Прозни искри

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Еден маж и една жена

Жан секојдневно нестрпливо гледаше кон реката.Се надеваше дека баш во тој момент ќе пристигне таа.Неговата една и единствена.Го знаеше секој детал од брегот,секоја сенка во пристаништето,во мозокот му беше врежан отсјајот на сонцето во водата,секој глас за доаѓањето на брод му беше пријател...
И сите го знаеја него лудиот Жан,оној кому надежта ми го испила умот,целта за потсмев на морнарите кои се празнеа во локалните проститутки и иритација за вечните циници.
Секојдневно висеше на пристаништето како инвентар за закотвување на надежта,немаше никакви информации ни за неа ни за своите деца,неизвесноста секој ден му откинуваше по парче илузија дека среќата сепак не го напуштила и можеби сепак...има некоја шанса да се сретне повторно...со својата Изабел...

Често беше цел на кадардни и некадарни советодавци,повикани и неповикани гости на неговата совест кои папагалски повторуваа да ја заборави неа,да ги прежали децата и да се ожени повторно.Низ сите тие години убедија секого дека се во право.Освен него.

Од другата страна на Амазон беше Изабел.Четири илјади и осумстотини километри далеку од Жан,некогашната убавица низ чии вени течеше крвта на конквистадорите но и онаа на Кечуа индиосите,мешавина која не трпи неуспех,образувана и свесна за светот околу себе.
И таа го чекаше Жан за кого се омажи премногу млада,навидум неискусна...по своја желба и на неизмерна радост на Жан,петнаесет години постариот картограф дојден оф Франција за да го мери обемот на екваторот и да и даде конечна димензија на нашава планета,во експедицијата на Ле Кондамин.
И таа секојдневно очекуваше новости и нејзе тагата и даваше тежок израз во очите,го знаеше секој детал од брегот,секоја сенка во пристаништето,во мозокот и беше врежан отсјајот на сонцето во водата,секој глас за доаѓањето на брод и беше пријател...

Помина осум години со него пред тој да решат да заминат за Франција,после смртта на нивната ќерка од вообичаените тропски болести решија да одат.Тој одби да ја поведе со себе.Ги знаеше ризиците на експедицијата,ја убеди да остане и да ги гледа децата,ионака нема да пројдат повеќе од неколку месеци...
Ако само беше свесен колку ќе се оддолжат тие неколку месеци...
А беше во право,скоро половината од експедцијата остана да гние во амазонските мочуришта,данок на откривањето и трасирањето нови патишта...the forgotten heroes of a forgotten war...

Сепак стигна на целта на брегот на Атлантикот,со груби мапи кои ги состави сам.Сега само требаше да прати порака до неа да дојде.Тоа и го направи.Писмото не стигна никогаш се загуби во проклетството на човечката лудост и садистичките игри на случајноста.Шпанија и Португалија ја затворија областа за Французите,на пат кон уште една војна за глодање на Јужна Америка.
патот се затвори.Немаше напред,ни назад.Како да не беше доволна цела Амазонија сега ди делеа и локалните манијаци жедни за крв и злато.

Иднината не фати чекор со сегашноста...барем за Жан и Изабел...

Потребен беше заобиколен пат...Жан тргна низ бирократскиот лавиринт кој беше еднакво гаден како и амазонскиот.Пишуваше,молеше,бараше премин низ шпанско-португлските територии.Се обиде да ги совлада препреките цинизмот,неразбирањето,отвореното непријателство...месеците се сменуваа во години.Жан реши дека е доста и дека е време да ја земе судбината во свои раце.Му помогна Ла Кондамин,неговиот ментор кој успеа да искористи некои негови лични врски со локалните португалски моќници.
Една работа не му оставаше мир на Жан...знаеше дека португалците се свесни за неговиот став кон нив,за кореспонденцијата во која ги обвинуваше за нивните колежи врз домородците...сомнежот му прерасна во параноја.Дали заборавиле?
Иако му гарантираа и Ла Кондамин и локалниот гувернер дека се е во ред...дури и му обезбедија брод за да стигне до Риобамба до Изабел.После толку години невољи и апатија тој гледаше замка и таму каде судбината не намераваше да му постави.Се качи на бродот и тргна...секој шепот на морнарите му делуваше како завера и намера да го фрлат на пираните.Една вечер се симна од бродот во Ојапок,некакво гратче заборавено од сите па и од лудите богови на Кечуа индиосите.
Бродот продолжи и без него стигна до некое одредиште кое не беше Риобамба,по воља на капетанот.А до Изабел стигнаа гласини за некаков брод на кој се наоѓа тој на неколку стотици километри од неа.Тие гласини и без доволни да тргне низ џунглата иако без никакво познавање на опасностите и покрај предупредувањата дека оди во сигурна смрт.Оние кои ја убедуваа беа упорни и ги убедија сите.Освен неа.

Малата аматерска експедиција набрзина составена и финансирана од неа беше однапред осудена на пропаст.Никој не го преживеа патот сите завршија како што претскажуваа локалните циници,изигрувајќи птици злослутници во вечен страв да не бидат побиени.Маларијата и мочуриштето го сторија своето.Крајот на патот на една љубов.

Освен за Изабел.Сама,полулуда од страв,разјадена од инсекти и очај,таа продолжи.Како нејзините претци кои одеа да го пронајдат Ел Дорадо и оставаа коски во некоја зафрелна јама,сонувајќи за градот од злато одеше и таа.Со магловитиот инстинкт наследен од нејзината друга страна,индијанската таа го бараш својот Ел Дорадо.А тој беше некаков си Жан Годен,човек од крв и месо за кого не беше сигурна ни дали е жив.

На 22 Јули 1770 таа здогледа некоја населба.Со последен напор на вољата се довлечка до првите куќи на...Ојапок! Истото место до каде што стигна и Жан.
Конечно беа заедно...

За многу работи не може да се даде никакво рационално објаснување.Ова е еден од тие случаи.Два духа непробојни под жестоките удари на судбината.
Безначајна епизода од историјата на Јужна Америка,фуснота во наводните големи игри и настани.

Или нешто сосема друго...
 
А беше тоа едно дождливо утро. Маглата полека осамнуваше над градот, а луѓето веќе беа на своите работни места. Питачите и понатаму молеа за некоја ситна пара повеќе на големиот плоштад. Раздвиженоста во тие утрински часови, за некое чудо беше поинтензивна од порано. Дождот затропа и на прозорецот на една девојка која полека се будеше од не така долгиот сон. Но барем не беше уморна. Набрзина стана ,се расони со студена вода, испи чаша топло млеко, се облече и излезе надвор. Полека се движеше преку нејзиното маало, до факултетот. Ги набљудуваше голите дрва како накиснати и осамени стоеа покрај неа. Секаде беше калливо и мокро. Клупите беа празни, а ветерот што наеднаш задува, ја натера да го закопча и најгорното копче од нејзиниот капут. Лошото време не ја поколеба да ја скире насмевката и задоволството на нејзиното лице. Беше задоволна без некоја особена, голема причина. Впрочем таа беше секогаш среќна, како што и доликува на секоја нормална девојка од 19 години. Се загледуваше во излозите од трговскиот центар, ловејќи со погледот некое ново парче облека, кое ќе и го збогати плакарот, а и ставата, се разбира. Погледна на часовникот, и наеднаш забрза. Вљубена во многуте изложени модели во продавниците, за момент заборави дека треба да побрза зашто се ближеше времето за нејзиниот денешен испит.
 
Чекајќи го совршенството...

..Талкаше по светот. Се измори и седна во паркот. Нозете му киснеа во вирчето под клупата. Беше врнежливо, а капките што паѓаа од густите лисја на дрвото, се тркалаа по неговите навидум совршени образи. Беше изморен, гладен, накиснат и поспан. Чекаше, чекаше....
Седеше тој така чекајќи ја совршената девојка, длабоко во себе знаејќи дека универзумот никогаш нема да му ја пружи таа сатисфакција. Умираше така, полека но сигурно...
Ех, да можев за миг да допрам до него...
 
Патот

Зошто ми е досадно и понатаму да се соочувам со вас? Зошто немам сили за уште една битка? Зар сте толку бројни, вие намќорести суштества, кои како пијавици ми ја цицате мојата енергија? И ако мене ме нема, ќе почнете ли да се јадете меѓу себе? А, мене во последно време и ме нема. Бар не онаков на кој што навикнавте. Оној кој делеше насмевки на секој, во секое време, дури и кога страдаше. За возврат не доби ништо. Оној кој што секогаш помагаше и кога нему му беше потреба помош, а која никогаш не ја побара и оној кој секогаш ги ставаше другите пред себе, сега го нема...

Толку од сите надежи дека и во вас има бар ронка човечност и желба да се промените, да станете нешто подобро. Длабок бунар сте ископале, мрачен, тоа е засолништето за вашите души. Пробав, но не успеав да ви ја покажам светлината која може да ве спаси. Во толкав мрак сте потонати, што не можете да ја видите. Изгледа само јас ја гледам. Или ми се причинува дека гледам било каква светлина. Но, што е битно тоа како изгледа се додека е добро. И јбг., толку ви се црни душите, што наскоро ќе почнат да ви скапуваат. Ќе скапат, а вие нема да бидете ни свесни за тоа. И не помислувајте дека ќе имам грижа на совест. Напротив, требаше да ви помогнам побрзо да потонете во мрачниот бунар, за да ги оставите другите кои знаат да му се радуваат на животот и да го ценат, онаков, каков што е.

Затоа сега одам по нов пат, пат непознат кој одамна чекаше да биде поминат. Пат во кој ќе нема место за вас мрачни души. Ќе одам по патот на ентузијазмот, младоста, неискусноста, енергијата...но ќе одам сам.
 
Ајде да си ги преброиме целосно коските и длабнатините во слабините. Немаа сила ниту за тоа. Не знаеа да бројат ниту да одат. Не можеа да ги ослободат виугите во слободен лет. Атомските бомби веќе делуваа. Атомски отров во секој атом. Атомски мавзолеј на распарот, јаглена фузија во секоја клеткина фисија. Така секој ден. Сонцето заборави да изгрее на исток.
 
Муабет на фкрај сериозна тема ...​
Вака сеа, секој чоек си има некоја субјективна вистина според која ги доживува дешафките во живото секојдневно, али факат је дека некој моменти подлежат на општочовечка согласност. Денес ми се прај муабет, уствари појќе сум за монологен испад, на една ретко начната тема. Знајш онака осетлива, не табу, ама „удада“ тема, поточно моменат кој не го добива заслуженото внимание. Некогаш во живото знат да те просветлат изненадувачки потценети работи, па така ете мене ми дојде муабето, ептен спонтано.

Значи сакам секој да ја пронајди смислата на живото, да се просветли ко чоек. Ултимативната вистина деца не се прекажва, ами се доживува, се доживува кога сите чакри ќе се отвоварат. Кога ќе се отвори срцето ... НЕ! се доживува ко ќе се отвори чмарот .... Дааааа убај деца, вистинскиот пат е низ дебелиот интестинален тракт. Точно така ректална дефекација, ослободување на благиот абдоменален дискомфорт води кон спасение. Дали го најдовте Исус? Да! Кога на деветка кљука „љута“, тогаш на врата чука откровението. Ослободете го, раширете го анусот и остајте на гравитацијата да работи. Е точно во овај момент, и само овај потценет вулгарен чин на инспиративна кулминација чоек е способен натприродно да ја прошири сопствената перцепција и интуитивно да ја разбери дотогаш замаглената апсурдна реалност.

Да ... Серката ... овај симптоматично игнориран ритуал предрасудно осуден по она што како физички краен производ го нуди и реата ... За жал потценет за она шо во суштина го носи ... голата вистина. Зошто на крајот на претставата, зад завесите, кога сите маски ќе паднат и се најдете голи без скрупулозна претпазливост во клозетот на сопствената суета, вие ќе серете. Серете! Зошто нема поискрено од серка, и фецесот кој како увертира на најлиричен начин со оштрата реа ве потсетува колку ви е обична сржта, исто како секој друг човек кој со помисла го деградирате.

Здраво. Јас сум Ратко. Јас серам! А вие?!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ada
Овената душа



Едноставно неиздржливо е... Да се љуби овената душа... Слики на талкач во пустина, како бара капка вода. Да ја допре со усните. Да ја почувствува нејзината безгржиност. Но неа ја нема. Тој е изгубен. Ги гони сопствените сништа да ја сретне. Да и` каже дека светот е суров но дека без неа, тој е мртов. Ја моли... да се обиде. Да цути како што некогаш цутеше нејзината душа.

Стаклена насмевка за почеток. Се прашува дали е доволно да ја сузбие нејзината ирелевантност. Дали е доволно силна... Сонувачот во него се буди. Тој е сеприсутен во сите нивни заеднички допири. Ја бакнува со зборови за добра ноќ. Ја прегрнува со надеж. Потребна е. Нејзините топли зраци се доволни за обајцата да не останат смрзнати крај патот. Но тишина завладува помеѓу нив.

Неми слики а сепак толку чувства.... емоции...љубов...
Проклето тажно е... Таа венее. А времето го зема сопствениот данок. Останува уште многу малку. а потоа, темница.
 
Доаѓаат моменти во животот кога сме само уште еден патник во очите на надворешниот свет... Кога очите на оние што ни мислат добро не’ гледаат со сожалување, а очите на злобниците се ситат на нашиот пад, со потсмев гледаат на нашата гола изложеност кон се’ што наоколу продолжува да се случува, како дел од оној т.н. „циклус“ на животот. А ние, самите сме заглавени во тој „циклус“, не можејќи да си го најдеме своето место во него. Ем изгубени, ем голи... Совршен рецепт за секоја наша наредна (не)рационална постапка, за секој наш (не)сигурен чекор, за (не)среќна завршница на секоја наша приказна... И резултатот веќе е очигледен за сите, освен за нас, самите... Ние слепо, но упорно одиме кон тој пат, целосно предадени на судбината која таму некаде не’ „чека“, не пружајќи отпор на нештата кои свесно нагризуваат во она што сме, а ги проголтуваат соништата за она кон што се стремиме... А бездната е се’ поблиску, поблиску, и поблиску... Додека спомените за некое посреќно минато бледеат, бледеат, и бледеат... И делуваат недостижно, се наоѓаат на скалило повисоко од она на кое сме ние денес. Но, токму тука лежи и проблемот... Што стремејќи се да го достигнеме нивото на тоа лично „совршенство“ од минатото, забораваме дека ние можеме да се искачиме и скала повисоко во иднината... Со тоа што за минатите грешки, ќе стиснеме заби, ќе ја потиснеме нашата гордост... И ќе си простиме во сегашноста...
 
I was born with a birthmark of cinders
Debris cast from the stars and Mother
A ring of bright slaughter,I spat in the waters
Of life that ran slick from the stabwounds in Her


Незнам од кое "once upon a..." да почнам,заглавувам или се вовлекувам во презумпциите на алиенирани мисли кои не се мои за обработка,но се чувствувам должен да им оддадам малку време.

Идеологиите започнуваат преку сугестиите.Мама и тато не крштеваат и од нас создаваат верни следбеници на верувањата на нивните мама и тато.Попатно ние ги надополнуваме тие сугестии со свои и нив ги пренесуваме како млади луѓе на оние околни послушници кои знаеме дека се приклонувачки настроени и доволно без'рбетни за да прифатат.Лагите добиваат еволуционо мегапропорции на себичност и секој дрчно бара следбеници за да добие поголемо место под сонцето.Подава рака и тврди дека тоа е единствената ноева арка,единствениот спас,излез од умственото и животно бунило во кое западнал to be асимилираниот.Живиот мртовец,навиен по желба да одѕвонува со фингирана љубов...

the living dead
The bonesaw on the backseat
a blinding bright of giving head
A sharp rear entry,an exit in red
Lump in the throat,NostalCum choke
The killing joke worn thin with breath

Како мал сакав да бидам астронаут (Не,не сакав,лажам,ама добра поента е).Размислував како со пура во уста го маневрирам шатлот низ астероидско поле,со брзина на светлина го обвиткувам двапати прстенот на Сатурн и откривам нови форми на живот кои победоносно ги враќам на земјата и се испоставува дека во нивната крв лежи лекот за рак...
Кога дознав за тоа дека на вселенската станица МИР имало дефект со гравитационото поле и гомната почнале да им лебдат по станицата....дека не мрднале астронаутите од орбита,освен еднаш-двапати и дека единственото транзитирање низ вселената се врши преку бездушни и безживотни сонди кои нема да можат да споделуваат искуства и восхит...бев разочаран.Зошто?Затоа што тоа беше реалноста.И не беше таа која ја замислував.

The Years of Innocence.Период во кој ние можеме да ја сублимираме реалноста на начин на кој сметаме дека постои.Во адолесценцијата се приврзуваме себеси до идеалот кој сме го(ни го) создале и се кројат основните емоции кон истиот тој идеал,како што се догматското гледиште,безрезервната љубов и носталгијата во ситуации кога се оддалечуваме од него.Најлесно е да се биде себичен,возрасен и беневолентно манипулативен во моментот кога жртвата е во периодот на инвентирање идеал.

Fast forward,денес добив просветлување.
Секогаш мислев дека оние кои живеат реалност,а ја живеат за да достигнат идеал,се лажат себеси затоа што тој е креација на нивните умови или на оние кои сакале да им ги силуваат.
Денес,живеејќи во околност во која идеалите и соништата на едно далечно место,од розеви очила на една иднина се претвораат во параноична носталгија и дрчност да се фрли цело богатство од искуства и емоции кои се реални и допирливи само за се живеат,па макар и лажни.Сфаќам дека секој има право на нив,без разлика дали му се наметнати или поаѓаат од себе.Реалноста е сурова,но човек кој го има квалитетот да го држи животниот идеал како примарен и да се води по него со секој здив,па макар и на крајот на "земјата врз двете желки", е човек достоен за почит и отварач на очи за тие како мене,прељубци на сопствената утопија.

Aah! Nostalgia grows
Now times nine or ten
Within this vice den called a soul
Dying from resurrection
I dig deep to come again
The spasm of orgasm on a roll...

Наши големи луѓе пишувале сред Русија колку сакаат да се вратат и да ја видат Струга,градот кој им ги топлел срцата во времињата на неиздржлив физички студ.
Во Струга турците силувале и палеле,убивале и плачкале,но за нив таа била идеолошка водилка да го преживеат бремето на времето и околностите во кои биле згрнати.Им симнувам симболична капа на тие великани.На Бајрон,на По,на Блејк па и на нашите Миладинови....а тоа заборавив да го запомнам за најбитниот сегмент од мојот актуелен живот,за мојата актуелна идеолошка водилка,чии патишта водат кон Север,местото кое во реалноста долго време има проблем со севкупниот термитизам.Ако мојата идеолошка водилка не сака да ги види термитите и ако во нејзиниот ум тие не постојат,океј,не постојат веќе ни за мене.Ако на Север се е розово во нејзиниот ум и луѓето можат да летаат,телекинезираат и астрално проектираат по волја-пак океј,можат.Ако сите овие срања у глава и ги ставиле мршојадци,метузалеми,вокалморонзистори и зомбопитекуси во време на невиност и адолесценција,не е проблем,сите имаме такви,па дури и мојот арогантен и самобендисан газ слушал батковци кои му викале дека Краули има поголем кур од сите и треба преку ритуали да му се пуши трипати на ден.

За некои и јас сум истиот тој пропагатор кој одземал сонце,место под сонцето,дел од срцето,дел од копното,Босфор,Гибралтар...
Во очите на зомбопитекусот јас сум the erudite stranger,promoter,FUCKER.

Она што ние старите души мораме да научиме е тоа дека не смееме да бидеме самобендисани во нашите идеали и дека не секој мора да биде жртва на морално прифаќање на нашите когнитивни контури.
I give up,pour the emerald wine,babe...
 
Јазикот и верата се душата на еден народ

Јазикот е наше душевно богатство,ми велеше таа гледајки ме со нејзините костенливи очи во кои се крие мистериозна длабочина.Затоа треба да го чуваме,да не дозволуваме да изчезне,се надополна себеси гледајки во една точка замислувајки си ги жестоките борби на овие територии.Уште од рана возраст ме учеа да ја сакам татковината и јазикот.Да го сакам тоа мало парче земја преполно со крвава и жална историја.Да го сакам и зборувам тој јазик,што многу пати бил под силна пресија за исчезнување но благодарејки на културата,просветата и трудот на нашиот народ успеал да ги издржи сите тие напори направени за неговото исчезнување.Седам во мојата соба а во ушите сеуште ми одѕвонуваа тие зборови на мојата покојна баба која по милион пати ја терав да ми ги раскаже тие приказни за страдањата на македонскиот народ.Се сеќавам како внимателно ја слушав и се занесував во тие приказни,замислувајки го теророт и убиствата поради зборувањето на македонскиот јазик,одѕвонувајки во моите уши татнежите од пушките.Се сеќавам на тие моменти како да беше вчера ,не забележувајки дека телевизорот работи.Но одеднаш се сепнав бидејки ги чув зборовите “македонскиот јазик “.Го повишив гласот за да видам за што станува збор.Бугарите не признавале дека постои македонскиот јазик.Седев зашематена а во ушите ми одѕвонуваа зборовите “не постои”.Се загледав во тие бои на екранот ,слушајки ги тие лаги и измислици,тие зборови кои безмилосно допираат до мене и оставаат некаква грутка.Грутка,која од ден на ден станува се поголема.Седам на столот повторно повторувајки си ги тие зборови,чувствувајки се немоќна за да го решам ова.Размислував за нашиот народ,сите страдања во минатото,што сме згрешиле за уште да ја трпиме оваа тортура?Одговорот не можам да го најдам.Ни ја одземаат душата,нашето духовно богатство,кое од ден на ден се помалку го имаме.Тоа богатство,кое не исполнува и прави да се чувствуваме целосни од ден на ден се губи.Останува само верата во Бога,дека еден ден се ке се врати,ке остане овде меѓу нас,ке има нешто што ке ни ја држи главата горе,што ке ни овозможи да искажеме се што ни лежи на душата,без никој да не негира,да не навредува,да не присилува да правиме нешто што не сакаме.Останува само вербата меѓу нас,вербата во Бога, што ни дава мир и надеж дека се ке биде во ред.Што ни ветува дека утре ке биде подобро,дека се ке се среди.Тој божевствен мир што го имаме кога ке влеземе во црква,ке се прекрстиме пред иконата Господова,гледајки ја со тој сјај во очите,во кој се кријат напатени луѓе со наведнати глави,со тој изморен поглед во кој се гледа историјата на Македонија,борбата за јазикот и верата.Сепак, ако се загледаш во тие очи ке приметиш и трошка светлина,надеж,верба во себе за подобро утре,љубов кон јазикот,ке видиш милион верници кои одат во црква да запалат свеќа,коишто и покрај се не ја изгубиле надежта,вербата во Бога,во верата.Во тие божевствени мигови на исполнетост,на душевен мир ги учиш животните лекции дека јазикот и верата се душата на еден народ.
 
Мириса на снег. Дрвјата веќе се при крај со нивното пресоблекување за оваа година. Како само не им е ладно скоро 4 месеци да стојат осамени и голи. Ретка магла се простира покрај кејот на Вардар, долж реката па се до недоглед. А Вардар, надојден и бучен, ги копа срцата на посетителите на неговиот брег. Ќе видиш велоспиедисти, ќе видиш тркачи, а и по некоја новопоставена статуа му прават друштво на нашиот воден колос. Се шетаме јас и ти, фатени за рака. Додека го пушам "RODEO-то" те загледувам скришно, и ја барам насмевката на твоето лице. Те гледам за момент погледот ти е надолу, но во истиот момент светлина ме обзема од твоите очи, кога ги вперуваш накај мене. Се смешкаш и веднаш чустувам дека сакаш нешто. Продолжуваме покрај паркот во Карпош, си зборуваме за се и сешто, и се смееме. Убаво ни е. Гледам како црниот капут совршено се вљубил во твојата фигура. Носот веќе ти станал црвен од ладниот воздух, веднаш се прегрнуваме, и ги изговараме двата добро познати љубовни збора. Те припивам до мојата флаерка и толку силно те гушкам, што можам да ти го слушнам срцето. И знам дека ти е убаво. Денот веќе наближува кон својот крај, а ние се уште со споени дланки и ладни образи, се враќаме дома. Вардар е се уште голем, температурата се спушта близу до нулата, а јас ти ја подарувам топлината на моето срце. :back:
 
Круг

Необичен беше изразот на нејзиното лице.Некаква задоволна насмевка под очите кои избегнуваа туѓи погледи.Имеше некои четириесет и пет години.Оставаше нејасен впечаток дека некогаш била атрактивна девојка по која веројатно поминувале похотни погледи,нечии вљубени очи или барем по некој еректиран пенис...
Она што сега го привлекуваше вниманието кај неа,покрај испиеното и претенко тело,гротескната шминка и несигурниот од,беше нејзиното бебе од кое ниеднаш никој не ја виде да се оддели...
Секаде каде што одеше,одеше со своето малечко.Добро повиено и во сигурна мајчинска прегратка.Заштитено од све она за кое таа сметаше дека е закана за малото...како многу мајки и таа го имаше оној израз кој е несфатлив за мажите...

Никој не знаеше кој е татко на бебето,дали тоа бил некој војник на отуство,љубовта на нејзиниот живот или локалниот ебач од досада.Чудно беше што не беше цел на оговарање...освен на новодојдените во градот кои првпат ја гледаа...

Мистеријата се разоткри еден обичен дождлив ден на скалите пред локалната болница.Од причини засекогаш закопани во нејзиниот ум таа често се врткаше околу градската болница.
Не,немаше никакви драми или соочувања со евентуалниот татко на малото.никакви судбински средби,барем не од оние по кои се пишуваат романи,се прераскажуваат како најнов трач или завршуваат на страниците на црната хроника.
Само едно мало лизгање по лизгавите скали.И шок.Шок кога таа се зализга и падна по скалите.Прв пат по којзнае колку време бебето под влијание на неумоливата гравитација ги напушти нејзините прегратки и се стркала по скалите.Остана да лежи долу на нив,меѓу изразот во очите на мајката,некоја есенција на ужасот,стопирано време во нејзините очи и шокот на оние кои беа сведоци на случката.
Бебето остана да лежи.Таа во прв момент не се помрднуваше.И покрај падот во кој ги зафати сите скалила едно по едно...бебето не пушти ни глас...а како и би пуштило кога беше од - пластика!
Не беше тоа никакво бебе туку обична кукла,малку старомодна и излитена.
Пластиката не е склона кон повреди.

Колатерална штета на невидливите каприци на судбината,наркомански приказни од некое друго време,подмолна игра на случајноста,кармички инцидент без повратен билет...како и сите ние иако сите на свој начин,носејќи го својот крст се додека имаме некаква илузија пред нас.Дури имаме некаква пластична кукла во нашите раце имаме и нешто кое не тера да не застануваме.Да не го прекинуваме кругот.

Безначајна сцена од безначајна улица во малиот,сив град на границата со ветената земја...тажна инспирација во мозокот на еден работник на хидраулична преса за време на паузата за цигари...
 
Секој дел од моето тело се наежи со помислата УБИВАЈ!
Секој дел од мојот мозок беше исполнет со децидноста - УБИВАЈ!
Секој дел од мојот ......
НЕ! Стој .

Нема многу гужва. Логично размислување ако помислиш на фактот дека веќе е 3 сатот после полноќ. Живот.
Ке помислиш колку е убав кога ке видиш срекни полупијани тинејџери како излегуваат од преполн нокен клуб. Го живеат ќе помислиш.
Ке помислиш колку е тажен кога ќе видиш некое невино девојче искасапено и оставено во контејнер да труе се додека инсектите не го исчистиле.

Помислив - САКАМ УШТЕ КРВ!
 
Знајш ко ќе те фати нервоза од мерак да објаснуваш, ама избираш игнорантен пристап пошто доблесно било да премолчиш пред инфериорниот. Плус секој тргнува со делузиона убеденост во сопствената вистина и етички импликативно е принципиелно да држи кон истата. Ама фактот е еден, секој лаеж илузионо прифатен за ултиматум е заснован на постулат кој во суштина претставува субјективен перцептивен максимум. Дали ќе тргниш од лаичка орална дефекација или ќе се давиш во парадоксални реторички безсмислености, крајниот исход е идентичен. Значи секоја мисконцепција за апсурдот има идентична тежина тргнувајќи од самиот факт дека теоретската објективност е по дефиниција недостижна. Математички објективноста е збир од претходно субјективно договорен доволен број на субјективности, земајки ја во предвид излишноста на истите ова е рецепт за катастрофален неуспех. Па и нема потреба од перцептивна супериорност за да се заклучи дека мнозинство мисконцепции никогаш не водат кон ултимативната вистина.
Е сеа за да нема дигресија да се навратам на најкруцијалниот момент во дискусијата, постулатот. Имено истиот за да биде успешно табу мора да ги исполнува следните услови, да биди шо е можно најелементарен и практички невозможен за интуитивно разбирање. Значи проникливото, остроумно непосредно спознавање, она почетно инстинктивно поимање шо го викаме интуиција не е ништо појќе од плашливо проголтување на незнаењето. Е сега ко сме свесни дека нашата вистина е базирана на недостаток на знаење, малку е хипокритично да се осуди туѓата.
Иначе самоимпликативно е дека овој семантички нестабилен просер е подеднакво неуспешен како и секој друг. Ама таква е играта, сеа јес да има и гнасни играчи, ама мора да се крепи. Лаконски кажано – крепи ја играта!
 
Само порака

Четврток наутро...Се уште сум во креветот, го слушам алармот кој непрекинато ѕвони и продорниот звук ме тера да станам. Едвај се кревам од постелата. После утринскиот ритуал излегувам.
Работам цел ден и останувам дури и подоцна. Воопшто не ми се оди, зашто знам дека дома ме чека само еден празен стан. Попладнето веќе одамна измина и во глувата квечерина се враќам дома. Влегувам во станот и чувствувам една одвратна самотија. Го палам светлото. Се мислам што е најдоброто нешто што можам да го направам. Одлучувам да излезам некаде, на некое тивко место. Сама.
Влегувам во автомобилот и се возам извесно време без никаква цел по улиците. Почнува да паѓа дожд...Застанувам пред еден ресторан. Влегувам. Се слуша тивка музика...романтична атмосфера. На повеќето маси седат вљубени двојки. Јас седнувам сама. Ми приоѓа келнерот и нарачувам. Опуштена сум сосема и заборавам на се оклу мене.
Во аголот спроти мене, на една маса здогледувам еден човек. Господин. Цело време непристојно гледа во мене. Го свртувам погледот, но тој постојано ми е во мислите. Продолжувам да го игнорирам. Верувам дека ќе се откаже. Потонувам во сопствените мисли, гледајќи ги крупните капки дожд како се слеваат низ прозорецот, бркајќи се една со друга, за да на крајот се слеат во едно...
Го свртувам погледот за да се уверам дека господинот е сеуште таму. Го нема!! Конечно, си велам.
Во тој момент, чувствувам нечија рака и нежен допир на моето рамо. Се свртувам, го кревам погледот и се среќавам со најтемните очи и најдлабокиот поглед што сум ги видела. Тој е... господинот од аголот! Во раката држи црвена роза. Ми ја подарува, придружувајќи ја со неколку комплименти и седнува наспроти мене...без дозвола. Го гледам чудно и збунето.
Започнуваме некоја вообичаена конверзација, која за чудо се одвива некако лесно и пријатно. Убаво ми е, помислувам. Се трудам да ја прикријам нервозата од целата оваа ситуација и да го продолжам времето, барем уште малку. Доцна е. Го повикува келнерот и ја плаќа сметката. Прави да се чувствувам опуштено, како да се знаеме со години.
Ме придружува до автомобилот и влегува, повторно без дозвола. Но јас не се ни трудам да се спротиставам на сето тоа. Ја прифаќам играта ладнокрвно. Возам кон мојот стан. Ме испраќа до вратата и влегува, без дозвола.
Овојпат не го палам светлото. Доволно светлина од уличните светилки влегува низ прозорецот, создавајќи интересни сенки низ собата.
Ме потпира на вратата, полека ми ги слекува алиштата и ме милува по целото тело. Треперам, но не го одбивам. Му возвраќам. Чувствувам дека оваа вечер постелата нема да остане ладна...
Некаде пред зори заспивам. Мојата глава е на неговите гради, а неговата рака е во мојата коса. Спијам мирно и длабоко.
Повторно, како во далечина, го слушам продорниот звук на алармот. Се насмевнувам, но не ги отворам очите. Ја пружам раката на другиот крај од постелата. Празно е... Нема никој. Наеднаш ги отворам очите и скокам од креветот.
Вистина е, нема никој. На перницата до мене, наоѓам црвена роза. Покрај неа стои кратка порака:


" Утринава дознав дека се работи за недоразбирање.
Требаше да се најдам со некој друг.
Извини".

Се викам Роберт...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom