АНТИМАКЕДОНСКИ СКАНДИРАЊА НА ГРЧКИТЕ КОМАНДОСИ НА ВОЕНА ПАРАДА ВО СОЛУН
Македонјија е Грчка, Во вените македонски тече грчка крв, не му го даваме името на Скопје - ова се паролите кои припадниците на грчката специјална воена единица ги извикуваа вчера на прославата на Денот на независноста на Грција.
На воената парада присуствуваше грчиот претседател Карлос Папуљас и седум министри за одбрана од регионот кои биле изненадени од пораките на грчката армија, пишува грчкиот весник Етнос.
И покрај поканата, македонскиот Министер за одбрана, Зоран Коњановски одбил да присуствува на оваа парада. За прв пат грчкиот министер за одбрана Меимаракис упати покана и до турскиот министер за одбрана Гоњул, кој присуствуваше на прославата.
Интересен е податокот што наспрема оваа провокација, помалку контрадикторно,
грчкиот шеф на државата настанот го нарекол нов почеток за балканските земји.
Од македонското МНР засега нема да реагираат на националистичките пораки на грчката армија, но посочуваа дека македонскиот амбасадор во Грција Ханџиски, не добил покана да присуствува на парадата.
Ова е втора година по ред грчките командоси на истата прослава, пред високи странски делегации и целиот дипломатски кор во земјата да скандираат антимакедонски пароли. Досега, Официјална
Атина се нема оградено од ваквите националистички пораки.
Дали ова не реагирање од наша страна значи, неорганизираност, несигурност,страв.......
Заради споредба само ЕДНА КАРТА што се најде на гробот на Гоце Делчев при положуваањето цвеќе од страна на премиерот ,предизвика моментални и бурни реакции на се што е грчко и нестивнуваат реакциите до ден денес.