме задоволува во моментов на експлицитната тага која ја прикажувам пред тебе. Јас не сум ваков , јас не бев овај што сум.
Се чувствувам ранлив. Паѓам во тотална нирвана на песните од Radiohead. Јас не сум јас.
Моето его треба да биде нахрането. Глад.
Ја чувствувам револтираноста против Системот. Твојата пијаност во моментот не помага. Само додава на твојата лоша замисла за што е ироничен хумор.
Не - јас не се смеам. Јас ти се смеам тебе.
 
Во мојот град деновиве гостува циркус. Сакав да ја однесам мојата драга да ги гледаме слоновите и да им се восхитуваме на жирафите. Да бидеме дел од светот и гламурот и да го почуствуваме жарот на Африка. Јас ќе купев билети а таа ќе ги туткаше рацете од студ за да ја прегрнам кога ќе се свртам. Ќе и ја нагрнев мојата блуза со качулка и ќе уживав да ја гледам како изгледа детски прекрасна. Ќе ја убедував да го сопнеме кловнот а таа од срам ќе го криеше лицето во мене. Ќе ја заштитев од кофата конфети што истиот кловн од освета ќе сакаше да ја фрли на мене...

Во мојот град деновиве се одржува фестивал. Сите видни ликови од нашата култура се борат за чекор на црвениот килим. Сакав да ја одведам мојата сакана барем на една претстава, да ја седнам во вип одделот и да направам да се чувствува како вистински џет сет, можев да го сторам тоа, чисто за промена од вистинските вредности, кои секако се дел од фестивалот. Артистите даваат се` од себе на сцената, а јас со задоволство ќе слушав што има да ми раскаже за нивната игра и ќе и ја објаснував на долго суштината на текстот, таа ќе ми укажуваше на тоа дека иако книгата по која е правена претставата ја обожува, сценската изведба не ја импресионирала...

Во мојот град деновиве гостува нејзин сакан бенд. Сакав да ја изненадам мојата драга со плакат кој го земав во четири наутро додека момците ја ширеа рекламата. Сакав да се појавам на нејзината врата, и да се скријам. Кога ќе отвори да го изложам само постерот и билетите. Таа ќе ме измачуваше што е нај соодветно да облече за концертот а јас незаинтересирано ќе и кажев дека може да оди и гола бидејќи секако ја сакам, ќе лудувавме заедно како осмоделенци на поп изведувач а на крајот ќе заспиеше на моите гради преморена од надвикувањето со пејачот. Ќе ме изневеруваше во сонот, во сонот ќе ме изневеруваше повторно, и повторно...

Во мојот град се одржува промоција на книга. Сосема скромно и во мал број бидејќи издавачката куќа е мала и нема шанса за гламурозна реклама, а и насловот не е спектакуларен. Тоа е книшка со поезија на стар автор, кој пензионерските денови решил да ги претвори во нешто креативно. Сакав да ја однесам мојата драга на поетско читање, јас ќе се досадував а таа ќе беше возбудена, ќе се пронајдеше себе си, ќе правеше споредби во својата глава, ќе посакаше да биде песна. Потоа ќе ми објаснуваше колку моќ и длабоки мисли носела последната песна, колку вистина има и ќе се зачудеше како светот тоа не го гледа иако е толку очигледно...

Сакав да ја одведам мојата сакана, но таа имаше грип и ги пропушти сите овие настани.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ada
еех наши Македонци!

Oтсекогаш нашиот народ го следело проклетство кое трае сеуште, проклетство за кое никој нема решение, проклетство кое не дели.
Но само на хартија не дели, границите не се ништо друго освен црвена линија на лист хартија.
Таа линија пак го покажува карактерот на човекот т.е покажува колку Македонецот е навистина Македонец.
Надвор од црвената линија живеат Македонци, не се тие побегнати или отиднати на прошетка туку тие отсекогаш биле таму, а и ќе бидат таму засекогаш.
Можеби границата, таа црвена линија ќе им прави проблеми и потешкотии но духот, душата никогаш не можат да ја сменат или земат тие граници. Границите кои не ги сакаме.
Но пак ја сакаме нашата земја без оглед колкави и се границите, тоа не е важно. Важното е дека ние Македонците им ги знаеме границите, колку не има и колку сме големи и силни.
Најголемиот проблем во денешницава т.е зашто ни се олкави границите нереални, невистинити, невозможно, некој непостоечки сме ние самите.
Колку е само иронично тоа, ние самите да бидеме криви за тоа за тие проблеми, за нашите проблеми.
Од Александар Македонски настанал проблемот т.е од самиот почеток на нашите Македонци.
ПРЕДАСТВОТО е најголемиот проблем кај нас. Александар Македонски бил предаден од своите сонародници од своите Македонци.
Цар Самоил бил предаден исто така од изгубената борба по која умрел. Од тага, а не од меч.
Во турско време безброј предаства, од самиот почеток па до крајот на ропството.
Но добро е што има некој вистински Македонци па ги совладуамо сите овие предаства.
Но предавствата не престануваат во турското време, тие продолжуваат и во првата, а и во втората светска војна. Војни во кои трпиме многу штета, терор и поместувања на границите.
Прадавствата продолжуваат и во ова време во нововреме и нема намера да престанат туку прашањето е:
,,Кој е следниот вистински Македонец што ќе биде предаден,,
Кој е следниот!?
 
За животот...

За да те љубам ,зар не треба прво да се сакам себе? Зарем не треба да се воздигне телото за да дојде до срцевината на духот? А телото ненаситно е, и секогаш има уште нешто што го посакува за да се сака себе си.
За да те љубам, зар не треба тоа да биде бавно, милостиливо? А ти брзо заминуваш, ме туркаш кон безната, кога сакам Сизив да бидам. Фрлаш камења по мене, и не знам кој да го туркам, а од кој да бегам. Ама знам дека тонам, знам што има зад мене, знам дека одам надолу кога треба да се качувам нагоре. Неукоста добива изглед на благородност, на луксуз кој го немам.
За да те љубам, зар не треба тоа да биде нечујно, тивко? А се околу мене ме принудува да викам, зошто инаку мислам дека сум мртва, дека се губам во толпата која е безгранична. А таа е сурова, таа е реката на заборавот.
За да те љубам, зарем не треба да ги љубам сите други твои творби? Тие во себе те содржат тебе. А како да го видам тоа, кога тие немаат лик, се огледуваат еден на друг, и така те кријат. Како да ги сакам ко свои, кога тие се срамат од тебе, кога забораваат дека и јас сум дел од нив, а сите ние дел од тебе?
За да те љубам, зарем не треба да го знам секој дел од сочиението твое? А како, кога јас сеуште не се познавам ни себе си?
За да те љубам, зар не треба трага да оставам позади своите стапки, за да знам дека веќе еднаш сум била тука, и да не го одам истиот пат пак, вртејќи се во круг, а така стигнувајќи никаде? А како, кога мојот од е налик на секој друг, и се менува, се брише, се поклопува, некој го одел пред мене?
За да те љубам, зар не треба да ги сакам своите падови? Зошто тие врати отвараат, а со тоа и знаења. А како, кога победата е толку слатка, особено кога е топла, брза, и мислам дека тоа овошје ти си ми го подарил.
За да те љубам, зарем не треба да го љубам оној кој зло ми нанесува, затоа што така осознавам што е добро? А како, кога ти си ми дал клетва болка да чуствувам кога најмалку сакам?
За да те љубам, животе мој, толку многу треба, што мислам дека љубовта е зла и треба да бегам од неа...
 
Kалдрма

Се чувствував како вистинска дама од шеесетите. Мојот гламур измешан со тропотот на моите штикли го забележуваа само жалните врби кои несебично ми се поклонуваа, но ниедна од нив не ја подаде својата рака. Го поминав целиот мој живот шетајќи се по таа калдрма чекајќи го кочијашот, но на крајот ми останаа само брчките на лицето и отоците на нозете. Не можев повеќе да чекорам. Се што имав е дебелата сенка кадешто се криев од сонцето.

Дојде и последниот ден, се сеќавам, кога го расфрлав својот гламур на коцкастата улица како на просјак кога му фрлаш пет денари. Го соблеков свечениот фустан и ја оставив мојата штикла заглавена некаде помеѓу парчињата сложувалки на патот. Се сеќавам и на мирисот на таа есен и на дождот кој ми ја натопи кожата, а јас како разголена балерина танцував против правилата на самиот балет. Бев дива, иако имунитетот ме издаваше, сепак не го сопрев ѕверот кој сакаше да ги проголта сите магливи утра и да ја угасне силната светлина од грмотевиците кои откако знам за себе ме заплашуваа.

Ја сакав таа калдрма најмногу од се на светот, таа беше моја и несекојдневна со својот напукнат тротоар каде газеа само дождовните капки. Оддалеку немите набљудувачи го кршеа стаклото со својот студен поглед, но од нивниот здив кој мирисаше на изџвакан тутун ја замаглуваа стаклената површина. Ја гледаа само мојата згодна силуета која нежно паѓа во рацете на ветрот, но никогаш не го погледнаа одзади што се случува со депонијата која од ден на ден со повеќе се трупа. Тажно...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom