ПРОТЕСТ НА УКИМ!

Токму ова мислам дека е и суштината на темава.

Обидите за импутирање на политички позадини за тоа кој стои или кој седи позади протестите, се веќе видени сценарија.

Епа тоа е проблемот.Демек еве опозицијата е вмешана.

Ама ајде,велеа знаењето е сила знаењето е моќ...а во пракса го кочат.

Или најверојатно нивното знаење се претвори во моќ.....која корумпира,обратно од тоа што треба да го прави.

Ајде се фрлаа пари на секаде а за студентите ништо.

Не е работава за ваучери налет нека се.

Нели ќе беше подобро секој родител да може да му купи компјутер на своето дете.

Нели ќе имаше инвестиционен БУМ.

ама испадна Циууууу:toe:

Вака,онака таква е реалноста и тука нема што-тешка бирократија,има пари за вработено невработени,а сега тука вршат саботажа на студентите.
 
Абе вие на УКИМ, имате некакви медиуми и зошто не? Ова само чисто информативно. :smir:
 
Неможам да сфатам како може поважно да е кој го организирал протестот од тоа зашто бил протестот:toe:
 
Неможам да сфатам како може поважно да е кој го организирал протестот од тоа зашто бил протестот:toe:

Важно е, како не е. Доколку зад организацијата стои политичка партија и нејзини структури, протестот сигурно не бил за да се обезбедат права на студентите, туку да се искористи во политички цели. Мислиш ним им е гајле за студентите? Ако им беше гајле ќе направеа нешто за студентите, и едните и другите биле на власт, така да и и овие и другиве имале време и власт, но немале желба, т.е. баш ги здоболело. Кога се во опозиција сите политичари се грижат за правата на народот, но кога дојдат на власт добиваат амнезија. Овие протести се само уште едно ебавање и искористување на група на граѓани, во случајов студентите, за политички цели. Се додека народот сам не се организира да протестира и стане имун на заведувањето од страна на било која партија, ништо нема да добиеме. Ќе помине галамата околу преговори незнам што, ќе заборават и тие организатори на студентите. Веќе видено, клише стана. Незнам како некои сеуште дозволуваат да видат заведени и искористено. Значи, протести да, но протести од студентите за студентите, не за нечии дневно политички игри и цели.
 
а што ако ти кажам дека во организацијата беа и членови на вмро и на сдсм и непартиски одредени и договорено е сами да дејствуваме со свој глави а политичките партии да ги оставиме зад нас???ЗНАЧИ БАРАМЕ ПРАВА ЗА СИТЕ БЕЗРАЛИКА КАКО Е ОБОЕН ИЛИ ОД КОЈА НАЦИОНАЛНОСТ Е... што ќе кажеш на тоа, но не пак ќе се фатите сдсм организирала,па јас ќе ти кажам вмро намерно го истакнаа знамето на сдсм за да речат е видете сдсм ги буцка,ама тоа е кај нас да се уништиме меѓусебе,на тоа ќе профитираат партиите а НИЕ?
 
А како предлагаш ти да се организираат тие непартиски протести? Кога 40 проценти од студентите се во партија? Дали тоа значи дека тие немаат право да го изнесат своето незадоволство од некакви услови? Ама воопшто не е битно од кој се организирани протестите туку, битно е што се бара!
 
Битно е тоа што се бара, колку ќе се добие и дали ќе успее да се добие. Само така сите останати можни сценарија ќе паднат во вода или пак ќе се потврдат. Треба реално да се признае дека зад секој неуспех на вакви протести стојат внатрешни кртови во самата организација. За жал засега... абе многу кртици внатре?
 
А како предлагаш ти да се организираат тие непартиски протести? Кога 40 проценти од студентите се во партија? Дали тоа значи дека тие немаат право да го изнесат своето незадоволство од некакви услови? Ама воопшто не е битно од кој се организирани протестите туку, битно е што се бара!

Секако дека најважно е што се бара. Но да земеме пример од протестов. Излегоа слики од организаторите, партиски знамиња на протестот...и поради тоа тој пропадна. Тоа им е алиби на оние од власта - протестот беше партиски. Од друга страна имаш право, 40% па и повеќе од студентите се дел од партии. Како и целиов народ наш. Тоа е еден од проблемите на транзицијата, во такви бедни услови за живот какви што не снајдоа, наоѓавме месии и спасители во политичарите и народот се подели. Се е исполитизирано во државава. Знам дека партиски обоените полесно ќе дојдат до кревет во домовите, знам дека истите имаат повеќе шанси да добијат работа во администрацијата. Во меѓувреме партиите ќе манипулираат со нас за нивни цели, давајќи им алиби на оние кои владеат. Истото го правеа и двете гарнитури - пример Светлина она што беше против продавање на ЕСМ. Истото алиби го употребија СДСМ тогаш, истото алиби го употребуваат и ВМРО сега - а народот повторно со празни раце на крај.
 
Важно е, како не е. Доколку зад организацијата стои политичка партија и нејзини структури, протестот сигурно не бил за да се обезбедат права на студентите, туку да се искористи во политички цели. Мислиш ним им е гајле за студентите? Ако им беше гајле ќе направеа нешто за студентите, и едните и другите биле на власт, така да и и овие и другиве имале време и власт, но немале желба, т.е. баш ги здоболело. Кога се во опозиција сите политичари се грижат за правата на народот, но кога дојдат на власт добиваат амнезија. Овие протести се само уште едно ебавање и искористување на група на граѓани, во случајов студентите, за политички цели. Се додека народот сам не се организира да протестира и стане имун на заведувањето од страна на било која партија, ништо нема да добиеме. Ќе помине галамата околу преговори незнам што, ќе заборават и тие организатори на студентите. Веќе видено, клише стана. Незнам како некои сеуште дозволуваат да видат заведени и искористено. Значи, протести да, но протести од студентите за студентите, не за нечии дневно политички игри и цели.
Абе вол!!!Тие што протестираа беа студенти!!!!!Се борат за она што им следува!!!ти ако беше доволно човек ке излезеше да видиш кој беше, и што беше и која беше целта.а не како мајмун блееш пред сител и коментираш после. Студени беа сите, сите беа со свое мислење.Ако ти си толку необразован и глуп, па може да те управува политичка партија, постојат студенти што знаат самите да си определат што сакаат и зошто!!!Срамота
Со вакви идиоти, како тебе и уште некој повеќе од јасно е дека државата пропаѓа..Нека ви е со среќа
 
Леле шо закон коментари читам! Мх, мх, мх. Македонче менталитет пар екселанс.

Значи, вака. Протестот е у спремање веќе подолго време, јас сум еден од дечките што помага во организирањето, (не сакам да го користам зборот организатор пошо сите сме задолжени за нешто и главната идеа е да немаме лидери и овчари дека сите сме студенти и сите сме еднакви) па од старт можам да ви кажам дека ние не зависиме од ама баш никој. Ниедна партија не сакаме, ни една организација, никакви движења и проекти и невладини. Тоа е првобитната поента, да настапиме како аморфна маса.

Јас сум лично презадоволен од протестот, имаше 300 души преку сила, ама Сител ко сител, не снимаше кога бевме 15 души и рекоа дека протестот е од ЕсДеЕс, што, воопшто не сум шокиран, сметајќи го непостоечкиот кредибилитет на стандард на фацки ко Латас.

Друго, пичињата си се пичиња и пичиња ќе останат. Упаднавме на сите факултети, пичињата си тргаа сеир и се смееја и не сакаа да се симнат, иако гледаа дека сме огромна толпа, па неколку пати ги попцув у лице и тоа многу добро ми легна на душичката. :)

Трето, многу ме израдува стравот и очајноста на вмровските војничиња на Самоил. На двапати имаше едно кутро детенце шо извади СДС знаме сакајќи да го снимат, добро што го спречивме, се уплаши малото "Ама ја не знам, ја само го најдов!" Ќе се расплачеше, за жалење. Тоа е направено од две причини.

1) Да кажат дека протестот е партиски па да ја разводнат целата ствар, па да искочиме и ние партиски полтрончиња ко нив
2) Дечкото да изедеше ќотек па после да кажат дека имало инцидент и дека ние сме биле нецивилизирана маса на варвари собрани од улица.

За среќа не им успеа ништо, бидејќи ние нашиот труд најмногу го посветивме на тоа. Да бидеме спремни на сите провокации и лајнојадечки способности на Македончето.

Секако, не застануваме тука. Следува прес, па наредна акција а студентите шо ќе останат у Скопје преку летото ќе фураат акции и за овде.

А да, зашо сеа при крај. Па пошо на 24ти е 60 годишнина на УКИМ, па сакавме убаво да го обележиме. Simple as that.

Само потсетување пред неколку месеци ... протестот

Читајте болд внимателно !
 
едно од барањава е како што видов на фб

* Бесплатно здравство за студентите!

само да прецизираа и за оние на квадрат куб, или вечни апсолвенти се бара ?

ова ќе падне на уставен гарант..дискриминација бе брат )))
 
едно од барањава е како што видов на фб

* Бесплатно здравство за студентите!
Желбата им е исполнета :)

Освен се разбира доколку Груевски не мисли да им ја ускрати ова привилегија, бидејќи меѓу нив има и такви кои (пази) со цел памет се дрзнале да бидат симпатизери на опозицијата.

Цццц...
Пази болен народ!
Абе има или да бидеш за влада и да ќутиш и коа ти се вика, или нема бесплатно здравство за тебе.
Kој те дрибла, шо вели rymz.
 
а бе не знаеле овие од СДММ дека е донесена одлука за беспалтно здравство изгледа?
 
а бе не знаеле овие од СДММ дека е донесена одлука за беспалтно здравство изгледа?
Ама и ти не знаеше...признај :)

А знаеш зошто ?
Затоа што одлуката се донесува по трети пат, а бесплатно здравство сеуште нема.:tv:

Сеа јасно ти е за што протестираат студентите ?
 
Ама и ти не знаеше...признај :)

А знаеш зошто ?
Затоа што одлуката се донесува по трети пат, а бесплатно здравство сеуште нема.:tv:

Сеа јасно ти е за што протестираат студентите ?

како бе не знаев ))), јас предод дома да излезам се брифирам за преродбата, башка тоа пред дуќан во мала им расправав за тоа..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom