Интер и Сарма.....ќе ви одговорам на двајцата очигледно нејќете да ме разберете или незнам што е.Нередот и сите тие камења беа испровоцирани од специјалците кои со желба да го растурат мирниот протест проследен со скандирање почнаа со недолично однесување да вреѓаат и на крај ги извадија пендраците.Најодговорно тврдам дека доколку полицијата си ги задржеше позициите немаше да има поголеми нереди.Но тие тргнаа насилно да го растурат протестот по што се јави револт кај младите кои започнаа да фрлаат со се и сешто по кого стигнат.Ете тоа ми беше поентата.Ич немаше да ми биде криво доколку полицијата во неделата го имаше истиот аршин со Албанците.......но за жал го немаше и тоа ме боли како МАКЕДОНЕЦ!!!
Тоа што нема ист аршин во државава и во светов и мене ме боли. Секаде владеат двојни аршини а човекот различно реагира на неправди и тоа го разбирам.
Сепак да ти кажам уште ова за специјалците: тие не преговараат, не се договараат и не толерираат многу-многу. Обичната полиција да. Специјалците тепаат. Некогаш малку, некогаш по многу. Кога ќе дојдеш другпат во блиска средба со нив, имај го ова на ум. Од нив не барај демократија и разбирање, тие не се повикани за тоа. Тие едноставно одат кај што се повикани и извршуваат наредба. Сигурно имале проценка дека работите можат да ескалираат штом ве растерале.
Тие не се виновни што никој не им дал наредба да одат кај што се пукало и да ја средат работата. Ова е од причина штотаму ќе дојдеше до сериозни инциденти и веројатно човечки жртви ако имаше интервенција, ама во тоа да не навлегуваме. Важно е дека тие да добиеле таква наредба ќе ја извршеле. Тие извршуваат задачи и тука нема лутење.
Ова од лично искуство за тие што не знаат: кога ќе се појават специјалците, журката е при крај.
И така... ај доста е, ќе не раздени...
едит:
цитат од сарма:
„НЕМОЈ ДА МИЛИШ ДЕКА НАС НИ Е ЛЕСНО. МАВАМЕ ПО НАШИ ДЕЦА“
истото го викаа и многу специјалци во блиската средба од пред неколку години. повеќе колку да си ја завршат работата и ради ред. недај боже да се стварно сериозни...