ПРОТЕСТ ПРОТИВ МЕНУВАЊЕТО НА УСТАВНОТО ИМЕ! ВТОРНИК, 18:00, плоштад МАКЕДОНИЈА!

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
А ти као знаеш кое ќе биде името и знаеш дека ние ќе прифатиме било каов предлог???
Хм.... доста инсајдерски информации :pos2:

Па сигурно нема да биде MACEDONIA,зарем тоа не е доволно?
 
@IOsonoINTERISTA:

Бидејќи гледам 10 страни солиш памет што била добра организација - трк на релеватните сајтови за да се информираш во случај на протести кои се нормални за едно демократско општество кој каква функција има (тука мислам на организаторот, медиумите, МВР и сл.)...

Протестот кој беше најавен на плоштат беше МИРЕН и тука нема простор за дискусија - тоа што некој сака да го прикаже тоа што ПОЕДИНЦИ на нивна одговорност преземале некои активности - има тука МВР задача да си поведе постапка ... и тука завршува приказната.

За другите (да не се почуствува гореспоменатиот директно засегнат:
Порака до милите провокатори на форумов - ако продолжите со вашето однесување ќе следуваат санкции т.е бришење и банирање ... обично јас сум супертолерантен за секое прашање ама ова ваше однесување ги надминива границите ...
 
Интер и Сарма.....ќе ви одговорам на двајцата очигледно нејќете да ме разберете или незнам што е.Нередот и сите тие камења беа испровоцирани од специјалците кои со желба да го растурат мирниот протест проследен со скандирање почнаа со недолично однесување да вреѓаат и на крај ги извадија пендраците.Најодговорно тврдам дека доколку полицијата си ги задржеше позициите немаше да има поголеми нереди.Но тие тргнаа насилно да го растурат протестот по што се јави револт кај младите кои започнаа да фрлаат со се и сешто по кого стигнат.Ете тоа ми беше поентата.Ич немаше да ми биде криво доколку полицијата во неделата го имаше истиот аршин со Албанците.......но за жал го немаше и тоа ме боли како МАКЕДОНЕЦ!!!

делиме неколку мислењеа
Но, прва работа е што протестот не беше најавен дека ќе се одржи пред амбасада. Друго е што јас со мои очи видов, дека летна шише кое мавна во еден фар и тогаш полицијата која инаку седеше пред мене доби на станица наредба да расчистат. Пред мене беше полицаецот го извади пендракот и тргна накај мене. Го пресретнав со зборовите „немој да ме удираш, јас мирно и полека ќе се повлечам, ја слушнав вашата наредба“
И не ме удри, ме погледна и ми рече: „НЕМОЈ ДА МИЛИШ ДЕКА НАС НИ Е ЛЕСНО. МАВАМЕ ПО НАШИ ДЕЦА“
 
Da ve prasam nesto sto ocekuvate vie od nasite mladi da pravat koga gledaat kako teroristite ubicite onie koi napravija etnicko cistenje denenovive proglasuvaat drzava so ognomet a nivnite sosedi od malo im pukaat nad glava i vo po nekoja glava onaka kolku da gi potsetat deka za kratok period oni se na red, sto mislite deka oni ke pravat. Rabotava na balkanov osobeno vo makedonija, kosovo srbija vrie, sekoja prognoza e teska i neizvesna vo sekoj slucaj nasata drzava olicetvoreni od vlasta mesto da se zanimava so prevzemanje vlasta od drzavnite visoki univerziteti neka se podgotvuva voeno zosto po se izgleda toa ke e najpotrebno. I kako sto vikase Tito da se podgotvuvame deka utre ke bide vojna a da spieme kako da nikogas nema da ima vojna.
 
Интер и Сарма.....ќе ви одговорам на двајцата очигледно нејќете да ме разберете или незнам што е.Нередот и сите тие камења беа испровоцирани од специјалците кои со желба да го растурат мирниот протест проследен со скандирање почнаа со недолично однесување да вреѓаат и на крај ги извадија пендраците.Најодговорно тврдам дека доколку полицијата си ги задржеше позициите немаше да има поголеми нереди.Но тие тргнаа насилно да го растурат протестот по што се јави револт кај младите кои започнаа да фрлаат со се и сешто по кого стигнат.Ете тоа ми беше поентата.Ич немаше да ми биде криво доколку полицијата во неделата го имаше истиот аршин со Албанците.......но за жал го немаше и тоа ме боли како МАКЕДОНЕЦ!!!

Тоа што нема ист аршин во државава и во светов и мене ме боли. Секаде владеат двојни аршини а човекот различно реагира на неправди и тоа го разбирам.

Сепак да ти кажам уште ова за специјалците: тие не преговараат, не се договараат и не толерираат многу-многу. Обичната полиција да. Специјалците тепаат. Некогаш малку, некогаш по многу. Кога ќе дојдеш другпат во блиска средба со нив, имај го ова на ум. Од нив не барај демократија и разбирање, тие не се повикани за тоа. Тие едноставно одат кај што се повикани и извршуваат наредба. Сигурно имале проценка дека работите можат да ескалираат штом ве растерале.

Тие не се виновни што никој не им дал наредба да одат кај што се пукало и да ја средат работата. Ова е од причина штотаму ќе дојдеше до сериозни инциденти и веројатно човечки жртви ако имаше интервенција, ама во тоа да не навлегуваме. Важно е дека тие да добиеле таква наредба ќе ја извршеле. Тие извршуваат задачи и тука нема лутење.

Ова од лично искуство за тие што не знаат: кога ќе се појават специјалците, журката е при крај.

И така... ај доста е, ќе не раздени...

едит:
цитат од сарма:„НЕМОЈ ДА МИЛИШ ДЕКА НАС НИ Е ЛЕСНО. МАВАМЕ ПО НАШИ ДЕЦА“
истото го викаа и многу специјалци во блиската средба од пред неколку години. повеќе колку да си ја завршат работата и ради ред. недај боже да се стварно сериозни...
 
Јас би рекол дека и организаторите и демонстрантите и полицијата одлично си ја завршија својата работа,па дај бе мајкаму бидете еднаш реални во животот,се работи за името на државава а не за името на кучето од соседот.На такво нешто никој не смее да седи со скрстени раце и да чека без емоции што ќе се случи.
 
За крај ќе напишам, друг пат кога ќе огранизираме протести треба да се направи здрав договор. Не е организирање на протест само да се пратат милион маилови насекаде.
Организација и тоа цврста како челик и е потребна на оваа младина која инаку веќе одамна е национално будна.

Пример:

УПОЗ (ова синдикатов на судскава администрација) 5 дена го највавуваше денешниов штрајк и на крај доби преговори со владата со само пола саат шетање по градот. Немој сеа некој да ми каже „е друго е плата друго е име„, бидејќи јасно ми е тоа, а идејта ми беше да потенцирам само како се организира протест, без разлика што е барањето во него.

добра ноќ драги форумџии простете ако некого налутив само го кажував своето мислње.
Поздрав
 
Биди поздравен и сети се пред спиење дека ова беше само увертира во протест.Протестите можат да бидат многу,ама ептен многу порадикални особено доколку се работи за одземање на основното човеково право кое дозволува секој да си се нарекува како што сака.
Во светот гинат луѓе за нацртана карикатура,а ти овде ни кажуваш дека протестите требало да бидат мирни иако ни го сменувале името,ајде те молам.............
 
@IOsonoINTERISTA:

Бидејќи гледам 10 страни солиш памет што била добра организација - трк на релеватните сајтови за да се информираш во случај на протести кои се нормални за едно демократско општество кој каква функција има (тука мислам на организаторот, медиумите, МВР и сл.)...

Протестот кој беше најавен на плоштат беше МИРЕН и тука нема простор за дискусија - тоа што некој сака да го прикаже тоа што ПОЕДИНЦИ на нивна одговорност преземале некои активности - има тука МВР задача да си поведе постапка ... и тука завршува приказната.

За другите (да не се почуствува гореспоменатиот директно засегнат:
Порака до милите провокатори на форумов - ако продолжите со вашето однесување ќе следуваат санкции т.е бришење и банирање ... обично јас сум супертолерантен за секое прашање ама ова ваше однесување ги надминива границите ...

Само на почетокот кажав околу организацијата понатаму дискутиравме за инцидентот пред амбасадата.

Не е важно дали бил уредно или неуредно пријавен, тоа се формалности. Не се сомневам дека организаторот си ја завршил таа работа.

Важно дека беше избрзано организиран, немаше авторитетни говорници кои ќе им се обратат на присутните и кои ќе им укажат на последиците од вакви дејствија и да не редам сега... Сигурен сум дека организаторите имале најдобри намери ама протест кој ќе заврши вака не може да се нарече успешен. За штетата од истиот утре ќе слушате по телевизиите. Покрај проблемите пред амбасадата, излезе и клипче со многу “сочни“ извици кон Грција. Тоа е исто од учесниците (можеби и некој од организаторите, незнам). Мислите дека од таквиот примитивизам ќе имаме корист. Сте направиле нешто паметно?

И дискутираме, не солиме памет. Ако има работи што не сакате да ги слушнете, жал ми е...
 
Дечки, секоја чест за организираното на плоштад. Го гледав Серпико на Тв, се беше супер. Ќе беше уште поарно ако не беше каменувањето..
АБЦ, протестот беше најавен како мирен и цело време се повторуваше дека ќе биди мирен.
 
Практично не можам да си легнам а да не ти одговорам ABC

Го поддржувам секој протест дури и како што веќе неколку пати кажав му пратив порака на авторот на темава со моја мсн адреса, му понудив безрезервна поддршка и помош.
Бидејќи сум новинар, мислам дека можам многу да помогнам посебно околу PR на овој настан. Ако ни го сменат името спремен сум да протестирам, но наместо да мавам со камења јас ќе штрајкувам со глад пред Собранието или Владата. Според мене, тоа се демократски и цивилизирани методи. Кршење и палење се слики кои никако не одговараат на она што светот го нарекува ЦИВИЛИЗАЦИЈА
Поздрав
 
дечки ве читам од осум навака се што имате изнапишано и аман само немојте да се изедеме помеѓу нас...
тоа што се случи...се случи...јебига...реков уште на првата страна на темава мора да има организатор кој би ги сносил и последиците ако нешто тргне наопаку...во случајов би требало да е ок за серпико и невладинава бидејќи во протестов во најавава не беше спомнато ништо зза амбасадата...

бтв кај е серпико??????????????????????????????????????????????????

и мн ме боли кога читам за тоа кичево што било...мамето...

мораме да се организираме уште еднаш ама подобро и цела македонија да ја кренеме на нозе...
 
А што требаше да направи организаторот ?
Јасно беше кажано дека е МИРЕН ПРОТЕСТ НА ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА а тоа дека хулигани се оделија и покажаја дека се јаки ( глупи ) не е никаква вина на сеприко
Срамота !!! :nerv:
 
Добро утро!
Повторно БРАВО ! на сите учесници . Младите Македонци докажаа дека се способни и дека се грижат за иднината на МАКЕДОНИЈА .
Низ форумот се движат и непријателски тонови од ПРЕДАВНИЦИ.
Македонци во вистинско време излеговме и кажавме :

НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА СИ ПОИГРУВА СО НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ
НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА ГИ ГАЗИ ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА
НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА НЕ УЦЕНУВА
ЗА ЦЕЛ СВЕТ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom